КАФЕ ПАУЗА

Tag: звучници

  • 10 кул дрвени гаџети

    10 кул дрвени гаџети

    Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.rnrnЗа поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.rn.rn

    1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

    rn10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…rn.rn

    2. Слушалки од шперплоча

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.rn.rn

    3. Дрвен УСБ драјв

    rn10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.rn.rn

    4. Вазна од расцепено дрво

    rn10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.rn.rn

    5. Дрвени часовници

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.rn.

    rnrn

    6. Дрвени звучници за мп3 плеери

    rn10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.rn.rn

    7. Дрвен док со звучник за ајпод

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.rn.rn

    8. Дрвена футрола за лаптоп

    rn10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.rn.rn

    9. Дрвено радио

    rn10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.rn.rn

    10. Звучник – дрвено јаболко

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Компанијата „Woouf“ од Барселона, Шпанија дошла до интересна идеја да дизајнира оригинална колекција персонализирани перници за седење. Тие фантастично би се вклопиле во сечиј дом, дури и кога би немале никаква улога на мебел.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnДоколку имате музичко студио или едноставно ја сакате музиката, можете вашата просторија да ја направите многу интересна, доколку си набавите перница која изгледа како пијано, звучник или вуфер. Ако сте голем гурман и сакате да го потенцирате тоа пред вашите пријатели, едноставно купете си хамбургер или еден помфрит и седнете на него. Доколку пак обожавате да патувате, одберете си го куферот кој најмногу ви се допаѓа и седејќи на него, размислувајте каде ќе одите на патување. Има и фотоапарат, на кој можат да седнат љубителите на добрата фотографија.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnОвие дотерани перници, наполнети со морска пена и изработени од многу издржлив материјал, не само што претставуваат место плус за седење во вашиот дом, туку прават секој дизајн на столче да изгледа толку досаден во споредба со нив, гледајќи ги само на фотографии. Нивната оригиналност, ќе го задоволи вкусот на возрасните, исто колку што и на помалите деца. Цената на комфорниве пернички варира од 90 до 275 евра.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Компјутерски звучки што ја менуваат формата

    Компјутерски звучки што ја менуваат формата

    Овие едноставни компјутерски звучници, креација на дизајнерот Карсон Леонг (Carson Leong), се без копче за прилагодување на јачината на звукот. Карактеристични се бидејќи од исправени и тенки, можат да станат широки и сплескани.rnrnКомпјутерски звучки што ја менуваат форматаКомпјутерски звучки што ја менуваат форматаrn

    Едноставно притиснете ги одозгора, на тој начин ширејќи ги сè додека не ја постигнете посакуваната гласност. Но, ако тие почнат да заличуваат повеќе на палачинки отколку на исправени конструкции, тогаш веројатно треба да ги поштедите вашите соседи и да инвестирате во добри слушалки.Компјутерски звучки што ја менуваат форматаКомпјутерски звучки што ја менуваат форматаКонцептот е всушност многу едноставен. Обвивката се лизга по должината на цилиндричен звучник, на тој начин, одредувајќи ја јачината на звукот.

    rnКомпјутерски звучки што ја менуваат форматаКомпјутерски звучки што ја менуваат форматаКомпјутерски звучки што ја менуваат формата