Станете гуру за лозинки: Како да имате максимална заштита на вашите профили?

Станете гуру за лозинки: Како да имате максимална заштита на вашите профили?

Колку е побезбедна лозинката, толку се помали шансите некој да ви ги пробие разните кориснички сметки на интернет. Таа е последниот ѕид кој натрапникот треба да го помине за да влезе онаму каде што не му е местото, а во тоа ќе го спречите доколку ги следите овие совети за создавање на безбедни лозинки.

Како да создадете безбедна лозинка?

1. Смислувајте „силни“ лозинки

Повеќето сајтови ќе ви кажат дали лозинката ви е доволно добра уште во моментот кога ќе ја одбирате. Генерално, за силна лозинка се смета онаа која содржи големи и мали букви, броеви и други знаци. На пример, вашето име и презиме или телефонскиот број не се доволно силна лозинка, но акроним од првите букви на вашата омилена песна веќе е друга приказна.

2. Не користете неуниктани лозинки

Многу профили биле хакнати затоа што корисниците го олесниле тоа избирајќи некоја од најлошите лозинки на светот. За некои луѓе безбедносен ѕид претставува „password”, за други телефонскиот број или своето име додавајќи „123“. Ваквите лозинки пречесто се користат и не мора некој да е искусен хакер за да ја открие и да се послужи со вашиот профил.

3. Погледнете ја листата на 20-те најлоши лозинки

Лозинката Password е навистина лесно да се запамети, но ова не е најважната работа при креирањето на лозинките. Најважна е сигурноста. Според „CM Security“ лозинка од 8 карактери го зголемува времето на пробивање на 8 години, наспроти 41 ден колку што е потребно за пробивање на лозинка со 4 знаци.

4. Тестирајте ја вашата лозинка

Со помош на оваа алатка можете да проверите дали вашата лозинка е доволно силна. Силна е кога ќе се обојат сите 6 ѕвездички.

5. Менувајте ги лозинките

Одвреме-навреме сменете ги лозинките кои ги користите. Тоа е една дополнителна мерка за безбедност. Исто така користете различни лозинки за различни кориснички сметки.

6. Користете LastPass

LastPass е екстензија за прелистувачи за која треба да запаметите само една лозинка, а потоа таа ги памети сите други ваши лозинки за вас. Притоа, прави и други безбедносни проверки и ви кажува кои лозинки треба да бидат посилни, кои сајтови биле хакирани и дали ви треба промена на лозинката. Тоа ви овозможува да користите различни лозинки за различни кориснички сметки и да не се мачите да ги памтите сите.

7. Како да создадете добра безбедна лозинка која лесно ќе ја паметите?

Најдобри се лозинките кои се составени од големи и мали букви, броеви и симболи. Кога овој принцип ќе го примените на вашите омилени работи, спомени, филмови, песни итн. силната лозинка е неизбежна. Така, на пример, ако ја сакате сината боја и сте фан на „Господар на прстените“, вашата лозинка може да ја склопите така што ќе кажете дека сакате сина боја, потоа ќе ставите некој симбол, па акронимот од името на филмот кој ќе почнува со голема буква. Тоа би изгледало вака:

sakam sina boja & Lord of the Rings → ssb&LotR

Така изгледа вашата силна лозинка која тешко се пробива.

8. Смислете една добра лозинка и потоа само правете варијации од неа

Доколку не сакате да користите менаџер за чување лозинки, можете да примените друга тактика за креирање и помнење на различните лозинки за различните кориснички профили. Најпрвин смислете нешто уникатно и потоа само прилагодувајте го секогаш на истиот начин. На пр.

radio1#facebook; radio1#twitter; radio1#youtube

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар