Претходно
Овошни часовници за подобро расположение
Датум: 16 апр 2011
Коментари: 0
Што велите за нешто различно, освежувачко, забавно и модерно на вашиот рачен зглоб? Ако сте за, вам дефинитивно ќе ви се допаднат часовниците Fruitz.

Концептот за овие часовници се појави во 2007 година, со цел креирање на колекција модерни, забавни часовници во боја кои можат да влијаат на расположението и чувствата преку т.н. технологијата на природна фреквенција.

Часовниците добија огромно внимание од јавноста. Тие предизвикаа позитивни реакции од многу модни и здравствени организации и беа тема во познатите списанија како Вог, Ел, Гламур, Прада итн, каде беа промовирани како часовници од кои ќе искусувате помалку стрес, подобар сон и подобрена фокусираност.


Истовремено, како што телото на човекот има придобивки од витамините кои ги внесува преку овошјето, науката вели дека може да се постигнат исто толку придобивки при носење овошен часовник, базиран на технологијата на природна фреквенција. Оваа технологија всушност се поврзува со индивидуалниот биоритам и енергетското поле на оној којшто го носи часовникот. Таа му кажува на телото да се релаксира, изложувајќи го вашето био-поле, главното енергетско поле кое ги регулира функциите на телото, на главните фреквенции и информации.


