КАФЕ ПАУЗА

Tag: власт

  • Книга: „Ќерката на Сиена“ – Марина Фиорато

    Книга: „Ќерката на Сиена“ – Марина Фиорато

    Во срцето на Тоскана страстите се вжештуваат, а желбата за власт и моќ поттикнува многу интриги и валкани игри…rnrnКнига: „Ќерката на Сиена“ – Марина ФиоратоrnrnСекоја година во Сиена, Тоскана, се одржуваат две коњски трки „Палио“. Овој пат трката не е само натпревар помеѓу дистриктите туку многу, многу повеќе од тоа. Впрочем, августовската трка „Палио“ во 1723, ќе покаже дали плановите на деветте здружени семејства ќе успеат и дали војвотката ќе ја загуби својата власт во Сиена. Ако во 1230, Фирентинците фрлале тела на магариња надевајќи се дека труповите ќе предизвикаат чума и помор, тогаш како да се интерпретира трупот на пцовисаното магаре фрлен преку ѕидот на Камолија?rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnСиена, 1723. На вториот ден од пеколно-жешкиот јули се одржува првата коњска трка „Палио“ за таа година. Страстите се разгорени. По цела година подготовки, десет натпреварувачи со своите десет коњи од десет градски контради ќе си ги одмерат силите. Секој сака победа, секој го посакува победничкиот трофеј. Луѓето незапирливо навиваат. За само неколку отчукувања на срцето и ќе се знае победникот. Меѓу многуте граѓани собрани на големиот плоштад, само една девојка не навива туку тивко и од сè срце се моли нејзиниот свршеник да загине во трката.rnrnТаткото на прекрасната Пија ја дава ќерка си, за нејзино огромно изненадување, на синот на Фаустино. Ја предава на своите дотогашни противници, на нечесното семејство од контрадата Орел. Пија ќе послужи како средство за склопување договор за идна соработка меѓу двете семејства. Да, нејзините молитви ќе се исполнат и злобникот Виченцо загинува во трката, но нејзиниот хорор нема да престане тука.rnrnПо погребот на Виченцо, се спрема свадбата на Пија и помладиот син на Фаустино кој е пострашен дури и од неговиот брат. Затоа во плакарот на Пија стојат два фустани. Едниот црн, а другиот бел. „Црниот за утре, белиот за задутре.“rnrnВтората „Палио“ трка треба да се одржи наредниот месец. Во меѓувреме сојузниците од деветте дистрикти тајно се состануваат и кројат злобни планови за да ја симнат војвотката Виоланте од тронот во Сиена и да ја преземат власта во свои раце.rnrnНо Виоланте е паметна жена. Таа знае дека нешто е гнило во нејзиниот град, па формира мал сојуз за спасување на Сиена од птиците грабливки. Рикардо Бруни, коњаникот кој на „Палио“ се натпреваруваше за својата контрада Кулата, одлучува да застане на страна на војвотката. А добиваат помош директно од замокот на Орелот, од снаата на Фаустино, убавата Пија.rnrnДодека траат сите тие збиднувања, во центарот на смртоносното ривалство, забранетата љубов меѓу Рикардо и Пија сè повеќе се разгорува.rnrnНа што сè се подготвени деветте сојузници за да добијат власт и моќ? Дали може да се стигне до незаслужена власт без валкани интриги и нечесни игри? Што прават оние кои изгубиле памет од жедта за сила и авторитет? Какви мрачни тајни крие владејачкото семејство Медичи и која е суровата лага која пред 20 години целосно ѝ го променила животот на добрата војвотка Виоланте?rnrnДали и Пија ќе ја снајде истата судбина како и нејзината имењачка опишана во чистилиштето на Данте?Книга: „Ќерката на Сиена“ – Марина ФиоратоВласт, моќ, пари, гревови и нечесни игри. Човечкото ненаситно око секогаш бара повеќе. Како љубовта би победила во тешкото ривалство создадено од оние желни за владеење? Книгата ме остави без зборови. Спаѓа во оние дела кои не можете да ги оставите да мируваат бидејќи силно ве јаде неизвесноста за тоа што ќе се случи потоа. Во тие неколку дена и јас живеев во XVIII век. Навивав за љубовта на Пија и Рикардо. Останував без здив додека ја следев тешката борба против нечестивите. Сочувствував со несреќната Пија која припадна во рацете на еден ѕвер и заедно со војвотката кроев планови за спас на градот. Да, ова е книга која ќе ве обземе целосно и ќе ве направи дел од случувањата во срцето на Тоскана.rnrnФиорато е неверојатна писателка. Влијанието на Шекспировите драми врз нејзиното творештво е видливо, но сепак гради сопствен стил. И таа исто како и Шекспир ќе искористи еден од италијанските градови како место на случувањето и преку своите ликови во реално светло ќе ги прикаже негативните човечки особини, ставајќи акцент врз мрачните тајни кои обично се кријат во познатите и богати семејства. Ќе ги одгатне тајните симболи на секоја контрада претставени преку животното чие име го носи контрадата. Се осврнува на братоомразата, хомосексуалноста, криминалот, убиствата и силната желба за власт кои резултираат фатално. Една од темите е и положбата на жената во општеството во тоа време и правата на сопственост врз неа кои мажот ги уживал.rnrnМе понесе деталното раскажување на авторката, никогаш претерано, а секогаш прецизно. Пред да се одлучам цврсто да ја обожувам книгава, на мене влијаеше и историската прецизност, места и симболи кои навистина постојат, факти кои се непобитни, поврзаност на ликовите со други ликови од историјата и загатките со скриено значење. Ја препорачувам како ниедна друга книга досега.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 8 октомври 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Генијалните мисли на Џорџ Бернард Шо

    Генијалните мисли на Џорџ Бернард Шо

    Англискиот гениј со ирско потекло, Џорџ Бернард Шо светот го памети како најдуховитиот драматург на 20-от век. Бил мистик, визионер, социјалист и идеалист со остри критики за општеството. Тој е меѓу најчитаните музички и театарски критичари, како и меѓу најцитираните личности…rnrnГенијалните мисли на Џорџ Бернард Шоrnrn

    „Многу одамна научив дека никогаш не треба да се борите со свиња, зашто на крајот и двајцата ќе се извалкате, но свињата ќе ужива во калта.“

    rn

    „Не престануваме да играме бидејќи сме остареле, туку остаруваме бидејќи престануваме да играме.“

    rn

    „Демократијата е процес кој ни гарантира дека нема да добиеме подобро владеење од она кое го заслужуваме.“

    rn

    „Животот ги изедначува луѓето. Смртта ги открива истакнатите.“

    rn

    „Секој што тврди дека бракот е лотарија, ù прави лоша реклама на лотаријата.“

    rn

    „Прашања на кои е најтешко да се одговори, се оние чиј одговор е очигледен.“

    rn

    „Опасно е да бидете искрени, ако истовремено не сте и глупави.“

    rn

    „Мажите посакуваат сè што немаат, а жените само она што го поседуваат другите жени.“

    rn

    „Никогаш немој да му одолеваш на искушението. Пробај сè, а цврсто држи се до она што е добро.“

    rn

    „Потрудете се да го добиете она што го сакате, во спротивно ќе ве принудат да го сакате она што ќе го добиете.“

    rn

    „Куќата е затвор за девојките, а работилница за жените.“

    rn

    „Кој има волја, има и начин.“

    rn

    „Кога ќе го удрите своето дете, потрудете се да бидете гневни, дури и по цена да му нанесете голема болка. Ладнокрвниот удар, не може и не смее да се прости.“

    rn

    „Не е вистина дека власта ги расипува луѓето. Вистина е дека ако будалите дојдат до власт, ја расипувааат власта.“

    rn

    „Доблеста не е во воздржување од пороците, туку во немањето желба за нив.“

    rn

    „Алчноста за пари е извор на сите зла.“

    rn

    „Ако се скинат сите конци, човек ќе нема повеќе ни на што да се обеси.“

    rn

    „Не знае ништо, а мисли дека знае сè. Очигледно е дека ќе има политичка кариера.“

    rn

    „Животните се мои пријатели, а јас не ги јадам пријателите.“

    rn

    „Луѓето кои велат дека нешто не може да се направи, не треба да ги прекинуваат оние кои веќе го прават тоа.“

    rn

    „Секогаш бидете чисти, бидејќи вие сте прозорецот низ кој го гледате светот.“

    rn

    „На крајот, и погрешниот пат секогаш води некаде.“

    rn

    „Правило е никогаш на своето дете да не му давате книга, која ни самите не би ја прочитале.“

    rn

    „Оптимистите и песимистите подеднакво придонесуваат за општеството. Оптимистите го измислиле авионот, а песимистите падобранот.“

    rn

    „Лоши луѓе се оние кои не знаат за љубов, и затоа не знаат ни за срам. Тие имаат снага да побараат љубов, бидејќи не им треба, и имаат храброст да ја нудат, бидејќи немаат што да дадат.“

    rn

    „Младоста е потрошена на младите.“

    rn

    „Нема поискрена љубов од љубовта кон храната.“

    rn

    „Комарците само нè потсетуваат дека ние не сме на врвот на синџирот на исхрана.“

    rn

    „Кога човекот убива тигар, тоа се нарекува спорт, а кога тигарот убива човек, тоа е крвожедност.“

    rn

    „Животот потрошен на правење грешки е пострашен, но и покорисен од животот потрошен на неправење ништо.“

    rn

    „Животот не престанува да биде смешен кога луѓето умираат, исто како што не престанува да биде сериозен кога луѓето се смеат.“

  • Најмоќните жени-владетелки низ историјата

    Најмоќните жени-владетелки низ историјата

    Сите знаеме дека светот се врти околу жената, но низ историјата постоеле жени кои буквално владееле со светот или барем со поголем дел од него. Тоа се жени кои остро се спротивставиле на обезвреднувањето на жената и докажале дека се еднакво способни да владеат како и мажите. Од сите владетелки низ историјата, издвојуваме осум кои навистина оставиле белег за своето време.rnrnКлеопатра – прочуена египетска кралица чие полно име е Клеопатра VII Филопатор (69 г.п.н.е. – 30 г.п.н.е.) била припадничка на Птоломејската династија и владеела со Стариот Египет. Нејзиното владеење започнало од 51 г.п.н.е. кога имала само 18 години. Нејзин прадедо бил Птоломеј I, еден од генералите на Александар Македонски и како што се верува, исто така бил полубрат на Филип Македонски, со што се потврдува дека Клеопатра имала македонско потекло. Откако Гај Јулиј Цезар го победил нејзиниот постар брат, таа застанала на престолот на Египет. По нејзината смрт изумрела и династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција.rnrnНејзиниот живот, а воедно и нејзиното владеење биле бурни и динамични. Според египетските обичаи таа била принудена да се омажи за нејзиниот брат, а во меѓувреме му станала љубовница на Цезар. Подоцна таа наредила да се убие брат ѝ Птоломеј XIV со цел нејзиниот син Цезарион, чиј татко бил Цезар, да застане на престолот. Исто така, му била љубовница на Марко Антониј со кого имала три деца.rnrnВо литературата и уметноста била честа тема и инспирација. Нејзиниот лик сè до денес во литературата е прототип на демонска жена која е фатална за мажите.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnКралицата Теодора – (497 – 548 г.н.е.) – сопруга на византискиот император Јустинјан I, а воедно и владетелка на Римската империја. Таа е прогласена за светица од страна на грчката христијанска црква, и се верува дека била највлијателна и најмоќна жена во историјата на Римската империја. rnrnПред нејзиниот брак со Јустинјан I, Теодора била актерка и ги забавувала благородниците, водејќи нечесен начин на живот. Подоцна се придружила кон христијанското движење, но продолжила да работи како актерка, привлекувајќи му го вниманието на Јустинјан, внук и наследник на императорот Јустин. Се омажила за Јустинјан I во 523 г.н.е, поради што бил променет законот кој забранувал благородник да стапи во брак со актерка. rnrnТеодора уживала голема почит од страна на нејзиниот сопруг. Јустинјан се консултирал со својата сопруга при донесување на важни државни одлуки, што покажува дека ја сметал за свој интелектуален партнер. Меѓу другото, позната е по задушување на бунт кренат против Јустинјан.rnrnТеодора се борела за поголеми права на жените, градела цркви, поставувала закони против присилната проституција и поставила смртна казна за силување.rnrnОстанува запаметена не само како најмоќна жена-владетелка на римската империја, туку и како многу контроверзна личност. Прво била проститутка за подоцна да се приклучи кон религиското движење. Иако позната по добротворната работа, многу историски извори покажуваат дека се служела со многу интриги за да дојде и да остане на власт. Во бракот со Јустинјан немале деца, но Теодора ја омажила внука си со наследникот на Јустинјан, Јустин II. rnrnПочинала од рак во 548 година.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnЕлеонор – кралица на Англија – родена во 1122 година, а починала на 1 април 1204 година. Таа била сопруга на англискиот крал Хенри II и се смета за една од најмоќните и најбогати жени во свое време.rnrnУште како дете добила големо образование и го проучувала латинскиот јазик, а по смртта на својот татко, на само 15 годишна возраст станала војвотка на Аквитанија претворајќи го местото во еден од најголемите културни и интелектуални центри во северна Европа. Се омажила со францускиот крал Луј VII и заедно со него учествувала во Втората крстоносна војна, но по раѓањето на своето второ дете се развела поради неговото неверство. Подоцна стапила во брак со Хенри II, со кого имала 5 сина и три ќерки.rnrnНо, кога во 1170 бил убиен еден архиепископ поради противење на одлуките на кралот Хенри, Елеонор кренала народен бунт против својот сопруг, земајќи на своја страна тројца од нејзините синови. Бунтот траел цела година, а на страната на Елеонор застанале многу нејзини поддржувачи од народната маса. Откако бунтот бил растурен и прекинат, таа била казнета со 16 години затвор.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnХатшеспут е една од најмоќните жени во античкиот свет и една од најуспешните монарси во антички Египет. Таа била петти фараон од осумнаесеттата династија во Египет и владеела подолго од која било владетелка во египетската историја.rnrnПо смртта на нејзиниот татко Тутмос I, владеела заедно со својот полу-брат. Но по неговата смрт, Хатшеспут владеела самостојно сè до крајот на нејзиниот живот во 1458 г.п.н.е. Нејзиното владеење е одбележано со многуте проекти за градење и промени, претворање на јужниот дел од Египет во софистицирано место за живеење, како и носењето на успешни воени кампањи во Нибија, Левант и Сирија.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnМарија Тереза од Австрија – (13 мај 1717 – 29 ноември 1780 год.) била единствениот и последен женски владетел од династијата Хабзбург, наследувајќи го својот татко – императорот Карл VI. Поради тоа што била единствен наследник на императорот, Марија се соочила со многу негодувања и несогласувања.rnrnИстата година откако дошла на власт во 1740, Фредик II започнал војна за добивање на австриското наследство. Тој одбивал да ја признае Марија Тереза за вистински наследник на престолот, и покрај тоа што му имал ветено на нејзиниот татко дека ќе ја поддржи во наследувањето на круната, па дошло до конфликт на кој таа се спротивставила достоинствено, ангажирајќи војници и купувајќи унгарско оружје. Така војната, која во историјата е уште позната како Војна за австриското наследство, завршува во 1748 со потпишување на мировен договор.rnrnНејзините реформи за зајакнување на државата биле успешни. Таа донела многу економски и политички промени во државата, како зголемување на армијата, покачување на даноците со цел да има постојани приходи за владата и војската, централизирање на владата во една административна канцеларија и започнувањето на Дипломатската револуција во 1756 година кога стапува во коалиција со Франција за успешно да ја одбрани својата држава од Прусија и Велика Британија.rnrnНејзиното владеење ќе биде запаметено и по основањето на Кралската академија на науките и литературата во Брисел, донирањето парични средства за усовршување на медицинскиот факултет на универзитетот во Виена, како и ослободувањето од смртна казна и воведување на задолжително образование.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnЕлизабета I била неверојатен владетел и можеби првата жена која официјално со сите почести била крунисана за кралица на Англија. Нејзиното владеење е познато како Златната ера во англиската историја, а во времето додека владеела, во Англија се истакнале познати поети како Шекспир, Марлоу и Спенсер, носејќи ја ренесансата во Англија.rnrnБидејќи никогаш не стапила во брак, уште е позната како Кралицата-девица. Таа била ќерка на кралот Хенри VIII. Елизабета владеела од 1558 година па сè до нејзината смрт во 1603 и е последен владетел од династијата на Тудорите, одбележувајќи го своето владеење како ерата на Елизабета во Англија.rnrnЕлизабета била вистински интелектуалец и многу паметен владетел. Симпатизирајќи го протестантското движење, ја претвора Англија во протестантска нација, но исто така ги почитува другите религии. Нејзиното владеење со години било попречувано од нејзината братучетка Марија – кралицата на Шкотите, која се борела за Англискиот трон бидејќи се чувствувала како вистинскиот наследник на престолот. Таа подготвувала заговор против Елизабета со години, па поради тоа Елизабета била принудена да остане во Англија долг дел од животот. На крај, сепак и се спротивставува, па Марија е погубена во 1587 година. Во текот на нејзиното владеење Англија станува најголема светска сила.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnКатерина II – уште позната како Катерина Велика, била руски владетел. Најдолго задржувајќи се на тронот на руската империја, таа водела успешни освојувачки војни проширувајќи ја својата држава на запад и го приклучила Кримскиот остров кон Русија. Како резултат на ова, Русија за време на нејзиното владеење била најголема сила во Европа. Нејзиното владеење траело од 1762 до нејзината смрт во 1796, односно владеела 34 години.rnrnКатерина била родена во денешна Полска, а откако успешно го совладала рускиот јазик, се преселила во Русија станувајќи сопруга на рускиот престолонаследник Петар III. Откако својот сопруг го видела како арогантен и незрел, Катерина во заговор со царската стража направила државен удар против Петар III, преземајќи го неговото место на чело на Руската држава.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјатаrnrnКралицата Викторија – англиска кралица која со сигурност заслужува голема почит и восхитување. Владеела 64 години, од 1837 до 1901 година, а за време на нејзиното владеење Англија толку се проширила што станала вистинска светска сила. Затоа се вели дека во Викторијанската ера, Англија била толку голема што сонцето никогаш не заоѓало над неа.rnrnНејзиното владеење бележи големи промени во британските институции и владата, но исто така и во секојдневниот живот на граѓаните. Таа водела скромен живот за разлика од другите владетелки, и затоа била многу почитувана од страна на народот. По смртта на нејзиниот сопруг, принцот Алберт, таа никогаш не се премажила, продолжила да живее скромен живот секогаш носејќи црна облека. Во 1868 година, издала книга базирана на сопствениот дневник, илустрирана со многу слики од нејзиното семејство.rnrnПознатата британска премиерка Маргарет Тачер, за време на 80-те, се трудела да ги воспостави повторно Викторијанските вредности на животот кои ги проповедала кралицата Викторија за време на нејзиното владеење. Еден од најголемите такви вредности била дисциплината и почитта во едно семејство.rnrnНајмоќните жени-владетелки низ историјата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде цртањето графити е легално?

