Сетете се на ова кога некој ќе ви каже „време ви е…“ или „зошто сè уште не сте…“rnrn
rnrnНекој дипломира на 22-годишна возраст, а потоа бара работа три години.rnrnНекој станува успешен директор на 25 години, а умира на 50.rnrnДруг станува директор на 50 години и живее 90 години.rnrnНекој е уште сам, а некој веќе има семејство и деца.rnrnМакрон стана претседател на 39 години, а Роберт Мугабе на 63 години.rnrnШумахер стана шампион на 25-годишна возраст, Нино Фарина првпат победи на трка на 44-годишна возраст.rnrnВорен Бафет стана милијардер на 56 години, а Цукерберг на 23 години.rnrnКајли Џенер стана најмладата милијардерка на 21-годишна возраст, оставајќи ги далеку зад себе сите други млади машки милијардери.rnrnСекој на овој свет води своја трка и оди по својот пат, во свое време.rnrnВремето е различно за секого.rnrnКога ќе размислите подобро, сè во светот се одвива во својата временска зона.rnrnВашите пријатели може да бидат пред вас, а некои може да останат зад вас.rnrnСето тоа е природно.rnrnСекој живее во својата временска зона.rnrnНе треба да завидувате и да се споредувате со другите затоа што тие се во нивната временска зона, а вие сте во вашата.rnrnЖивотот е момент, чекање да се искористи вистинската можност.rnrnЗатоа, опуштете се и уживајте.rnrnНе доцните.rnrnНе сте подраниле.rnrnПристигнувате во вистинското време.rnrnПрочитајте кога е вистинското време да го средите вашиот живот и да станете сериозна личност.
Tag: вистинско
-

Ниту сте задоцниле, ниту сте подраниле: Не е сè во свое време, туку сè е во ваше време
-

10 работи коишто вреди да ги промените за вистинското момче
Кога ќе се вљубите и ќе бидете во врска, голем дел од вашата рутина ќе се измени. Секако дека и двајцата ќе морате да ги усогласите своите активности и својот дневен распоред, а тогаш доаѓа и моментот кога треба да размислите што е тоа од што треба и вреди да се откажете? Иако секоја врска не е иста, постојат работи коишто заслужуваат да бидат променети кога ќе го пронајдете вистинското момче. Еве една ваква листа.rnrn
rn1. Работата за време на викенд
rnКолку и да сте насочени кон кариерата и личното напредување на ова поле, сепак, за некој кој се грижи за вас и за вашата иднина, вреди да ја жртвувате работата за време на викендите (секако, доколку тоа е возможно). Поминатото заедничко време и споделените заеднички моменти звучат како подобра идеја.rn
2. Природата на вашата личност
rnМожеби не сте голем авантурист и не обожавате патувања, но за вистинската личност вреди да го промените ова. Кога знаете дека патувате со некој што го сакате, може да пронајдете возбуда при патувањето за којашто не сте ни знаеле дека постои. Заедничкото искуство не смеете да го пропуштите.rn
3. Одлуката да имате деца
rnДенес е навистина тешко да се пронајде некој со кој ќе можете да споделите вистинска љубов. Доколку сметате дека сте го пронашле вистинскиот партнер за вас, не откажувајте се од вистинската љубов доколку тие во моментот не сакаат деца. Животот е полн со изненадувачки моменти и пресврти, па планирањето деца еден ден ќе биде ваш приоритет.rn
4. Некои од вашите дневни навики
rnНема ништо лошо во тоа да сте зависник од филмови и серии, па нетрпеливо да чекате да излезе новата епизода или новата сезона. Но, што доколку вашиот партнер повеќе сака излегувања и забави? Тогаш, вреди да ги оставите вашите дневни навики и да се вклучите во забавата. Секако, ова нема да се случува секоја ноќ, но се чини бесмислено да останете цело време гледајќи филмови и серии, кога има уште толку многу работи што можете да ги правите заедно со вашиот партнер.rn
5. Грижливата природа
rnДоколку сте личност којашто се грижи за многу работи, дури и за оние коишто не треба, вистинскиот партнер може да ви го промени ова. Кога ќе поминувате време со вашиот партнер вие би биле премногу зафатени за да трошите време на непотребни грижи.rnrn
rn6. Организационите навики
rnМожеби сте познати како премногу организирана личност којашто сака сѐ да биде однапред испланирано и организирано, но дефинитивно ова вреди да го промените за вистинската личност. Кога ќе се опуштите со вашиот партнер ќе бидете сосема исполнети, па многу од вашите планови ќе бидат направени во последен миг.rn
7. Желбата за селфиња
rnИако повеќето обожаваат селфи фотографии, постојат и такви коишто го избегнуваат. Ако сте дел од втората група, тогаш вреди да го промените ова за вашиот вистински партнер. Селфињата за време на прошетка или едноставно додека одморате дома можат да бидат навистина забавни. Секако, не мора да ги споделувате на социјалните мрежи, ова може да ви биде само прекрасен заеднички спомен.rn
8. Вашите расудувања
rnКога сте сингл, полесно е да им судите на другите. Но, кога ја имате вистинската личност вие сте фокусирани најмногу на вашиот живот и на вашата среќа, па не постои време за судење на другите.rn
9. Вашите очекувања
rnКако и секој друг и вие имате одредени очекувања од животот и тие може да бидат различни во различен животен период. Кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер вашите очекувања ќе се променат. Не грижете се, вреди да го смените ова за вистинското момче, а притоа заеднички да ги барате вашите очекувања од животот.rn
10. Местото на живеење
rnСигурно сте поврзани со местото каде што живеете. Вашата соба, вашето маало, продавниците и сѐ она што ве окружува. Но, кога ќе го пронајдете вистинскиот партнер овие работи мора да се изменат, а кога сте со саканата личност тоа воопшто и не е важно!
-

Навики коишто ќе ви помогнат да ги откриете вистинските аспекти на вашата личност
Секоја личност има своја животна приказна, а со тоа и одредени пречки коишто треба да ги помине. Животот нуди и успеси и падови, но најважно е да не се откажувате, зашто тоа ќе ве направи посилна и поиздржлива личност. Секоја случка може да ве промени и да ви го смени начинот на којшто гледате на некои работи. Но, покрај тоа, можете да дознаете многу работи за себе и да се запознаете со поинакви аспекти од вашиот карактер. Практикувањето некои навики може да ви помогнат да се пронајдете себеси, а еве некои од нив.rnrn
rn1. Остварете контакт со вашето тело и со вашиот ум
rnЈогата и медитацијата можат многу да ви помогнат во ова. Тие не само што ќе го зајакнат вашето тело, туку ќе ви помогнат и во одржувањето на вашето ментално здравје, а и да допрете до подлабоките места во вашата личност.rn
2. Вратете се во минатото
rnПобарајте ги старите слики од детството и од своите тинејџерски години. Обрнете внимание на тоа какви сте на секоја слика во одреден период. Забележете го начинот на облекување, изразот на лицето, начинот на којшто го држите вашето тело или пак која личност е до вас. Преку ова полесно ќе можете да ги сфатите вашите промени коишто настанале до денес.rn
3. Започнете да пишувате за вашето детство
rnНе мора да бидете професионалец за да го направите ова, а и не мора да го споделувате со никого доколку не сакате. Потсетете се и запишете ги најдобрите неколку настани од вашето детство, па потоа прашајте се: Како овие искуства ви послужиле во животот? Што научивте од нив? Како тие влијаеле да бидете она што сте денес?rnrn
rn4. Поставете си неколку прашања
rnШто сте сакале да направите кога сте биле дете? Кои биле вашите соништа? Како сте се менувале со текот на времето? Дали и кога почнавте да ги играте улогите коишто ви биле доделени од другите, наместо да бидете она што навистина сте? Запишете ги вашите одговори и размислете подлабоко околу вашиот живот.rn
5. Прошетајте сами во природа
rnПриродата има свој начин со којшто влијае на умот. Поминете неколку часа шетајќи во природа, а доколку сте во можност, отидете некаде каде што никогаш не сте биле. Забележувајте ги сите знаци коишто ви ги нуди природата, а пред да се вратите дома од својата мала прошетка, понесете со себе нешто што ќе ве потсетува на неа. На пример, тоа може да биде некој лист или пак камен којшто ќе ве потсетува на вашето мало патување. Потоа, седнете и запишете ги вашите мисли и впечатоци. Ова ќе ви помогне да продолжите понатаму и да пронајдете многу скриени аспекти од вашата душа.rn
6. Споделете ги своите мисли со вашите пријатели
rnСподелете ги своите мисли и искуства со вашите пријатели и истомисленици. Разменувањето меѓусебни искуства може да придонесе да дознаете некои работи за себе за коишто не сте биле свесни, а слушајќи ги туѓите приказни ќе имате можност да учите од нивните грешки и да продолжите напред.
-

Дали ги правите секојдневните работи во вистинското време?
Резултатите од новите студии покажуваат дека многу веројатно е работите коишто ги правите секојдневно, да не ги правите во вистинското време.rnrn
rnrnСите сме запознаени со тоа дека вистинските зборови кажани во вистинско време, носат најдобри резултати. Исто така, кога е во прашање извршувањето на некои работи, навистина е важно кога ги правиме истите, затоа што со тоа го подобруваме нивното дејство и ги спречуваме несаканите ефекти. Погледнете дали и вие ги извршувате овие неколку работи во нивното вистинско време.rnКога би требало да ги земате лековите за крвен притисок?
rnНавистина постои оптимално време за земање на лековите коишто влијаат на кардиоваскуларното здравје. Лековите коишто го намалуваат лошиот холестерол би требало да се земаат навечер, затоа што тој е најголем во текот на ноќта. Меѓутоа, тоа се однесува само на лековите чиешто дејство престанува после два-три часа. Вообичаено на луѓето коишто пијат лекови за регулирање на крвниот притисок им се советува да ги земаат наутро, затоа што телото испушта утринска доза од хормонот кортизол. Утрото исто така е добро време за земање диуретици, за пациентите да не морат во текот на ноќта постојано да одат во тоалет.rn
Користете антиперспирант пред спиење
rnПовеќето луѓе нанесуваат антиперспирант веднаш штом ќе станат, затоа што тоа изгледа како добар начин да се започне денот. Меѓутоа, студиите покажува дека е подобро да го нанесете пред спиење, за да има поголем ефект. Едно неодамнешно истражување, спроведено на 60 жени помеѓу 18 и 65 години покажува дека кај жените коишто ставиле антиперспирант навечер, значително е намалено потењето во однос на жените коишто го користеле наутро. Иако не е сосема јасно како тоа функционира, се претпоставува дека антиперспирантот навлегува во порите во текот на спиењето, па наредниот ден трае подолго. Ако го нанесете наутро, потта само ќе го отстрани. Нанесувањето пред спиење се препорачува и за кремите.rnrn
rnЛекови за рак коишто ви помагаат додека спиете
rnНаучниците истражуваат како би можел да се искористи внатрешниот часовник во човековото тело за да ја направи поефикасна хемотерапијата. Веќе се користат лекови коишто делуваат во текот на ноќта, кога телото се одмора, но и понатаму се вршат истражувања за да се утврди точниот процес којшто би дал најдобри резултати. Во текот на сонот значително е намалена активноста на дигестивниот систем, па се препорачува земање лекови за тврда столица, непосредно пред спиењето. Суштината е дека е намалено функционирањето на цревата, па лековите имаат време да делуваат. Кога се во прашање пак лековите коишто спречуваат произведување на киселина, тие најдобро е да се пијат наутро, 30 минути пред јадењето, затоа што храната ќе го стимулира произведувањето на киселина.rn
Кога да користите лекови за астма?
