6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов
Брзиот развој на технологијата постојано нуди нови и подобрени модели на лаптопи, но, можете ли да останете во чекор со технологијата? Новиот лаптоп бара инвестирање нова сума пари што не може да си ја дозволи секој. Во продолжение ви прикажуваме неколку додатоци што ќе направат вашиот лаптоп да трае подолго, да ви заштеди време и пари на подолг рок.
1. Масичка за лаптоп со осветлување, наменета за во скут
Оваа масичка со вградена перничка и држач за чаша чини 29 долари. Таа спречува да се изгорите кога лаптопот е во вашиот скут, а нуди и сигурна основа за да не се лизга, ниту пак прегрева.
2. Батерија за замена
Додека некои батерии почнуваат полека да слабеат по 300 циклуси, некои модели траат и до 1.000 циклуси. Сепак бидете сигурни и не дозволувајте да останете без резервна батерија што ќе го ограничи вашето движење.
3. Подлога за ладење
Доколку го користите лаптопот во текот на целиот работен ден, тој најверојатно ќе се загрее по неколку часа употреба. Belkin подлогата за ладење која чини 23 долари е со вграден вентилатор и може да го спречи вашиот процесор од преголемо загревање, што пак може да предизвика проблеми со хардверот.
4. Организатор на кабли
Користењето погрешен полнач за лаптоп може да предизвика проблеми. Бидете сигурни дека секогаш го користите вистинскиот полнач за вашиот модел и не заборавајте правилно да го чувате завиткан. За оваа цел може да ви помогне овој организатор на кабли кој чини 10 долари и е доста корисен.
5. Преносен хард диск
Основното правило за безбедност на секој сопственик на лаптоп е да ги префрли своите податоци на посебен уред, како преносен хард диск. За таа намена може да ви послужи My passport кој може да се најде во различни варијанти и за различни намени. На овој начин секогаш ќе бидете сигурни.
6. Футрола за лаптоп
Зачувајте го вашиот лаптоп од каква било штета со помош на оваа футрола. Достапна е во повеќе бои, не тежи многу и чини 50 долари.