Секоја девојка сонува за густа коса со волумен. Но дури и ако вашата коса не е природно бујна, има начин да го постигнете овој изглед со неколку едноставни трикови. За овие трикови ќе ви бидат потребни предмети кои ги користите секој ден.rn
1. Чешлајте ја косата само откако ќе ја исушите
rn
rnrnЗа да не ја оштетите косата додека ја сушите, користете ги само вашите прсти во процесот. Кога целосно ќе ја исушите, завршете со обликувањето користејќи голема четка за коса.rn
2. За да додадете волумен на опавчето, користете шнола за коса
rn
rnrnСоберете ја косата во опавче. Потоа одделете еден прамен од горниот дел (околу 1/4 од опавчето) и зацврстете го со шнола. Спуштете го праменот за да ја скриете шнолата. Овој едноставен трик двојно ќе го зголеми волуменот на вашето опавче.rn
3. Уште еден трик за импресивно опавче
rn
rnrnНаместо целата коса да ја стегнете со стегач, поделете го опавчето во два дела и затегнете го секој дел посебно.rn
4. Волумен без да трошите време
rn
rnrnАко немате време за правење фризура, овој трик многу ќе ви се најде. Откако ќе ја измиете, соберете ја косата во две пунџи и испрскајте ги со лак за коса. Исушете ги пунџите со фен, оставете ги да се изладат и пуштете ги.rn
5. И шампоните за суво миење се од помош
rn
rnrnНанесете шампон за суво миење на вашите корења. Нанесувајте прамен по прамен. Откако ќе се впие, исчешлајте ја косата. За резултатите да траат подолго, напрскајте ја косата со лак.rn
6. Плетенка
rn
rnrnОткако ќе ја направите плетенката, почнете да извлекувате прамени од неа почнувајќи од доле. Волуменозните плетенки полесно се расплетуваат, па затоа зацврстете ја со лак за коса.rn
7. За поголема густина, исушете ја косата уште еднаш
rn
rnrnКога ќе завршите со правењето фризура, исушете ја уште еднаш со фенот. Наведнете ја главата надолу и сушете неколку минути. Ова ќе помогне фризурата да трае подолго и ќе ѝ додаде волумен на косата.rn
8. Експериментирајте
rn
rnrnПатецот на косата можеби изгледа како мал детаљ, но всушност има многу голема улога. Најлесно е да го промените додека косата ви е мокра. Откако ќе ја измиете, со вашите прсти направете нов патец, а потоа исушете ја косата со фен. Ако сте навикнати да носите патец на средина, пробајте да го ставите на страна.rn
9. Ако немате време за фризури, користете спреј за волуменот
rn
rnrnКога немате време да ја миете и сушите косата, и да правите фризури, едноставно нанесете спреј за волумен или пена за коса на вашите корења. Разбушавете ја косата со прстите и потоа исчешлајте ја. Со ова ќе го постигнете саканиот резултат брзо и ефективно.rnrnПогледнете ги и овие трикови за поголем волумен на косата.



rn
rn
rn
rn

rnrnПрвиот чекор до визуелно пополни усни е: на средината на горната и долната усна ставете малку коректор за усните да станат посветли на тој дел.rnrnПотоа со молив за усни следете ја контурата на усните или оцртајте ги малку погоре од природната линија. Ова го правите со моливче кое е за нијанса потемно од бојата на вашите усни или кое се поклопува со бојата на избраниот кармин.rnrnШто се однесува до изборот на бојата на карминот, битно е да избегувате темни и ладни нијанси.rnrnСтавете светол или провиден сјај за усни на истите места каде претходно го ставивте коректорот и инстантно ќе добиете впечаток на поголеми усни. Најдобри се розовите сјаеви, бидејќи сјајните бои и хидратантните формули најмногу ја рефлектираат светлината, притоа правејќи ги вашите усни визуелно пополни. Она што на крајот можете да го направите е да ставите малку хајлајтер над срцевидниот агол на горните усни.
rnrn
rn




rn
rn
rn
rn


rn