Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Иновативниот кујнски систем „V-Motion“ го претвора секој дом во интерактивно опкружување. Благодарение на паметниот механизам, конвенционалната кујна се претвора во кујна на иднината која „оживува“ со само еден допир или движење, па го олеснува секојдневното работење во оваа просторија.

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Кујнските фиоки имаат интелигентен систем за отворање и затворање, кој се активира со едноставен допир од раката или ногата. Така, доколку сакате да ја отворите долната фиока, а рацете ви се зафатени, доволно е да ја допрете со ногата и кујната ќе одговори на вашето барање.

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Користењето на кујната дополнително е олеснето со систем кој на движењето на раката го активира и го подига задниот панел на кујната, а истовремено ја врти чешмата и го вклучува светлото. На тој начин системот обезбедува повеќе простор во кујната и воедно ја прави поуредна.

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Осветлувањето може да се избира на ист начин, со едноставни движења, а исто така овозможено е и внесување повеќе бои: Црвена, жолта, плава и зелена. Системот „V-Motion“ е креиран од еден водечки италијански производител на кујни, познат по елегантниот дизајн и врвната технологија.

Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

Системот е вграден во најновата линија кујни „Genius Loci“, но може да се прилагодува и на други.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар