Како самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?
Добра и стабилна интернет конекција е неопходна во денешно време, но понекогаш знае многу да фрустрира. Таа не е секогаш таква каква што е опишана во договорите со операторите. Проблемот најчесто е во операторот, но понекогаш има ситуации во кои вие самите можете да ја подобрите. Ова се пет работи на кои треба да внимавате за да имате подобра Wi-Fi конекција дома.
1. Ставете го рутерот на високо место
Многумина преферираат да го стават рутерот на подот или на ниска масичка каде што нема да пречи. Сепак, за да извлечете максимум од сигналот кој ви е на располагање треба рутерот да го поставите на некое високо место. Тој оттаму најдобро ќе го шири сигналот.
2. Рутерот сака свој личен простор
Рутерот е како личност која има свој личен простор и не сака да биде вознемируван. Тргнете ги работите кои сте ги оставиле околу него за подобар сигнал. Секогаш внимавајте покрај него да немате метални предмети и жици, ниту апарати за домаќинство како микробранова печка или фиксен телефон затоа што нивните бранови можат да му попречат на Wi-Fi сигналот.
3. Засилете го сигналот со лименка
Доколку имате време, нерви и желба за тоа, една обична лименка како на сликата може да ви помогне да го засилите сигналот. Сепак, имајте предвид дека луѓето добиваат различни резултати од овој трик, од тотален неуспех до целосен успех.
4. Раширете го сигналот подалеку
Контактирајте со вашиот оператор дали може да добиете уред кој може да го прими Wi-Fi сигналот и да го редистрибуира на поголем простор. Ако тие не можат да ви го обезбедат, можете да си купите.
5. Користете два рутери одеднаш
На крајот на краиштата, можете да поставите два рутери во вашиот дом и на таков начин да го засилите сигналот и да ги елиминирате вашите грижи околу интернет конекцијата. Дополнителниот рутер не би требало да биде скап.
Сите овие совети можете да ги видите во видеото кое следува.
Викаат да не ставаме метални работи блиску до рутерот и после лименка нанего ставаат