Трикови за подобро фотографирање градби

Трикови за подобро фотографирање градби

Фотографирањето на знаменитостите на вашите патувања најчесто резултира со не многу импресивни слики, кои служат само колку да се знае дека сте отишле некаде. Но, ако ги следите овие неколку трикови, сликањето на зградите кои ве импресионираат, било да се во вашиот град или некаде надвор, ќе биде позабавно и резултатите ќе бидат значително подобри.

Трикови за подобро фотографирање градби

Фотографирајте од повеќе агли

Препознатливиот преден дел на зградата не мора да биде вистинскиот кадар. Кружете околу архитектонското здание кое е ваш интерес и сликајте од што е можно повеќе агли. На тој начин на една фотографија можете да ја истакнете формата, а на друга фасадата, некогаш и ненамерно. Како и да е, ќе имате интересна фотографија.

Трикови за подобро фотографирање градби

Одлучете која е целта на фотографијата

Фотографијата ќе ви служи како спомен. Затоа мора да решите дали сакате таа да изгледа како разгледница, како уметничко дело или сакате да го доловите амбиентот во околината. Сликањето на зградата само по себе може да изгледа едноставно, но ако сакате да да го внесете гледачот во случувањата во моментот на фотографирањето, тогаш покрај неа треба да вклучите и луѓе и сè што може да придонесе кон тоа.

Трикови за подобро фотографирање градби

Внимавајте на светлото

Една зграда може да делува различно во различен период од денот поради аголот под кој сонцето ја осветлува. На пладне таа е најдобро осветлена, но сенките при изгрејсонцето и зајдисонцето додаваат драматика, додека ноќните светла даваат величественост. Затоа, доколку можете, фотографирајте во различни делови од денот. Ќе бидете изненадени колку ќе се разликуваат фотографиите една од друга.

Трикови за подобро фотографирање градби

Зумирајте

Архитектурата располага со многу детали кои најчесто не се видливи со голо око од далечината од која ги гледаме. Затоа зумот може да заврши одлична работа и да истакне некој детаљ за кој во прв момент не знаете ни дека постои.

Трикови за подобро фотографирање градби

Излезете надвор од рамките

Кога вообичаеното овековечување на моментот со помош на фотоапарат ќе стане предвидливо и неинтересно, обидете се со несекојдневен пристап. Обидете се преку кадарот да кажете нешто повеќе за самата архитектура. Разгледајте ја околината и додадете дел од неа во самата фотографија, така што тоа ќе раскаже сосема поинаква приказна од онаа со едноставното фотографирање зграда.

Трикови за подобро фотографирање градби

Сликајте во црно-бела техника

Доколку сликате некоја шарена куќа тогаш морате да ги истакнете боите, но ако прикажувате сива конструкција обидете се да додадете драматичност со црно-бела техника.

Трикови за подобро фотографирање градби

Играјте си со правилото на третини

Ова едноставно правило помага во креирањето на неверојатни фотографии. Но, понекогаш можете да отстапите од него за да направите нешто поинтересно. Наместо да ги поставите објектите прецизно во нивните полиња, пробајте малку да ги изместите и фокусот да го поставите во некој несекојдневен дел од сликата. Ќе добиете многу интересни резултати.

Трикови за подобро фотографирање градби


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар