7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

Па, од каде да почнеме? Има толку многу корисни апликации што се достапни и навистина е тешко да знаете што навистина ќе ви треба. Во продолжение следуваат 7-те апликации за Виндоус кои можеби сè уште ги немате откриено, а со сигурност ќе ви го олеснат секојдневниот живот.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

1. Khan Academy

Khan Academy ви овозможува да научите што и да посакате и тоа бесплатно. Библиотеката на оваа апликација содржи повеќе од 6.000 видеа и покрива огромен број области како математика, биологија, хемија, физика па дури и некои општествени науки со туторијали за финансии и историја.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

2. Aerize Optimizer

Зголемете го перформансот на вашиот уред со овој напреден чистач на меморија. Изграден е врз основан на докажани и тестирани техники на оптимизација и подобрувањето на перформансот на вашиот уред е гарантирано.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

3. Duolingo

Научете шпански, француски, германски, португалски, италијански, ирски, холандски, дански и англиски. Забавно и бесплатно.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

4. PicsArt

Креативноста е повеќе од еден обичен филтер за фотографии. Оваа апликација ќе ве обезбеди со сите алатки потребни да ги уредувате фотографиите, фото колажите, да создавате дигитални цртежи и да комуницирате со други креативни луѓе кои решиле да се придружат на мисијата да го разубават светот. 250 милиони луѓе веќе ја имаат симнато оваа бесплатна апликација за моќно уредување на сликите и фото монтажите, благодарение на стотици алатки и ефекти кои можете да ги најдете само во професионални програми како Фотошоп. Оваа апликација ќе ве инспирира да создавате убави фотографии секогаш и секаде. Претворете ги вашите фотографии во уметнички дела и дозволете му на светот да ги открие!

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

5. Seven – 7 Minute Workout Challenge

Не ви треба никаква опрема за вежбање, само неколку слободни минути на ден. Апликацијата се состои од забавни достигнувања и награди за да останете мотивирани. Ќе ви треба само столче, ѕид и вашата сопствена тежина. 7-минутната вежба се базира на научни студии и е дизајнирана на тој начин за да ја извлече максималната придобивка од редовното вежбање за најкраток можен период.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

6. WiFi Analyzer

Оваа апликација ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите со Интернет мрежата и да го најдете најдоброто место за вашиот рутер со тоа што ќе го претвори вашиот уред во вистински аналитичар на безжичната мрежа.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

7. Sticky Notes 8

Со оваа апликација можете да пишувате белешки и да ги погледнувате набрзина на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Можете да закачувате белешки на почетниот екран, да пребарувате белешки и да додавате слики.

7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар