28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонисти

28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонисти

Далтонизмот се појавува кај 1 од 12 мажи, но помалку од 1 од 200 жени. Оваа состојба која е всушност само недостаток во начинот на којшто некој гледа бои, е релативно безопасна. Се разбира, може да биде навистина фрустрирачки да се живее со неа. Поради ова, една 28-годишна девојка од Канада развила специјализиран сет од контактни леќи што можат да го поправат далтонизмот.

28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонисти

Габриел Масон се надевала дека некогаш ќе ги направи леќите уште откако била мала. И самата била добро запознаена со проблемите со видот. Додека била на факултет, студирала хемија, а во 2017-та година ја лансирала компанијата Colorsmith Labs Inc.

Мисијата на Габриел била да развие леќи за коригирање и го направила тоа со помош на научниците од Универзитетот Сент Мери во Халифакс. Сега таа има готов прототип што наскоро ќе биде тестиран на луѓе.

Изумителката се надева дека леќите ќе им помогнат на далтонистите да се ослободат од големите затемнети очила.

„Не секој сака да шета наоколу со затемнети очила. Сите го сакаме Боно, но никој не сака да изгледа како него секој ден.“

Габриел и нејзиниот тим на Универзитетот се во потрага по инвеститори кои ќе го финансираат производството на леќите.

Дознајте нешто повеќе за 4-те видови далтонизам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар