КАФЕ ПАУЗА

Tag: златна

  • 6 начини како секогаш да изгледате занесно во златна боја

    6 начини како секогаш да изгледате занесно во златна боја

    Кога некој ќе спомне „златно“ најверојатно превртувате со очите и не сакате ниту да помислите дека нешто во оваа боја може да го дополни вашиот изглед. Па, таа е толку кич! Сепак, можеби би требало да размислите уште еднаш. Најверојатно имате лоша асоцијација на оваа боја, но доколку е добро комбинирана, златната боја може да изгледа многу отмено и гламурозно, а со самото тоа и вие ќе изгледате како холивудска дива. Па, зошто да не пробате? И не мора да почнете со нешто што изгледа крупно и впечатливо, туку доволно е детаљ за вашата комбинација да заблеска во потполно нов сјај.rnrn1-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Накит

    rnНајблагата варијанта за занесен, „златен“ изглед се секако деталите, односно накитот. Тој не мора да биде толку впечатлив, туку доволно е да изберете тенок, дискретен ѓердан, бразлетна, или ситни обетки, па целиот ваш изглед да стане впечатлив и ефективен. Секако, доколку сте смели, осудете се да ставите и крупни парчиња накит како масивен ѓердан, бразлетна или прстени. Со ваков накит облечете се сведено, за на крај да не добиете претеран ефект.rnrn2-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 3-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    2. Каиш

    rnКаишот во златни нијанси исто така може да биде одличен додаток на едноставните, еднобојни комбинации. Овој детаљ одлично ќе се вклопи со белите фустани, но исто така може да ги „збогати“ и фустаните во некоја друга боја како сината, зелената, жолтата… Исто така, кога станува збор за самата нијанса на златна, можете да ја изберете и онаа „помирна“, светла или нијанса на старо злато.rnrnMicah-Gianneli-Top-Australian-Fashion-Blogger-All-White-Gold-Fashion-Editorial-Streetstyle-Torannce-Mecque-Wanted-Shoes-Fashion-Week-Street-Style5-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    3. Обувки

    rnДобар избор за дамите кои не сакаат толку златни нијанси, но сакаат некако да ги воведат во своите секојдневни комбинации, се обувките. Едноставни златни салонки ќе ви дадат доволна доза гламур и отменост, без разлика дали ќе ги облечете со некој фустан, или ќе ги вклопите со фармерки и обична бела блуза. Тие секоја ваша комбинација ќе ја „зачинат“ на вистинскиот начин. Со нив додајте и накит или чанта во златна боја и – заблескајте!rnrn6-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 7-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    4. Парче облека

    rnДоколку сакате ефективни златни комбинации, тогаш воопшто не грижете се – изберете некое парче облека во оваа нијанса. Без разлика дали станува збор за блуза, здолниште, џемпер или пантолони, нема да погрешите, а ќе изгледате навистина гламурозно. Со такви ефективни парчиња, задолжително облечете нешто попристојно – ако се одлучите за златно здолниште, тогаш блузата нека биде еднобојна или барем едноставна. Секако, понекогаш и многу смелите комбинации се вистински избор за вас доколку знаете да ги комбинирате на вистинскиот начин. Всушност, облечете се онака како што се чувствувате најпријатно.rnrn8-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_ 9-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    5. Дизајн

    rnИ златниот дизајн е добра идеја доколку сакате да ја воведете оваа боја во вашиот стајлинг. Најдобрите комбинации се оние со црно и златно, како и бело и златно. Но сепак, повторуваме, бидете слободни да испробате и нешто посмело доколку сакате да експериментирате со својот стил или пак сте во потрага по комбинација која ќе ве остави без здив. Ако направите ваков впечатлив избор, слободно во својата комбинација додајте и неколку „мирни“ бои за да направите баланс.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERA11-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_rn

    6. Од глава до пети во златно

    rnНа самиот крај, за најхрабрите помеѓу вас, препорачуваме да се облечете од глава во пети во својата омилена нијанса. Изберете впечатлив фустан кој нема да помине незабележано и нека сите очи бидат вперени во вас. Со таквата комбинација вашиот избор нека биде едноставен, пуштена коса, вртоглави потпетици и заводлив, црвен кармин. Секси!rnrnImage by Micah Gianneli and Jesse Maricic - micahgianneli.com13-6-nachini-kako-sekogash-da-izgledate-zanesno-vo-zlatna-boja-www.kafepauza.mk_

  • Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Мистичен есенски тренд: Бои на лакови кои ќе бидат хит за оваа есен

    Златна, црвена, сива или бордо се боите кои се задолжителни за оваа есен за сите дами со стил. Новите колекции на лакови се богати со топли есенски нијанси кои со задоволство ги носиме токму поради нивната грациозност. Оваа сезона може да уживате во лаковите со боја на вино, смарагд или пак сива. Ова се мистичните бои со кои ќе ги украсувате вашите нокти оваа есен.rnrn01-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    1. Златна

    rnВистинска асоцијација за есента е токму златната боја. Во комбинација со некој златен аксесоар украсете ги своите нокти со оваа прекрасна нијанса. Доколку не сакате да ги лакирате сите нокти во златна боја, слободно може да одберете некој нокт на левата и десна рака кој ќе го излакирате во златна боја, а останатите да ги лакирате во друга боја.rnrn2-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    2. Величествена сива

    rnСивата и беж нијансата секогаш одговараат на која било комбинација што ќе ја изберете. Матираната сива боја најдобро ќе ги истакне есенските бои на вашата гардероба.rnrn3-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    3. Смарагдна

    rnВо оваа сезона апсолутен хит е смарагдната боја, но и сите зелени нијанси на лакови за нокти. Немојте да се плашите и испробајте неколку нијанси на темнозелена боја, сепак тие најдобро ќе се вклопат во есенските дождови и есенската идила.rnrn4-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    4. Бакарна

    rnЛакот за нокти во бакарна боја може да ве потсети на 90-тите, а доколку имате потемен тен оваа нијанса совршено ќе ви одговара.rnrn5-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    5. Кралско сина

    rnТиркизните бои од летото сега се заменуваат со темносини нијанси на лакови за нокти. Нијансите потсетуваат на боите на самракот или на темните есенски ноќи кои сите ги обожаваме. Иако оваа нијанса бара повеќе внимание и трпение додека се нанесува, трудот ќе се исплати, бидејќи во секоја дневна комбинација ќе изгледа многу интересно.rnrn6-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    6. Боја на црвено вино

    rnОваа сезона преовладува бојата на црвено вино и бордото. Топли бои која совршено се вклопува со зелената, црната или кафеавата боја на есента.rnrn7-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_rn

    7. Земјени тонови

    rnТоплите земјени тонови се хит за секоја сезона поради едноставноста и убавината на боите, кои се прелеваат во разни нијанси на зелена, кафеава, беж и сива боја.rnrn8-mistichen-esenski-trend-boi-na-lakovi-koi-kje-bidat-hit-za-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

  • Златна есен во Полска

    Златна есен во Полска

    Полјаците велат дека есента е најубавото годишно време во нивната земја. Според нив нема поубаво време да се посетат тамошните планини и паркови. Природата почнува да ја губи свежината уште на почетокот на септември, кога листопадните шуми добиваат жолти, црвени и бронзени нијанси. Таквиот изглед на околината е инспирација за многу фотографи чии дела одлично ја пренесуваат магијата на, како што Полјаците сакаат да велат, златната есен во Полска.rnrnЗлатна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полска Златна есен во Полскаrnrn

  • Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен

    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен

    По летото во кое преовладуваа светлите, неонските и пастелните бои на лакови, оваа есен доминираат темните бои. Се носат чоколадно кафеави, златни и портокалови нијанси, односно боите кои ја карактеризираат есента како годишно време. Погледнете кои лакови се во тренд оваа есен.rnrn

    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Нежно сина
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Чоколадно кафена
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темна цреша
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темно зелена
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Златна
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Сребрена холографска
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Портокалова
    rnrn
    Бои на лакови кои се вистински хит оваа есен
    Темно виолетова
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златен водопад

    Златен водопад

    Едно од најфасцинантните места во светот е златниот водопад „Коњска опашка“ (Horsetail Falls), лоциран во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Паѓа на источната страна од природно извајаната вертикална карпа Ел Капитен и вака изгледа само еднаш годишно, во зима или рано напролет. Силното сонце кое полека заоѓа, во еден момент фрла совршена златна светлина врз водопадот, заради која кристално чистата вода започнува да наликува на вулканска лава. Вистинска вонземска убавина, која за жал трае само две недели во годината.rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадrnrn„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.rnrnКако што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадЗлатен водопадrnrnВо овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.rnrn

    rnrnПокрај овој „позлатен“ сезонски водопад, кој се јавува како одраз на сонцето, Јосемити нуди и безброј други убавини. Веќе имавте прилика најдобрите сцени од националниот парк да ги видите во ова кусо видео, кое неодамна го објавивме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnПрага можете да ја сретнете под различни синоними: Градот со 100-те врвови, Срцето на Европа, Мајка на градовите. Но, дали сте знаеле дека овој град е познат и како Златна Прага?rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnЕдна теорија поврзана со името Златна Прага, вели дека овој епитет ѝ е додаден за време на владеењето на чешкиот крал Чарлс IV, кога кулите на Прашкиот Замок биле покриени со злато.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnДруга теорија за Златна Прага е поврзана со владеењето на Рудолф II, кој ангажирал алхемичари за да ги претворат обичните метали во златни.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.