Пауза за WC: апликација која ви најавува кога доаѓаат досадните сцени од филмот

Пауза за WC: апликација која ви најавува кога доаѓаат досадните сцени од филмот

Некои од новите филмови кои моментално се прикажуваат во киносалите како што се „Хобит“, „Џанго Разузданиот“, „Животот на Пи“ или „Скајфол“ траат по повеќе од 2 часа, а тоа е преголемо искушение за мочниот меур после толку испиени сокови, вода и изедени пуканки.

Пауза за WC: апликација која ви најавува кога доаѓаат досадните сцени од филмот

Крај на овој проблем става новата мобилна апликација „RunPee“ која на корисниците им овозможува да истрчаат до тоалетот, токму во моментот кога настапува најнеинтересниот дел од филмот.

Пауза за WC: апликација која ви најавува кога доаѓаат досадните сцени од филмот

Освен тоа што оваа апликација идентификува сцени во траење од 3 до 5 минути, кои не се нешто многу интересни поради што можете безгрижно да тркнете до веце, истата и ви прераскажува што се случило на големото платно додека не сте биле во киносалата, во форма на кус синопсис.

Пауза за WC: апликација која ви најавува кога доаѓаат досадните сцени од филмот

За филмовите коишто траат 90 минути, имате една брза пауза, а за оние коишто траат преку 2 часа имате и до 3 паузи.

Апликацијата „RunPee“ е достапна за Епл, Андроид и Виндоус телефони, а чини 0,99 долари од официјалниот сајт.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар