Call of Duty: Black Ops
„Activison“ навистина се надмина себеси правејќи го новото неверојатно продолжение од видеоиграта Call of Duty. „Black Ops“ на пазарот се појави на 9 ноември и веќе на првиот ден оствари рекорд – 5,5 милиони копии продадени во САД и Велика Британија (360 милиони долари), надминувајќи ја рекордната заработка од 310 милиони за нејзиниот претходник Call of Duty: Modern Warfare 2 (4,7 милиони копии).
Минимални системски побарувања:
Оперативен систем: Windows XP, Vista или 7 (Windows 95/98/ME/2000 се неподдржани)
Процесор: Intel Core2 Duo E6600 или AMD Phenom X3 8750 или подобар
Меморија: 2GB RAM
Графичка картичка: Shader 3.0 или подобра 256MB NVIDIA GeForce 8600GT / ATI Radeon X1950Pro или подобра
Хард диск: 12GB
DirectX: DirectX 9.0c
Приказната на играта е најдетално осмислена досега, а околу начинот на играње направени се некои благи промени. Сепак, главна улога овој пат се верува дека ќе игра активниот мултиплеер, бидејќи според многумина играта не нуди голема разлика во синглплеер кампањите од нејзините претходни продолженија.
Видеоиграта започнува во 60-тите години на минатиот век, со вас во улога на американскиот специјален оперативец Алекс Масон, кој е измачуван за да биде дознаена неговата улога и поврзаност во контроверзните воени акции, работи на кои тој не се сеќава. Откако му даваат инекција за вистина, Масон открива некои спомени од Студената војна, од Заливот на свињите и Виетнам. Потоа вие играте низ неговите сеќавања, каде повторно го извршувате секој негов потег.Графиката, дизајнот и звукот воопшто не треба да бидат тема на замерки, иако ова продолжение не беше правено во соработка со „Infinity Ward“, туку со студиото „Treyarch“. Во играта се воведени нови оружја и нови возила кои ќе можат да бидат користени од страна на играчите.
Главниот проблем на оваа игра е тоа што можеби премногу се избрза со нејзиното пуштањето во продажба, без комплетно да биде тестирана. Голем број од корисниците останаа разочарани поради техничките пропусти, заради кои на каква било машина оваа игра кочи и сецка. Сепак, деновиве искочи patch кој може да ги среди и покрие овие пропусти, па ќе можете комплетно да уживате во највозбудливата и најдолго очекуваната игра за 2010 година.
Наша оценка: 8.5/10