    Каде цртањето графити е легално?

    Без разлика дали го сметате за вандализам или за неопходност на урбаното живеење, цртањето графити е забрането. Тоа е општествено најмалку прифатената форма на уметност, па можеби поради тоа предизвика толку голем отпор и опстана како супкултура. Сепак, со афирмацијата на хип хоп културата во последните години, односот кон неа почна да се менува, па веќе некои градови одвојуваат простор каде што цртањето графити е легално.rn

    Мелбурн

    rnrnВластите на Мелбурн ја одредиле улицата Хосиер Лејн како место каде што графити-уметниците можат да се изразат. И не само што овде тоа е легално, туку и се поттикнува, така што улицата е вметната во сите туристички водичи како атракција која мора да се посети. Дури и мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити Бенкси оставил свој „отпечаток“ овде, а сопствениците на зградата веднаш поставиле стакло за да го заштитат неговото дело.rnrnКаде цртањето графити е легално?rnrn

    Венис Бич, Калифорнија

    rnНа Венис Бич во Калифорнија има ѕид којшто никогаш не е сив и каде никогаш не е здодевно, затоа што минувачите постојано имаат можност да ги следат уметниците на дело. Ѕидот е многу популарен меѓу уметниците, па нивните цртежи ретко се задржуваат подолг период, поради тоа што секогаш доаѓа некој друг што црта нешто ново врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Париз

    rnПариз е град на уметноста и има повеќе места каде што е овозможено изразување преку графити. Оние што имаат намера да цртаат овде нема зошто да се плашат од полицијата, но проблем може да им претставува територијалноста на одредени групи на графити-уметници. Постојат случаи каде што тие дури применуваат и насилство со цел да го одбранат просторот каде што тие цртаат.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Квинс, Њујорк

    rnВо блокот 5Поинтз во Квинс, Њујорк, секој уметник на графити може слободно да се изрази без да биде задеван од полицијата, но само по претходно одобрување од Мерес Уан – кураторот и основач на „5Поинтз“, арт-центар за уметници кои работат со аеросол.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Цирих

    rnЦирих важи за еден од најчистите градови во светот, а неговите жители отсекогаш се труделе и ѕидовите да ги одржат чисти. Но, со менувањето на односот кон графити-уметноста, градот издвои еден мал простор каде што тоа може да се практикува. Роте Фабрик порано било местото каде што цртачите се прикрадувале за нелегално да ја реализираат својата страст, а денес не само што тоа е едно од ретките места во светот каде што тоа е дозволено, туку е и поддржано од властите.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Копенхаген

    rnКопенхаген е познат како еден од најлибералните градови во светот, меѓу другото и заради тоа што на одредени локации дозволува цртање графити. На ѕидот кај Сидхавнен секој ден има артисти кои работат, а нивните дела траат по неколку дена додека не дојде некој друг да црта врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Тајпеј

    rnИако тајванската престолнина сè уште не ги легализирала графитите, сепак тоа не се смета за вандализам и полицијата не им прави проблеми на цртачите, сè додека сопствениците на ѕидовите не се пожалат.rnrnКаде цртањето графити е легално?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.