Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

Во овие бурни денови кога е речиси невозможно да се негираат стравот и вознемиреноста, треба да се најде начин да се остане смирен.

Реалноста е неизвесна и прилично застрашувачка и деновиве сме сведоци на целосно разорни настани. Со цел да ги свртиме мислите и вниманието од сите новости што ги читате во моментов, избравме неколку апликации кои нудат методи за релаксација. Затоа, одвојте неколку минути и посветете се на вашиот ум и на внатрешниот мир.

Inscape

Оваа апликација е создадена како продолжение на идејата за студио за медитација во Њујорк, кое користи различни методи за да ги доведе своите членови во состојба на релаксација. Следејќи го истиот принцип, тие дизајнираа апликација во рамките на која можете да најдете водичи преку медитација, сесии за спиење, начини за намалување на стресот, па дури и музички плејлисти за релаксација.

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

Smiling Mind

Oваа апликација e развиена од психолози и едукатори и нуди широк спектар на програми за сите возрасти. Ако се чувствувате загрижени за коронавирусот или вашите деца се чувствуваат под стрес поради нарушувања во нивниот секојдневен нормален живот, ова е апликација што ќе има решенија за целото семејство.

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

Inside Timer

Оваа апликација ви овозможува пристап до над 30 000 сесии за секој вид емоции. Исто така, тaa нуди релаксирачки песни, детски оддел и терапевтски разговори, како што се oд индискиот јоги Садгуру и психотерапевтот Ентони Де Мел. Многу познати личности, исто така, ги споделуваат своите искуства.

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

My Life

Секој пат кога ќе стартувате апликација, таа ве поканува да кажете како се чувствувате. Пополнувате едно истражување брзо што ве води кон избор на медитации приспособени на вашите потреби тој ден.

Неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате

Прочитајте и за овие 5 апликации кои ќе ви помогнат да спиете подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар