Природата е нешто што отсекогаш го привлекувало човекот. Беспрекорна тишина во која може да се слушнат само црцорењето на птиците, веењето на ветрот низ гранките на дрвјата, џагорот на безброј различни инсекти и животинчиња чиј дом се планините и ливадите… А таму, чекорејќи по планинските патчиња, се чувствуваме помирни од кога било, поспокојни и посвесни за самите себе од каде било, освојувајќи нови врвови се чувствуваме сѐ поблиску до дома.rnrn
rnrnА доколку сѐ уште не сте на пат кон освојување на некоја планина, тогаш следниве цитати сигурно ќе ве инспирираат да го направите тоа.rn
„Бидејќи на крајот, нема да се сеќавате на времето кое сте го поминале работејќи во канцеларија или косејќи го вашиот тревник. Искачете ја таа проклета планина.“ – Џек Керуак
rn
„За мене планината е Буда. Помислете на трпението, стотиците илјади години како само седи таму во совршена тишина и како да се моли за сите живи суштества во таа тишина и само чека на нас да престанеме со сите наши грижи и будалаштини.“ – Џек Керуак
rn
„Искачете ги планините и присвојте ги нивните добри карактеристики. Мирот на природата ќе протече низ вас како што сонцето се простира низ дрвјата. Ветровите ќе ја издуваат својата свежина во вас и бурите нивната енергија додека вашите грижи ќе паѓаат наоколу како лисјата на есента.“ – Џон Мјур
rn
„Илјадници уморни, потресени и прецивилизирани луѓе почнуваат да откриваат дека одењето на планини е всушност одење дома. Дивината е неопходност.“ – Џон Мјур
rn
„Планините ме викаат и јас морам да одам.“ – Џон Мјур
rn
rn
„Ние сме сега во планините и тие се во нас, потпалувајќи ентузијазам, правејќи секој нерв во нас да трепери, чувствувајќи ја секоја пора и ќелија во нашето тело.“ – Џон Мјур
rn
„Тој што се искачува на највисоките планини се смее на сите трагедии, реални и имагинарни.“ – Фридрих Ниче
rn
„На планините на вистината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите моќи за да можете да се искачите повисоко утре.“ – Фридрих Ниче
rn
„Без разлика колку сте софистицирани, не можете да одбиете голема гранитна планина – таа ви зборува во тишина до сржта на вашето постоење.“ – Ансел Адамс
rn
„Секој камен, секој свиок извикува ‘добредојде’ за него. Тој се поистоветува со планините и потоците, гледа дел од својата душа во растенијата и животните и птиците на полето.“ – Пауло Коелјо
rn
rn
„Патот до врвот на планината е секогаш подолг одошто мислите. Не се залажувајте себеси, ќе дојде момент кога сѐ што ви делува блиску е сѐ уште далеку.“ – Пауло Коелјо
rn
„Иако навистина сакам океани, пустини и други диви пејзажи, само планините ме повикуваат на тој болно магичен начин да чекорам сѐ подлабоко и подлабоко во нивната убавина. Постојано ме одржуваат во состојба да сакам да знам повеќе, да чувствувам повеќе, да гледам повеќе.“ – Викторија Ериксон
rn
„Сум искачил повеќе високи планини без водич или патека и, како што може да се очекува, имам откриено дека вообичаено се потребни повеќе време и трпение отколку да патувате по најмазниот автопат.“ – Хенри Дејвид Тороу
rn
„На пат си кон прекрасни места. Денес е твој ден. Твојата планина те чека, па, почни го својот пат.“ – Д-р Зус
rn
„Позади сето она кое го посакуваме и од кое се плашиме дека може да се случи, имаме друг живот, бистар и слободен како планински поток.“ – Руми
rn
rn
„Планините се проблем само тогаш кога се поголеми од тебе. Треба да се развиеш себеси толку многу што ќе бидеш поголем од планините со кои се соочуваш.“ – Идоу Којеникан
rn
„Ако не можете да разберете дека во човекот постои нешто што одговара на предизвикот на оваа планина и оди да се соочи со него, дека борбата е борба на самиот живот нагоре и само нагоре, тогаш нема да согледате зошто одиме. Она што го добиваме од оваа авантура е огромна радост. А радоста, после сè, е крајот на животот. Не живееме за да јадеме и заработуваме. Јадеме и заработуваме за може да уживаме во животот. Тоа е значењето на животот и целта на животот.“ – Џорџ Малори
rn
„Не ги освојуваме планините, туку себеси.“ – Сер Едмунд Хилари
rn
„Искачете ја планината за да го прифатите предизвикот, да уживате во воздухот и погледот, а не за да го закачите вашето знаме. Искачете ја за да можете да го видите светот, а не за светот да ве види вас.“ – Дејвид Меккалоу Џуниор
rn
„Кога се соочувате со планина имате неколку опции. Може да ја искачите и да преминете на другата страна. Може да одите околу неа. Може да копате под неа. Може да прелетате над неа. Може да ја дигнете во воздух. Може да ја игнорирате и да се преправате дека не е таму. Може да се свртите и да се вратите таму од каде сте дошле. Или може да останете на планината и да ја претворите во ваш дом.“ – Вера Назариан


