Подобрете ја вашата безжична конекција

Подобрете ја вашата безжична конекција

Подобрете ја вашата безжична конекција
Позиционирајте го рутерот правилно

Безжичниот сигнал нема голем дофат и сите ѕидови и поголеми предмети кои му стојат на патот можат да му попречат. Затоа најубаво рутерот  да го поставите некаде централно во вашата куќа, за да го добиете најдобриот можен опсег на сигналот. Бидете внимателни и на мрежите од соседите. Осигурете се дека користите посебен безжичен канал за да ја намалите инференцијата од соседните мрежи.
Подобрете ја вашата безжична конекција

Заменете ја антената на рутерот

Повеќето рутери на пазарот доаѓаат во пакет со мали антени кои се со универзален насочувачки капацитет. Овие антени емитуваат сигнал во сите правци што може да биде одлично доколку сакате да имате интернет низ цела куќа, но сепак нивниот досег е многу мал. Насочувачка антена може многу да го подобри опсегот, насочувајќи го сигналот во правец кој вие ќе го одберете. Овие антени се познати под името „high-gain“ (антени со висока добивка), а засилувањето на сигналот се изразува во децибели.
Подобрете ја вашата безжична конекција

Купете репетитор

Безжичниот репетитор е лесен и сигурен начин да ја подобрите вашата конекција. Репетиторот работи многу слично како рутерот, но наместо да создава сигнал, тој само го пренесува веќе постоечкиот. Лесен е за инсталирање и за него нема потреба од додатни кабли и нова конекција. Повеќе репетитори можат многу лесно да направат куќата или деловниот простор да бидат целосно конектирани.
Подобрете ја вашата безжична конекција

Направете засилувач за антена

Многу е едноставно да направите домашен рефлектор или антена за да ја засилите конекцијата. Со малку пребарување на интернет можете да најдете шаблони и упатства за правење вакви засилувачи со обични материјали, како што се картон и алуминиумска фолија. Тие можат да се употребат во сателитска форма или во вид на кутија од кафе. Во двата случаи, можат многу да го засилат и да го насочат досегот на вашиот сигнал, но резултатот ќе варира во зависност од квалитетот со кои се направени.
Подобрете ја вашата безжична конекција

Надградете го софтверот

Производителите на рутери редовно објавуваат надградби за софтверот (firmware) за вашиот рутер за да можат да ви обезбедат подобри перформанси и пристап до нови функции. Исто така, можете да инсталирате сосема друг софтвер. Постојат голем број на слободни и безбедни алтернативи кои можат да бидат компатибилни со вашиот рутер.
Подобрете ја вашата безжична конекција


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ивчо Reply

    Епа така учете ги како да крадат интернет,па после 25 гига малку биле.

    • Кафе пауза Reply

      Текстот е од информативна и едукативна природа, а кој на каков начин ќе го примени прочитаното е веќе прашање на личен избор.

  2. sime Reply

    не бе зашто топ е постов баш барав како да го зголемам опсегот на wifi за да стигне од 1ви до 5 ти

  3. Васко Reply

    Одличен и едукативен пост.

Остави коментар