Телефон кој се полни со телесна топлина
Што ако вашиот мобилен телефон може да се полни додека се наоѓа сместен во вашиот џеб неколку часа? На тоа се заснова Nokia E-Cu концептот, развиен од страна на Британскиот дизајнер Патрик Хајленд. Името на концептот доаѓа од зборовите environment (околина) и copper (бакар).Телефонот се карактеризира со бакарно куќиште и термогенератор во внатрешноста кој топлинската енергија ја претвора во електрична.Надворешниот дизајн на телефонот се одликува со гравирани топлотни процепи кои симболизираат ефект на пресушена земја како резултат на загревањето на животната средина.Годишно, непотребните полначи за телефони создаваат 51 000 тони отпад, покрај создадената количина на карбон диоксид од произведувањето на електрична струја која била потребна за да се наполнат.Телефонот може да се полни во џеб или пак од кој било извор на топлина, на пример поставувајќи го на радијатор.
ich ne mi se dopagja..ali dobar moment so telesna toplina sho se puni..duri ako iam temperatura mozham da im naplakjam – polnam mobilni za 10 minuti 😀