rnrnПланината Хуа Шан се наоѓа во Кина. Нејзините врвови достигнуваат надморска височина од 2.160 метри. Оваа планина е една од петте свети планини. Во подножјето се наоѓаат огромни камени скали наречени „Рајски скали“. Овие скали водат толку високо во планините што се чини дека немаат крај. Но, не е така, ги има точно 999 на број и тие водат до светски најопасната патека направена од штици – Хуа Шан.rnrn
rnrnСкалите сами по себе се тешки за искачување, но верувајте, тие се најлесниот пат до врвот. Кога ќе ги искачите скалилата има една подвижна кабина која ќе ве пренесе до јужниот врв. Целата оваа досегашна авантура беше само вовед за она што следи.rnrn
rnrnКулминација на адреналинот: Пат од штици широк само еден метар и едно челично јаже прикачено на карпата за коешто се држите додека се движите по штиците.rnrn
rnrnОваа патека води до врвот на планината. Никој нема да ве присили да облечете безбедносна опрема, но таа е неопходна. Патеката е сама по себе опасна и застрашувачка, но она што е на самиот врв ќе ве остави без зборови.rnrn
rnrnАко сте доволно храбри да го продолжите патувањето и успеете да ја поминете оваа патека, ве чека една контрастна слика од оваа на која веќе го навикнавте телото и умот. На највисоката точка на јужниот врв се наоѓа Таоистички храм којшто е денес служи и како куќичка за чај. Тука, на највисоката точка на планината Хуа Шан, конечно можете да се опуштите и слободно да дишете од чистиот воздух.rnrn
rnrnИма некој за ваква авантура?rnrn rnrn
rnrnrnrn
rnrnЗа време на своите патувања, тој решил да го фотографира и Дубаи. Овие фантастични фотографии сведочат за тие патувања кои ги документирал заедно со неговите пријатели.rnrn
rnrnОваа пролет, тој и двајца негови пријатели предизвикаа вистински хоас, кога успеаја да се качат на врвот од пирамидите во Египет, одбегнувајќи ги вооружените стражари, притоа прекршувајќи го законот.rnrnТалентираниот фотограф за оваа постапка изјави:rnrn
rnrn rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn


Оваа планина е позната по тоа што повеќе од 500 алпинисти кои се обиделе да ја освојат, загинале поради стрмноста и тежината. За прв пат бил освоен во 1865 година. Овој врв е најзначајниот врв на Швaјцарските Алпи и иако не е највисок, сепак претставува голем предизвик за сите алпинисти.







rnrn


Вулканот веќе 250 години не исфрла лава, така што гостите се безбедни. На тлото сè уште се чувстува топлина која на неколку метри под земјата достигнува преку 400 степени. Тоа се користи како извор на топлина за ресторанот, а на еден од отворите од каде што порано еруптирала лавата е поставена скара на која се приготвува традиционална канарска храна.
Храната не е единствената атракција на Ел Диабло. Многу од туристите тука доаѓаат заради спектакуларната панорамска глетка на целиот национален парк овозможена од стаклените ѕидови на ресторанот. Особено е привлечна глетката на зајдисонцето.




rn
rnrnВилата е наречена „
rnrnВкупната површина на просториите изнесува 778 квадратни метри, на кои се придодаваат уште дополнителни 120 од балконите.rnrn
rnrnВелнес-центарот вклучува соба со пареа, сауна, џакузи и фитнес-сала. Вилата функционира како хотел, па така таа може да биде изнајмена, но има можност и да биде купена за цена од 22 милиони американски долари.rnrn
rnrnДосега во оваа вила имаат гостувано многу познати личности помеѓу кои Мадона, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, дел од членовите на познатото италијанско семејство Ањели и многу други.rnrn









rnrn