8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате

8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате

Дали се чувствувате уморно и под стрес? Не сте единствени. Живееме во свет каде што темпото на живот е многу брзо и постојано сме преплавени со информации. Постојано сакаме да сме во тек со настаните и страв ни е да не испуштиме нешто. Трошиме премногу време и енергија обидувајќи се да бидеме во чекор со сè и со сите, па забораваме да се грижиме за себе.

(9)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Иако концептот за смиреност звучи лесно и едноставно, понекогаш е навистина тешко да се примени. Кога не можете да го смирите вашиот ум, медитацијата е добар избор. За среќа, постојат многу апликации кои може да ви помогнат во тоа, а ние ги издвоиме 8-те најдобри.

1. 10% Happier

(1)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk.jpg8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Оваа апликација е совршена за луѓето кои допрва почнуваат да учат за медитацијата. Таа содржи едноставни објаснувања за разните аспекти на медитацијата, како и видеа и интервјуа. На апликацијата ќе најдете и информации од значајни учители и практиканти на медитацијата. 10% Happier е достапна на iTunes и можете да ја симнете овде.

2. Headspace: Guided Meditation

(2)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk

Оваа апликација ќе ви каже кои се најосновните работи за да имате среќен живот. Нејзината цел е да ви помогне да останете фокусирани. Апликацијата ќе ви помогне да имате посреќен живот, како и поздрава врска со другите луѓе. Headspace е достапна за корисниците на iTunes и Android.

3. Stop, Breathe % Think

На оваа апликација многу лесно ќе ја пронајдете сесијата која сметате дека ви е потребна во тој момент. Можете да одбирате според вашата локација, или пак според вашето расположение. Главната цел на апликацијата е да ги поврзе корисниците со нивното опкружување. Таа е достапна за корисниците на iTunes и Android.

4. Room to Breathe Meditation

Room to Breathe ќе ви помогне да ги регулирате вашите мисли и да останете фокусирани. Исто така, на апликацијата има неколку вежби кои ќе ви помогнат да ги намалите стресот и напнатоста. Таа е одлична за почетници кои сакаат да почнат со медитирање. Цената на апликацијата е 0.99 долари и е достапна за корисниците на iTunes и Android.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар