Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

Паметниот часовник „Neptune Pine“ ќе биде одличен кул гаџет кој секој ќе сака да го има на својот зглоб. Сè што другите компании ветуваа со своите паметни часовници, а не успеаја да го направат, овој часовник ќе го има. Паметните часовници кои веќе се на пазарот, не функционираат самостојно, па морате да ги користите како помошник на вашиот телефон. Но, не и Neptune Pine.

Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

Часовникот ќе има целосно функционален Андроид систем, слот за мемориска и СИМ картичка, па слободно ќе можете да го користите како телефон. Со овој паметен часовник можете да сурфате на интернет, да остварувате видео повици, бидејќи има две камери (задната е 5 мегапиксели) со блиц, да инсталирате апликации и многу други работи.

Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

Единствената мана му се димензиите, бидејќи уредот е нешто помеѓу мал паметен телефон и голем часовник. Сепак, доброто е тоа што може да се извади од ременчето и да се користи како обичен телефон.

Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено

Проектот беше претставен на познатиот сервис „Kickstarter“, а за отпочнување со производство на часовникот беа побарани 100.000 канадски долари. Верувале или не, на скоро два дена до рокот за собирање на сумата, собрани се над 700.000 канадски долари, што значи дека набрзо ќе го видиме овој феноменален паметен часовник на пазарот.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар