10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат - Part 2

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

6. Пумпа за екстракција на течности

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Доколку ве касне змија и не можете веднаш да отидете во болница, овој уред може да ви го спаси животот. Тој е исто така корисен во случај на убод од пчела, оса, комарец или пајак. Пумпата ќе отстрани барем дел од отровот и ќе го намали ризикот од опасно труење.

7. Маска за светлосна терапија

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Оваа прекрасна маска ќе ве поштеди од директното нанесување на маска за лице. Таа има ЛЕД светла внатре: Сини за заштита од бактерии и црвени за намалување на воспаленија. Препорачливо е да ја ставате маската по 10 минути дневно, цел месец.

8. Маска против несоница

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Произведувачите на овој уред ветуваат дека ќе им ги решат проблемите на луѓето кои не можат да заспијат, стануваат анксиозни, премногу размислуваат и губат концентрација поради надворешни дразби. ЛЕД светлата во маската оддаваат блескава светлина што потсетува на сончеви зраци за време на заспивањето. При будењето тие оддаваат нежна, сина светлина.

9. Плочка на која можете да ѝ се јавите

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Доколку некогаш сте ги изгубиле клучевите дома, сигурно сте посакале да можете некако да им се јавите за да ги најдете. Сега постои плочка што ќе ви помогне да ги најдете клучевите. Имено, можете да ѝ се јавите на плочката преку вашиот смартфон. Можете да ја закачите на што било, без разлика дали станува збор за кучешко синџирче, ранец или далечински управувач.

10. Паметен градник што дијагностицира рак на дојка во почетни фази

10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

Овој млад човек од Мексико бил инспириран да создаде „паметен“ градник благодарение на мајка му, која за малку ќе го изгубела животот поради погрешна дијагноза. Градникот се вика EVA и содржи сензори што ја надгледуваат температурата и тежината на градите. Промените на овие параметри покажуваат дека голема количина на крв доаѓа до градите, што значи дека крвните садови „хранат“ нешто друго, најверојатно некој тип рак. Собраните податоци се пренесуваат на посебна апликација која може да ја симнете на смартфон или компјутер.

Во продолжение прочитајте повеќе за тинејџерот кој дизајнирал градник што може да детектира рак на гради.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар