Јотафон – Првиот смартфон со двоен екран

Јотафон – Првиот смартфон со двоен екран

Јотафон е мобилен уред кој се разликува од сите други по тоа што има два екрани. Креиран е од страна на компанијата Јота која сака со овој уред да им го реши проблемот на сите сопственици на смартфони кои сакаат да читаат е-книги на своите телефони.

Јотафон – првиот смартфон со двоен екран

Читањето книги брзо ја исцрпува батеријата и затоа многумина мораат да купат и Киндл е-читач, чија батерија трае и до 30 часа. Јотафонот ги поседува особините и на смартфон и на Киндл во еден уред. На едната страна има ЛЦД екран на смартфон, ист како и кај сите други смартфони. Од другата страна има Е-Инк екран, погоден за читање книги затоа што не ги заморува очите како ЛЦД екранот и овозможува добра читливост на дневна светлина. Најдобро од сè, промената од ЛЦД на Е-Инк екран ја штеди батеријата. Ова е само првиот ваков уред кој се појавил на светскиот пазар и засега се продава по цена од околу 700 долари.

Јотафон – првиот смартфон со двоен екран Јотафон – првиот смартфон со двоен екран

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар