Не само што песните на Заз секогаш се со лесен и заразен ритам, туку имаат и одлични текстови кои претставуваат мирен и тивок бунт против ирационалноста на денешното општество. Стиховите кои таа ги пее секогаш изобилуваат со космополитизам и се осврнуваат на убавата страна на опкружувањето.rnrnВо продолжение следуваат стиховите од нејзиниот хит „Ние“ (On Ira) и видеото од песната во кои ги воспева различностите на овој свет. Прочитајте ја, видете ја и слушнете ја разиграната и харизматична Французинка како ви ја сервира убавата страна на животот.
Некои ќе го наслушнуваат Харлем на работ на Менхетнrnнекои ќе прават чај крај пазарите во Аманrnнекои ќе пливаат во водите на Сенегалrnа некои ќе го гледаат Бомбај како блеска под Бенгалскиот оганrnrnНекои ќе се обидат да го дофатат небото над Кјотоrnнекои ќе го почувствуваат биењето на срцето на Рио де Жанеироrnнекои ќе го свртат погледот кон таванот на Сикстинската капелаrnа некои ќе наздравуваат во Кафе ПушкинrnrnО, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваатrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот а јас сум пената што ја создава моретоrnrnНекои ќе речат дека поетите немаат националностrnнекои ќе направат веселба во чест на пар хероиrnнекои ќе знаат дека децата се чувари на душатаrnи дека има онолку кралици колку што има и жениrnrnНекои ќе речат дека запознавањето нови луѓе е најубавото патувањеrnнекои ќе сфатат дека го заслужуваат само она што го споделуваатrnнекои ќе слушаат музика од далечни земјиrnи ќе го дадат најдоброто од себеrnrnО, колку среќа имамеrnшто човештвото е обоено во илјадници боиrnкои ги споделуваме преку нашите различностиrnна крстосницата каде што судбините се среќаваатrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава моретоrnrnВие сте ѕвездите а ние сме вселенатаrnвие сте зрно песок а ние сме пустинатаrnвие сте илјадници реченици а јас сум моливот што ги пишуваrnrnВие сте хоризонтот а ние сме моретоrnвие сте годишните времиња а ние сме земјатаrnвие сте брегот е јас сум пената што ја создава моретоrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Вистинското име на Заз е Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy). Родена е на 1 мај, 1980 година во Тур, Франција. Љубовта кон музиката ја покажува уште од мали години, кога со своите сестра и брат посетува часови по музика. Подоцна студира музичка теорија, а се фокусира повеќе на виолината, пијаното, гитарата и хорското пеење.rnrnОсвен музиката, се занимавала со спорт и професионално учела кунг фу. Во 1995 година посетува часови за пеење, а во 2000 година добива стипендија и се запишува во училиштето за модерна музика во Бордо, Франција.
Својата музичка кариера Заз ја започнува во 2001 година, пеејќи во бендот „Fifty fingers“. Подоцна пеела и во други бендови, а своите вокални способности ги усовршувала и како хорист, настапувајќи со многу пејачи како Маесо, Арт Менго, Владимир Макс. Во 2006 година се преселува во Париз.
Многумина ја нарекуваат музичкиот феномен од парискиот Монмартр, поради тоа што заработувала токму од пеењето на улиците на Монмартр. Сепак, среќата и се насмевнува во 2007 година, кога почнува да соработува со продуцентот и текстописец Кередин Солтани. Токму Кередин се јавува како композитор и автор на најголемиот хит на Заз – „Je Veux“.
Својата слава Заз ја доживува во 2010 година, издавајќи го својот прв албум Zaz. Песните, на кои многу од нив се јавува како автор, се интересен спој на џез со примеси на циганската музика. Мелодични и лесно певливи се запаметуваат уште од првото слушање. Текстовите на песните се вистинското нешто по што ја препознаваат Заз. Тие се едноставни, лесни за паметење и пренесуваат универзални пораки. Во своите песни („Je veux“, „Ni oui ni non“, „Le Long de la route“, „Trop sensible“, „Les Passants“ ) Заз не сака накит од Шанел, лимузина, ниту ја сака Ајфеловата кула. Единствено што сака е љубовта, радоста, слободата…rn