Дали некогаш сте слушнале за дупликатура? Ова е израз што се користи кога се дуплира некоја позната градба. Во Кина има многу примери за дупликатури, но овој град се наоѓа во друга држава.rnrnrnrnУште од 1990-та година, Кинезите градат куќи кои се копии на познати градби ширум светот. Се користат евтини и неквалитетни градежни материјали, а за само неколку месеци се конструираат цели градови кои се дупликати на европската историја.rnrnПроектот познат како „Бурџ Ал Бабас“ се наоѓа во Турција и е една од најбизарните идеи. Ова е мал град во кој се наоѓаат стотици мали замоци кои се копии на дворец во долината на Лоара, Франција. Проектот е започнат од групацијата Sarot и се наоѓа во северозападниот дел на државата. Но денес, за жал, ова е град на духови.rnrnrnrnОвде има точно 350 замоци кои се изградени уште во 2011-та година. Проектот бил наменет за богатите луѓе со ветување дека овде ќе има здравствени центри, салони за убавина, трговски центри, аква паркови, ресторани и забавни паркови.rnrnrnrnСекоја вила има 324 метри квадратни, а купувачите од Катар, Кувајт и Саудиска Арабија биле подготвени да платат и до 500.000 евра за еден замок. Сè одело по планот, сè додека целиот проект не прогласил банкрот пред крајот на минатата година.rnrnrnrnМоментално Бурџ Ал Бабас има долг од околу 26 милиони евра, а групацијата очајно се обидува да продаде барем 100 замоци. Наредено е да прекине секаква работа на проектот и градот да се затвори. Креаторите ги обвинуваат муштериите кои ветиле дека ќе ги купат вилите, но не платиле ни денар. Сега сите куќи пропаѓаат, а од групацијата сепак се надеваат дека ќе ја надминат кризата за четири до пет месеци.rnrnПрочитајте нешто повеќе за овие напуштени места од кои ќе ве полазат морници.
Ако добро размислите, ќе сфатите дека античкиот луксуз всушност бил многу практичен. Замоците не само што биле составени од претенциозни простории за живеење кои биле наменети за исклучително богатите, туку тие исто така служеле и како бариери и тврдини за време на големите војни. Фактот што овие неверојатни градби сè уште стојат е доказ за генијалноста зад архитектурата на оние кои се одговорни за нивниот дизајн. Погледнете ги наредниве 25 замоци кои ќе ве остават без зборови…rnrnЛихтенштајнски замок, Германијаrnrn
Кога размислуваме за песочни замоци, прво нешто што на сите ни паѓа на памет се замоци изградени од многу зрна песок. Но, за артистот Вик Муњиз и артистот-истражувач Марчело Коељо, значи нешто сосема спротивно. Тие успеале на само едно мало зрно песок да нацртаат еден цел замок. Им требало 4 години за да го усовршат овој процес и мора да признаеме дека крајните резултати се исклучителни. Овие детални слики (зголемени како фотографии) се нешто помалку од еден милиметар во должина.rnrnrnrnПреку низа од обиди и грешки, тие користеле комбинација од техники од 19-от век и од денешната модерна технологија. Муњиз прво ги создавал нацртите од замоците со помош на камерата „lucida“, оптичка направа која била создадена во 1807 година. Таа се потпира врз призма која проектира рефлексија од она што се наоѓа пред вас на хартија. Откако ќе ги заврши цртежите, тој му ги праќа на Коељо кој ги гравира на зрното песок со помош на „Focused Ion Beam“, машина која е способна за создавање линии кои се само 50 нанометри широки. Погледнете ја нивната фасцинантна работа…rnrnrnrnrnrn
Франција е позната по многу нешта, вклучувајќи ја храната, виното, модата, уметноста и архитектурата. И покрај тоа што градот Париз е број 1 на листата за посета кај голем број луѓе, сепак постојат толку многу други нешта кои вредат да се видат во Франција. Всушност бројот на тие нешта е толку голем што дури само една посета не би ви била доволна. Погледнете ги наредниве 7 работи кои морате да ги видите и направите доколку некогаш одите во Франција.rn
1. Париз
rnrnrnТочно, Париз е очигледен избор. И покрај тоа што е скап град и понекогаш нечист, сепак нема да се покаете доколку го посетите. Љубителите на уметноста дефинитивно не би сакале да го пропуштат Лувр, домот на познатата слика Мона Лиза. Исто така добра идеја е да го посетите музејот Орсеј каде што има уметнички дела од голем број талентирани сликари како Сезан, Моне, Мане, Гоген, Реноар и Ван Гог. Доколку преферирате модерна уметност, можете да го посетите центарот Помпиду.rnrnНешто што навистина не треба да го пропуштите е Богородичната црква (Нотр Дам). Архитектурата ќе ве остави без зборови, а доколку имате енергија, искачете се на врвот на кулата од каде што ќе имате прекрасен поглед кон Париз.rnrnНаредна точка на вашата листа би требало да биде Версајскиот дворец. Тој се наоѓа на огромна површина, каде што покрај главната палата можете да ги посетите и големите градини, имотот на Марија Антоанета и големиот Тријанон – мала палата која ја користел Луи XIV. Версајскиот дворец е под заштита на УНЕСКО и е едно од најубавите места во Париз.rnrnМеѓу другото, можете да поминете едно попладне пловејќи по реката Сена, да се качите на Ајфеловата кула или на кулата кај Монпарнас. Можете да ги посетите Елисејските полиња, Триумфалната капија и операта Гарние.rn
2. Пон ду Гар (Мостот над реката Гар)
rnrnrnСтанува збор за римски аквадукт, кој се наоѓа на 25 километри од Авињон и е преку 2.000 години стар. И покрај тоа што оваа област е многу популарна кај велосипедистите и планинарите поради својата природна убавина, главната атракција е самиот аквадукт кој е во неверојатно добра форма за толку стара структура. Доколку погледнете подобро, ќе можете на камењата да ги видите натписите од оригиналните масони.rn
2. Карнак
rnrnrnКарнак е област која била создадена околу еден век пред Стоунхенџ. Таму можете да видите над 3.000 монолити кои се околу 4.000 години стари. Тие се значајни остатоци на една огромна мистерија, и покрај тоа што голем дел од луѓето веруваат дека се употребувале за религиозни и културни активности.rn
3. Катедрали
rnrnrnЗа сите оние кои сакаат уметност, архитектура и скулптури, катедралите во Франција се рајско место. Исто како во Италија и Шпанија, католиците граделе екстравагантни катедрали кои се монументи на визијата поврзана со вербата. Една од најпознатите катедрали е Мон Сен Мишел која се наоѓа во Нормандија. Станува збор за градба на остров која била посветена на Свети Михаил, а селото кое се развило околу нејзината основа, вклучувајќи ја и целата околина, се под заштита на УНЕСКО.rn
5. Замоци
rnrnrnФранција има многу повеќе замоци отколку што би можеле да замислите и дел од нив навистина вреди да се видат. Идејата да се живее во замок е често мечтаење на голем број луѓе и токму поради тоа замоците во Франција се отворени за туристите кои слободно можат да останат преку ноќ. За најдобро искуство, ви препорачуваме да прошетате низ долината Луара.rn
6. Винарски визби
rnrnrnРазлични околини произведуваат различни видови грозје, а француските вина го добиваат своето име според тоа во кој регион биле создадени. И покрај тоа што големите винарски визби се и најпознати, сепак можете да најдете добри вина и во помалите и помалку познатите. Сигурни сме дека овие вина толку многу ќе ви се допаднат, што ќе си земете неколку со вас за дома.rn
7. Храна
rnrnrnФранцуската кујна е позната со причина. За појадок можете да пробате чоколадно млеко со свежо подготвени кроасани. Исто така одвојте време и за полуксузните ресторани и кафетерии. Нема да бидете разочарани.rnrnМожете да си направите и мал пикник. Французите велат дека најдобрата храна се наоѓа во Лион, но и маркетите во Прованс не се лоши. Во комбинација со добро вино и Ајфеловата кула во позадина, ова ќе биде најнезаборавниот пикник во вашиот живот.
Дали е сон или реалност? Овие места ќе ве натераат да се запрашате дали сте стапнале на место од магија и фантазија или сè уште цврсто стоите на земјата. Со нереална природа, незамисливи пејсажи и архитектура од бајките, овие дестинации со сигурност ќе ве одведат далеку од секојдневната монотона реалност.rn
Колмар, Франција
rnrnrnСликовитиот Колмар во Франција се смета за најубавиот град во Европа. Тој изгледа како буквално да произлегол од некоја бајка. Овој мал град е познат не само како магично колоритен стар град, туку и како градот на виното. Бидејќи во него владее сончева микроклима, тој е вториот по ред најсув град во Франција, што го прави одличен за производство на вино.rn
Фарски Острови
rnrnrnГрадбите на овие острови кои наликуваат како сцена од познатиот филм „Господарот на прстените“ ќе ве натераат да помислите дека тука живеат хобити и џуџиња. Тие се наоѓаат на половина пат помеѓу Исланд и Норвешка, во срцето на Голфскиот залив во Северниот Атлантик. Фарските Острови се одликуваат со прекрасни и драматични пејсажи од вулкански врвови и океански бранови кои удираат на карпестите брегови. Магичните и мистериозни предели на овие острови изгледаат многу поблиску до фантазијата отколку до реалноста.rn
Замокот Нојшванштајн, Германија
rnrnrnМожеби ви изгледа на замок создаден од Дизни, каде што владее некоја каприциозна принцеза. Но, и покрај неговиот магичен изглед, замокот Нојшванштајн е многу повеќе поврзан со реалноста отколку што некој би можел да си претпостави. Тој бил конструиран од страна на Лудвиг II во 19-ти век и за тоа време бил револуционерна градба: имал вода и тоалети со автоматско пуштање вода на секој кат, како и систем за греење.rn
Кападокија, Турција
rnrnrnАко постоеше бајка за маѓепсана земја, тогаш дефинитивно ќе изгледаше како Кападокија. Овој неверојатен регион се наоѓа во центарот на Турција и е познат по грнчарството и уникатните формации на карпите во кои антички луѓе ги издлабиле своите домови и цркви.rn
Хои Ан, Виетнам
rnrnrnАко некогаш имате можност да го посетите Виетнам, тогаш Хои Ан мора да биде меѓу првите дестинации на вашата листа. Овој разнобоен, магичен и прекрасен мал град е дом на повеќе фенери отколку луѓе. Ситуиран на брегот од Јужното Кинеско Море, овој град некогаш бил многу важно пристаниште и трговски центар. Но, денес го посетуваат илјадници туристи кои не можат да одолеат на неговиот бајковиден шарм. Одличната атмосфера во Хои Ан во комбинација со несекојдневната гостопримливост и архитектура од бајките го прави еден од најнеобичните дестинации во југоисточна Азија.rn
Гренланд
rnrnrnЗачуван, далечен и возбудлив, Гренланд е земја на дивина, несовладливи патеки, сирови пејсажи и глетки од кои ќе ви „падне вилицата“. Скоро без никакви дрвја, патишта и луѓе, овој остров изгледа како да е населен од митолошки суштества. Но, и покрај тоа што е студен и суров, Гренланд е место каде што владее незаборавна атмосфера која ја „греат“ магични аурори и колоритни куќи.rn
Венеција, Италија
rnrnrnСо Венеција тешко кое друго место може да се натпреварува. Таа поседува архитектура за пофалба, уникатни канали, фантастични глетки и извонредна атмосфера какви што не можете да најдете на друго место. Венеција била прогласена за „несомнено најубавиот град изграден од човекот“ од страна на Њујорк Тајмс.rn
Катманду, Непал
rnrnrnПрекрасен и спиритуален, главниот град на Непал, Катманду е навистина магично место. Опкружен со моќни планини, овој град е исполнет со магична атмосфера, егзотични звучи и миризби како и со фасцинантни храмови. И покрај тоа што Катманду е најголемиот град во државата, тој го зачувал својот бајковиден шарм. Познат и како „Земјата на Боговите“ Катманду воопшто не изгледа како дестинација од планетата Земја.rn
Бамбусовата шума, Јапонија
rnrnrnОваа шума е само еден пример од стотиците неверојатни шуми кои го покриваат југоисточниот регион во Азија. Бамбусот игра голема улога во многу Азиски култури – тој е симбол на долговечност во Кина, симбол на пријателство во Индија, а во Јапонија многумина веруваат дека Бамбусовата шума е свето место кое не му дозволува на злото да пристапи.rn
Синтра, Португалија
rnrnrnСекој кој го посетил ова магично место, кое се наоѓа во близина на Лисабон ќе се согласи дека бил охрабрен да создаде поема во чест на доблестите на Синтра. „Pena Palace“, „Castelo dos Mouros“ и „Palácio Nacional de Sintra“ се трите неверојатни замоци кои додаваат бајковиден шарм на овој град, а планинскиот венец Синтра е еден од најголемите паркови во областа Лисабон.rnrn rnrn
Иако дизајнирани и изградени за одбранбени цели, денес замоците изгледаат како остаток од некоја бајка. Од цврсти камени градби до ориентални тврдини со декоративен шмек, замоците претставуваат наша врска со минатото, места на испишување на историјата и раѓање на многу легенди.rn
1. Замокот Хоенцолерн, Германија
rnОвој волшебен замок бил средиште на големи пруски кралеви и германски владетели. Датира уште од средниот век. Изграден е во 11 век, потоа бил целосно уништен во 1423 година, а бил реконструиран во 1461 година. Погледот кон планината Хоенцолерн (855 м) е зачудувачки, како и самиот комплекс. Овој замок се наоѓа на околу 50 км јужно од Штутгарт.rnrnrn
2. Замокот Хауард, Англија
rnИако изгледа како замок, ова е всушност фамилијарна резиденција на семејството Хауард, кое живее тука веќе 300 години. Оваа семејна резиденција се наоѓа во Северен Јоркшир и претставува најголемото живеалиште во Велика Британија. Изградбата на оваа палата е започната од крајот на 17 век и траела околу 15 години. Меѓу најзабележителните карактеристики на замокот се прекрасните градини и паркови кои се распослани на огромно пространство.rnrnrn
3. Замокот Алказар во Сеговија, Шпанија
rnОвој замок се наоѓа во стариот дел на Сеговија, Централна Шпанија. Изграден е како арапска тврдина во 12 век. Неговата уникатна форма како лак на брод, го прави овој замок еден од најкарактеристичните во светот. Во Средниот век Алказар бил главен дел од одбраната на земјата. Најверојатно, со својата убавина и уникатност, Алказар претставува инспирација за замоците на Волт Дизни.rnrnrn
4. Замокот Химеџи, Јапонија
rnЗамокот Химеџи, познат и како Белиот замок на чапјите, се одликува со прекрасна бела надворешност. Во овој огромен комплекс влегуваат 83 древни објекти. Еден од најпознатите одбранбени елементи на овој замок се многуте лавиринти кои водат до главната кула. Портите се изградени на тој начин што ги принудуваат натрапниците да се соочат со многу слепи патеки. Химеџи бил изграден во 14 век, а денес може да го посетите во регионот Кансаи во Јапонија.rnrnrn
5. Замокот во Прага, Чешка
rnПрашкиот замок претставува икона на Чешка, а е еден од најстарите и најголемите замоци во светот. Долг околу 570 метри и широк 130 метри, овој замок претставува извонредно архитектонско чудо. Во себе ги содржи сите стилови на последниот милениум, готика со романескни и барокни елементи. Првиот објект од овој прекрасен комплекс е изграден уште во 9 век.rnrnrn
6. Замокот Пелеш, Романија
rnСместен во планинската идила на Карпатите, Пелеш е вистинска бајковидна градба. Изградбата била започната во 1873 година и еве како романската кралица Елизабета го опишала неговото градење:rn.rn
„Италијанците биле ѕидари, Романците ги граделе терасите, Циганите биле носачи, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, а Турците ги гореле тулите. Инженери биле Полјаците, а каменоресци Чесите. Очигледно, можеле да се слушнат 14 јазици меѓу работниците.“
rnrn
7. Замокот Шамбор, Франција
rnСо оглед на тоа дека Шамбор бил официјално изграден како викенд-куќа за лов, овој замок е доста импресивна градба. Локацијата за неговата изградба била одредена од кралот Франсоа I. Тој намерно го избрал тоа место бидејќи се наоѓало блиску до замокот на неговата љубовница, Клод Рохан. Овој масивен замок има 440 соби, 365 камини и 84 скали и со тоа претставува најголемиот замок во долината Луара во Франција.rnrnrn
8. Замокот Нојшванштајн, Германија
rnИзградбата на овој замок била започната уште во 1896 година, а дизајнер на ова прекрасно здание бил, не архитект, туку сценографот на Лудвиг Втори, Христијан Јанг. Пред завршувањето на замокот тој бил прогласен за луд. Ова објаснува многу во поглед на архитектурата на Нојшванштајн. Локацијата и големината на замокот се спектакуларни и помалку луди. Тој се наоѓа на врвот на еден рид во југозападниот дел на Баварија и претставува голема туристичка атракција во Германија.rnrnrn
9. Замокот Корфе, Англија
rnИако, рушевините е сè што е останато од замокот Корфе, тие се доволен доказ за грандиозноста на оваа градба. Се наоѓа во округот Дорсет, на островот Пурбек и се претпоставува дека е изграден во 9 век. Други докази укажуваат на тоа дека е изграден многу порано и бил римска дефанзивна градба. Остатоците од деловите кои се сочувани до денес, биле изградени во 11 век. Два века подоцна биле во функција на магацини на богатството на кралството на Англија и служеле како затвор.rnrnrn
10. Замокот во Мацумото, Јапонија
rnОва е неверојатен замок кој се наоѓа во градот Мацумото, во близина на Токио. Бил изграден во 1504 година и денес е Национално богатсво на Јапонија. Замокот бил во употреба сè до средината на 19 век. По реставрацијата на Меиџи во 1868 година, новата јапонска влада била одлучна да го сруши замокот и да го продаде за дрво и железо. За среќа, локалните жители го купиле пред да биде срушен и денес сведочи за суровата јапонска историја.rnrnrn
11. Замокот Елц, Германија
rnЕлц е уште еден истакнат германски замок. Оваа прекрасна средновековна конструкција се наоѓа во југозападниот дел на Германија и сè уште е сопственост на фамилијата која живее таму 800 години. Сопственик на замокот е д-р Карл Граф фон унд цу Елц, кој ја претставува 33-тата генерација на домот на Елц.rnrnrn
12. Ејлен Донан, Шкотска
rnЗамокот Ејлен Донан бил изграден во 13 век да ги спречи Викинзите од инвазии, а денес е најпознатата туристичка атракција во Шкотска. Бил именуван по епископот Донан кој дошол во Шкотска во 6 век. Замокот се наоѓа на остров опкружен со прекрасни предели и висорамнини. Тврдината е реконструирана најмалку 4 пати, па затоа и нејзината реставрација траела 200 години (18-20 век). Таа всушност лежи на урнатини. Во 1932 година е отворена за посетители и секојдневно има огромен број туристи од целиот свет.rnrnrn
13. Тврдината Нешател, Швајцарија
rnЗамокот, изграден во 10 век, е подарок од Кралот Рудолф III и неговата жена. По овој дарежлив подарок биле именувани градот, езерото и Швајцарскиот кантон. Бил реконструиран во 15 и 17 век, а денес замокот е средиште на кантонската влада и судовите.rnrnrn
14. Тврдината Гуаита, Сан Марино
rnОваа тврдина се наоѓа на врвот Гуаита, има поглед кон целиот град Сан Марино и претставува икона на оваа мала земја целосно опколена со територијата на Италија. Тврдината била изградена во 11 век и некое време служела како затвор. Гуаита е една од трите кули на Сан Марино, која се наоѓа на трите врвови на Монте Титано. Кулите се прикажани и на националното знаме и на грбот на Сан Марино.rnrnrn
15. Замокот Конви, Велс
rnКонви е еден од најистакнатите замоци на Едвард Први, изграден во 13 век. Тој е еден од клучните замоци на кралскиот „железен прстен“ изграден на тврдината во Велс. За неговата градба се претпоставува дека Едвард Први потрошил 15.000 фунти (162.000.000 фунти во денешни пресметки) што го прави овој замок најскапиот во Велшката историја. Денес Конви е прогласен за светско наследство и со својот поглед кон заливот Конви е најпретставителниот објект во Северен Велс.rnrnrnrn rnrn
Понекогаш е тешко да се одреди каде е границата на човековата креативност. Секој од овие замоци претставува пример за упорност, трпение и прецизност, а на креаторите треба да им се симне капа. Иако летните одмори поминаа, песочните плажи се секогаш пријатни за око бидејќи не потсеќаат на одмор, пријатно време и релаксација.rnrnrnrnПогледнете ги овие воодушевувачки песочни зданија и уживајте.