КАФЕ ПАУЗА

Tag: војни

  • 5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

    5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

    Војните и природните катастрофи во последните дваесеттина години за жал уништиле места со големо историско значење. Денес можеме само да читаме за нив и да се служиме со фотографии и пишани извори за да видиме како изгледале.rn

    Алепо, Сирија

    rnВо граѓанската војна во Сирија животот го загубиле повеќе од половина милион луѓе. Иако војната денес е завршена, сепак еден од најстарите градови во светот, Алепо, е уништен засекогаш. УНЕСКО проценил дека дури 60% од оставнината на градот Алепо кој се наоѓа на листата на светско наследство е оштетена, а 30% се уништени засекогаш. Тука спаѓа и големата џамија изградена во периодот меѓу 8 и 13 век.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrnrn rn

    Палмира, Сирија

    rnДруг град кој е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО, Палмира, кој потекнува од 1 и 2 век, била уништена од страна на милитантите на ИСИС. Тие го уништиле храмот во Палмира стар околу 2000 години и триумфалната капија стара 1800 години.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Долина Катманду, Непал

    rnПовеќе од 9000 луѓе ги загубиле своите животи за време на разорниот земјотрес што го погодил Непал во 2015 година. Земјотресот уништил и многубројни средновековни градби во долината која се протега меѓу градовите Катманду, Бактапур и Патан. Според УНЕСКО, во оваа природна катастрофа биле оштетени околу 690 историски објекти, од кои 130 целосно се урнале.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Будистички статуи во Бамијан, Авганистан

    rnВо 2001 година Талибанците уништиле две будистички статуи во долината Бамијан во Авганистан. Станува збор за скулптури кои потекнуваат од 5-ти век, високи 55 и 38 метри. Преку нивното уништување, Талибанците сакале да избришат сите траги на авганистанската „предисламска историја“. Долината Бамијан во минатото била важен културен, верски и трговски центар на патот на свилата, а овие скулптури се сметале за дел од највисоките скулптури на Буда во светот.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Национален музеј на Бразил

    rnВо 2018 година огромен пожар го зафатил бразилскиот национален музеј во Рио кој поседувал околу 20 милиони артефакти при што биле уништени дури 93% од нив. Денес сè уште трае неговата реставрација, но очигледно е дека најголем дел од предметите се изгубени засекогаш.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrnrnОткако прочитавте за овие 5 историски места кои се уништени засекогаш, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • „Пиреј“ на Андреевски – симбол на неуништливоста на македонскиот народ

    „Пиреј“ на Андреевски – симбол на неуништливоста на македонскиот народ

    „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

    rn2-pirej-na-andreevski-simbol-na-neunishtlivosta-na-makedonskiot-narod-kafepauza.mkНасловот на првиот роман на Андреевски е симбол за неуништливоста на македонскиот народ кој постоел и ќе постои и покрај сите обиди за негово истребување. Дејството на романот започнува на денот на погребувањето на Велика, мајката на Роден Мегленоски. Бидејќи Роден не знае многу за животот на своите родители, Дуко Вендија почнува да му ја раскажува нивната животна приказна. Сижето, односно животите на Јон и Велика, се нижат наизменично во наредните 28 глави раскажани во прво лице, за на крајот повторно како раскажувач да се јави Дуко Вендија.rnrn„Пиреј“ раскажува за периодот од балканските војни и Првата светска војна, како и пост-воениот период, маестрално опишувајќи ги како времиња на пустош, глад, безнадежност, болести, колежи и палежи. Оваа приказна е многу реална и многу сурова вистина за македонскиот народ, кој, како што предлага основната идеја на овој роман, е неуништлив како пирејот.rnrnВелика е добра и вредна жена, патријархално воспитана, и од неа често се слушаат изреки како: „По мажењето жената станува плодна нива, и тешка е, а нема кој да ја одмени, никој не ја прашува.“ Преку ликот на Велика е отсликан ликот на секоја македонска жена од тоа време која на свој грб ги чувствува болките и страдањата што ги носи војната. По принудното заминување на Јон во војна, таа вложува натчовечки напори да си ги нахрани и спаси чедата. Но за голема несреќа децата едноподруго ѝ умираат, и таа сама им копа гробови на своите чеда и плаче над нив. Кога Јон се враќа од војна, в час му побелува косата кога дознава дека децата му умреле. Така тој ја обвинува Велика за нивната смрт, се пијани и ја тепа. Поради неговата безмилосност кон неа, Велика не сака да биде закопана заедно со него, не сака коските да ѝ се измешаат со неговите, туку на другиот свет сака да си биде со чедата свои.rn
    rn

    „Мамо, вели, дали и јас ќе умрам, мамо?rnrnНе, сине Ѕвездане, не ѕвездо моја, му велам, кој ти рече дека ќе умреш?rnrnКапинка, вели, каде е сега Капинка?rnrnНадвор е, велам, Калинка в градина е, велам.rnrnЌе се врати, прашува Ѕвездан.rnrnЌе се врати, велам, отиде да ја навади градината.rnrnА оти не ме викна и мене, прашува.rnrnЌе те викне, велам, и се штипнувам одзади, си го прегризувам јазикот. Господ да не чуе.rnrnНе давај ме, да умрам мајко, ми вели Ѕвездан, не давај ме мајчеле, однеси ме некаде, вели, скријај ме мајчеле, вели, се моли.“

    rnСтрашното беснеење на теророт за време на војната го претвора Јон во човек-ѕвер. По сведочењето на најгрдите лица на војната, тој веќе не е истиот човек. Со тоа што Јон е принуден да го зароби сопствениот брат кој принудно војува на страната на Бугарите, Андреевски дава јасна слика на принудното братоубиство, односно на апсурдот на човечката судбина. Јон видел многу нешта за време на војната, но соочувањето со потресната слика на неговиот празен дом го докрајчува. Неговиот терор врз Велика започнува по неговото враќање од војна. Иако таа е бремена со нивното шесто дете, тој секојдневно ја тепа, малтретира и понижува. Јон завршува во беда и пијанство и како што неговиот живот згаснува, нов живот, жарче надеж за напатената душа на Велика се раѓа – нивниот син Роден Мегленоски.rn
    rn

    „Врвам така низ буките засмрдени од барут и од раскопана земја. На едно лединче гледам жена. Млада жена а гола. Излегла да бере трески утрината кога беше мирно. Го погодила времето за трески! Ја нашла некоја извидница и ја силувале. Подзапирам крај неа и ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање. А мене ми е прво видување на гола жена. Батти среќата на такво гледање. Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што го носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото. Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците. А лицето ѝ е бело, небаре варосано ѕидче. Мислиш спие жената.“

    rnrn1-pirej-na-andreevski-simbol-na-neunishtlivosta-na-makedonskiot-narod-kafepauza.mkrnrn„Пиреј“ ги има сите елементи кои му се потребни на едно ремек-дело. На читателте им нуди раскажување кое потресува, трогнува, ве тера да се соживеете, ве помрднува од место… зборови кои предизвикуваат бура од емоции. Андреевски совршено го отсликува тогашниот живот на луѓето, нивната борба и нивното страдање. Преку ликот на селската гатачка го прикажува суеверието на неуките селани кои слепо ги слушаат нејзините совети за избегнување болести и клетви, кои дури се убедени дека ако ги запалат сите кучиња од селото, смрдеата ќе ја истера страшната болест.rnrnОвој роман е обележје на македонскиот модернизам, но може да им конкурира на светските имиња и наслови. Како дел од модернизмот ги соочува читателите со темни и безнадежни слики од човештвото, војните и последиците од војните, особено фокусирајќи се на уништената човечка психа по Првата Светска војна, најголемата катастрофа за човештвото.rnrn„Пиреј“ ги содржи трите големи карактеристики на стилот на Андреевски: патриотизмот и големата љубов кон својата земја како и историјата на својот народ, големо познавање на човековата психа, како и големата почит кон жената. Андреевски неретко во своите романи раскажува во прво лице преку неговите хероини. Тоа не само што докажува колку умешен е тој како писател, туку и колку ја познава човековата психа и колку ги почитува жените. Кога ќе прочитате некое од неговите дела, дали раскажувањето на Велика во „Пиреј“, или на Невена во „Тунел“, а особено на Небеска Тимјановна во истоимениот роман, и кога ќе помислите дека тие зборови се всушност зборови на еден маж, дека тоа се ликови кои се производ на неговата имагинација, ви станува јасно зошто Андреевски ќе остане незаменлив и единствен.rnrnИако ликовите на овие жени се навидум фиктивни, во секој од нив се крие име на жена која вистина живеела, која ги пребродела тие страшни времиња, и која заслужува почит, без разлика дали нејзиното име е Велика, или Небеска, или Севда. Тоа се нашите баби и прабаби. Андреевски едноставно пишува за народот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најморничави напуштени градови

    10 најморничави напуштени градови

    Од секакви причини, со текот на времето, некои градови тотално умираат. Некои поради војни, други поради природни катастрофи, трети поради грешки на човекот. Сепак, нивните остатоци остануваат да сведочат за животот и историјата на местата, но мораме да се согласиме, сите тие делуваат многу морничаво.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

      rn011

    • Локација: Припјат, Украина (100 километри оддалечен од Киев)
    • rn011

    • Напуштен од: 1986 година
    • rn

    rnПриказна: На 26 април, 1986 година се случи големата експлозија во Нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа на 14,5 километри северно од градот. Повеќето вработени во централата живееле во градот, кој бил изграден токму за таа намена. Иако се преземени сите соодветни мерки за изолирање на реакторот, сепак градот и понатаму останува несигурен за живот. Засега во градот се врати само дивиот свет. Волците ловат диви свињи помеѓу опустошените згради и во напуштениот забавен парк, кој за некое чудо беше отворен утредента после експлозијата, за време на евакуацијата.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Оваа област наречена Сан Жи оригинално беше предвидено да биде одморалиште за американските војници, кое се наоѓа северно од Тајпеј. Местото е многу познато по неговата архитектура и често се вели дека има НЛО-шмек. Сепак, изведбата наиде на тешкотии уште на самиот почеток. За време на изградбата многу работници починале во сообраќајни и многу други невообичаени незгоди. Отприлика загинале околу 20 луѓе, а за секоја незгода се верува дека имало натприродна причина за нејзиното случување. Некои шпекулираат дека одморалиштето било изградено врз холандски гробишта, други пак несреќите ги препишуваат на статуата на змејот која била уништена за време на градењето. Во секој случај, местото никогаш не ги дочека своите први гости, а проектот беше напуштен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rnПриказна: Некогаш успешна рударска заедница за дијаманти, Колманскоп сега е пустински град на духови, каде што во куќите е добредојден само песокот. Пустинскиот град бил изграден кога Германци откриле големи минерални богатства во регионот. Тие го изградиле градот во германски стил, со театар, сала за балови, како и со трамвајски систем, прв во Африка. Пустината го проголтала градот, откако рударите се отселиле. Песокот ги преплавил куќите, ги покрил улиците и полека ги избришал знаците од цивилизација.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Во 1962 година, избувнал пожар во една депонија во градот. Пожарот кој брзо се ширел ги потпалил и наоѓалиштата за јаглен кои се наоѓаат под градот и оттогаш до ден денеска, огнот не престанува. Чад излегува од дупките по улиците и огромни дупки ненадејно се отвораат насекаде по земјата испуштајќи пламени и топлина која достигнува до 1.000 степени. Градот пополека низ годините бил евакуиран, иако мал дел од жителите сè уште не сакаат да се иселат, верувајќи дека се случува заговор против нив од страна на државата, за да им бидат одземени имотите под кои се наоѓаат големи наоѓалишта на јаглен.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Од 2005 година овој град е заштитен од УНЕСКО. Хамберстон бил рафинерија за шалитра и се наоѓал во пустина, северно од Чиле. Животот во Чилеанскиот пампас бил екстремно редок, а населбата како Хамберстон била живеалиште и место за работа на многу рудари. Сепак, непријателската животна средина се покажа како непријатна и заканувачка по животот на жителите.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: За време на златната треска и во неговите најдобрите времиња, Боди бил еден од најголемите градови во цела Калифорнија. Боди прераснал во место исполнето со карактеристики на голем град, како што се цркви, болници, пожарни, па дури и кинеска улица. Денеска градот е празен и посетителите можат да прошетаат по улиците на надежта и златото.rnrn10 најморничави напуштени градовиrn

    rn Приказна: Илјадници грчки христијани живееле неколку стотици години во овој град, јужно од Фетие, во југозападна Турција. Овој град останал празен по Грчко-Турската војна. Повеќе од 500 куќи и неколку цркви скапуваат во оваа градина на распаѓачки скулптури. Некои се надеваат на повторно оживување на овој град, како што се фармерите и занаетчиите кои почнаа да го населуваат, но во многу мал број.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.