iPod nano како часовник на вашата рака

iPod nano како часовник на вашата рака

Новиот iPod nano со Multi- Touch технологија е прекрасен малечок гаџет со тенок екран, кој е практичен да го носите секаде со вас. Но, за никогаш да не ви се случи да го заборавите дома, компанијата iLoveHandles неодамна го стави на продажба кожното ременче наречено „The Rock Band“, кое го претвора вашиот iPod nano во дигитален рачен часовник – iWatch (се појави како концепт  пред 5 месеци).

Запознајте се со iWatch

Ременчето има специјален жлеб кој е соодветен за прицврстување на гаџетот iPod nano. Не знаеме колку е удобно, но ременчето навистина го прави ова многунаменско високо-технолошко уретче да изгледа како рачен часовник.

Запознајте се со iWatch

„The Rock Band“ чини 19.95 долари, што е ниска цена доколку одамна сонувате да носите производ на Apple на вашиот рачен зглоб.

Со овој едноставен, но многу креативен изум, не само што ќе имате фенси часовник на вашата рака, туку на истиот ќе можете и да сурфате, да зборувате, да слушате музика и што ли уште не.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ivana Reply

    samo remenceto cini 19.95$ ili se komplet e tolku ?

Остави коментар