10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Пред 20 години ако некој ви кажел дека ќе го колонизираме Марс, сигурно би му се изнасмеале. Дури и денес многумина се сомневаат во овој подвиг. Елон Маск не само што сака да докаже дека ова е возможно, туку и тврди дека колонизацијата на друга планета е единствениот спас за човештвото. Тој веќе ја започнал својата мисија и секогаш ги споделува новостите со јавноста. Па, погледнете што ни е познато за оваа неверојатна мисија.

1. Мисијата беше најавена во 2016-та година

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Во септември 2016-та година Елон прв пат ја предложи идејата за колонизација на Марс. Неговата цел е да нè направи меѓупланетарна раса. Најголемиот проблем во тој период беше финансиската поддршка на проектот. Една година подоцна тој се врати со разработен проект. За време на презентација на Интернационалниот астронаутички конгрес во Австралија, Елон ја претставил новата идеја со најновото средство за вселенски транспорт наречено БФР. Тој изјави дека за финансирање на проектот направил бизнис план со кој неговото вселенско возило е инвестиција.

2. БФР транспорт

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

БФР е ракета која наводно ќе ги замени Фалкон 9, Фалкон Хеви и Драгон. Иако се очекува ракетата да се истроши со текот на времето, сепак сметаат дека ќе може да направи неколку патувања. Оваа ракета e за повеќекратна употреба, а со тоа се намалува трошокот за други ракети и вселенски возила. Покрај тоа во неа собира 100 патници. Ракетата исто така ќе се користи за лансирање сателити и вселенски телескопи, чистење вселенски отпад и транспорт на товар до Интернационалната вселенска станица. Можеме да очекуваме и летови околу светот кои ќе ги заменат комерцијалните авионски летови.

3. Првата мисија ќе биде во 2022-ра година

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Од Спејс екс најавија дека целта им е да испратат беспилотно летало на Марс во 2022-ра година. Примарна ќе биде проверката на вода и идентификување на потенцијални закани за колонизацијата. Во овој период ќе се постави извор на енергија и инфраструктура за поддршка на живот. Ако сè оди по план ова ќе биде вистински настан во историјата на човештвото. Ако го следат распоредот, леталото треба да се изгради оваа година за да можат да почнат со пробни тестови во 2019-та. Ако леталата се покажат безбедни и достојни за транспорт на живот, следната мисија ќе промени многу. Ќе нè направи меѓупланетарен вид како што Елон замислил.

4. Следната мисија е во 2024-та година

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Во 2024-та година планирано е лансирање на летало со екипаж и товар. Мисијата ќе трае со месеци, но патниците ќе имаат многу место во ракетата. Една БФР ракета има место за 100 луѓе во 40 кабини, големи заеднички простории и системи за забава. Бројот на луѓе во првиот лет не е најавен, но најверојатно ќе станува збор само за астронаути. По пристигнувањето, првите жители ќе изградат нешто што ќе наликува на вселенска бензинска станица и ќе се подготват за идните посетители. Ова ќе биде почетокот на првата база на Марс.

5. Елон има идеја како да го направи Марс погоден за живеење

10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

Засега црвената планета е смртоносна за луѓето. Не можеме да го дишеме воздухот, почвата е отровна, а водата е заробена во мраз под површината. Елон планира да го претвори Марс во планета која би го поддржувала човечкиот живот. Прашањето е како ќе се изведе оваа тераформација. Елон предложил употреба на нуклеарни експлозиви за ослободување на водата, но оваа идеја би имала катастрофални последици за тамошниот живот, ако воопшто го има.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар