Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 7

Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 7

Корисниците на оперативниот систем Виндоус 7 знаат колку е тој практичен и едноставен за користење, но истовремено сигурно се фрустрираат поради некои нелогични ограничувања. Така, многу е фино што можете да ги закачите (pin) вашите често користени апликации на таскбарот, но ако се обидете да го направите истото со некоја папка, за жал при повикувањето ќе го добиете само основниот прозорец на Виндоус експлорер.

Овој мал трик ќе ви помогне да го забрзате пристапот до често користените папки. Ние пробавме со папката Кафе пауза… секако 🙂Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 71. Најпрво лоцирајте ја папката за која сакате да креирате шорткат од тастатурата.

2. Кликнете со десен клик на папката и од помошното мени изберете Send to –> Desktop (create shortcut).

3. Сега минимизирајте ги сите отворени прозорци и лоцирајте го новокреираниот шорткат, кој во нашиов случај се вика „Кафе пауза – Shortcut“. Доколку сакате, името можете да го промените.

4. Кликнете со десното копче на глувчето врз иконата, изберете Properties и останете на табот Shortcut.

5. Во полето Shortcut key последователно стиснете неколку копчиња од тастатурата, на пример Alt + Shift + K и на крајот кликнете OK.

6. Сега, секогаш кога ќе сакате да ја отворите папката, дури и без да ги минимизирате отворените прозорци, треба само последователно да ги притиснете претходно зададените знаци од тастатурата. Прозорецот од оваа папка ќе се отвори врз сите останати.

Овој трик е применлив и за апликации. Пробајте!
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Caci Reply

    Znaci ovaa opcija ja ima od Windows XP pa navamu!!!

    • Кафе пауза Reply

      Цаци, советот е во контекст на тоа дека постои ограничување за користење на опцијата Pin за папки во Виндоус 7, наспроти можноста да се примени за апликации. Прочитај го воведот. Без нервози и извичници 🙂

Остави коментар