rnСимптомите на астма се најлоши во текот на ноќта затоа што тогаш е најниско нивото на хормонот кортизол којшто има антивоспалително дејство и на, како и на адреналинот, којшто помага бронхиолите да останат отворени и опуштени. Па, дишните патишта се стеснуваат пред будење, што исто така може да ги влоши симптомите. Поради тоа се препорачува лековите за астма да се земаат пред спиење.rnrn
rnКако да се снајдат оние коишто работат во смени?
rnМногумина работат во различни смени, што може да влијае на нарушување на нивниот внатрешен часовник и притоа да им го отежни најдоброто време за земање одредени лекови. Поради тоа, лекарите ним им препорачуваат лекови како што е аспиринот, којшто треба да го пијат веднаш штом ќе станат, диуретиците да ги пијат во време кога се активни и слично.rnrnСекако, не заборавајте да се советувате со вашиот лекар за да постигнете најдобри резултати!
-

Вистинското значење на некои зборови кои секојдневно ги употребуваме
Секој збор си има свое значење, но реалноста честопати покажува дека имаат и некое друго кое е поверодостојно од она што е запишано во лексиконите. Овие неколку зборови се пример за тоа.rnrn
rnrnРакоплескање – Кога сам си правиш „да пукне“ за нешто кое некој друг го постигнал.rnrnСиромаштија – Кога ти останал уште голем дел од месецот на крајот од парите.rnrnКалории – Мали штетници кои живеат во орманот и ја стеснуваат облеката секоја вечер додека спиеш.rnrnУчење – Уметноста на сурфање на интернет, гледање телевизија и јадење додека ти е отворен учебникот.rnrnСтапала – Дел од телото кој служи за пронаоѓање ситни предметчиња во темнината.rnrn
rnrnГодишнина од матура – Кога за 20 секунди сфаќаш зошто не си се видел со некој во последните 20 години.rnrnИронија – Кога на хартија црташ дрвја.rnrnМрза – Ризик да ти падне сè што носиш в раце само за да не се вратиш два пати.rnrnЛате – „Плати превисока цена за тоа кафе“ на италијански јазик.rnrnПрофесор – Човек кој ти помага да решиш проблем кој не би го имал без него.rnrn
rnrnМобилен телефон – Направа која служи да не изгледаш осамен на јавно место каде што има многу луѓе.rnrnСингл маж – Човек кој вели дека жената е за во кујна.rnrnТимска работа – Можност да се релаксираш и да ги гледаш другите како работат.rnrnПријател – Еден од многуте странци на Фејсбук.rnrnДомашно милениче – Некој кој на моменти е единствениот член од твоето семејство кој вистински го сакаш.rnrn
rnrnХипстер – Некој кој е мејнстрим во овој момент.rnrnУтре – Најдобриот момент да го сработиш она што треба да го сработиш денес.rnrnВеб-сајт за здравје – Нешто кое настинката ќе ја претвори во смртоносна болест која ќе те убие за 24 часа.rnrnТинејџер – Возраст на која си премногу млад за да направиш половина од работите кои сакаш да ги направиш и премногу стар за другата половина од нив. -

ТОЈ
Ќе те побарам за жена. Ќе видиш. Еден ден, како гром од ведро небо има да клекнам пред тебе и да ти кажам дека кога се гледам себеси во староста се гледам со тебе… гледам како ти ја држам збрчканата рака. Ама уште си убава. Многу си убава. И ќе ти кажам тогаш дека сакам да бидеш мајката на моите деца. Ти и ни една друга. Ќе ти кажам тогаш дека сè останато во животот мој било само минлива фаза а ти си она вистинското. Па ќе почнеш да плачеш. Оти си лигушка. Па низ загушен плач ќе речеш да.rnrnКога се прашуваат зошто уште си ја немаат најдено сродната душа, оној вистинскиот или онаа вистинската, јас само се мислам дали навистина го/ја посакуваат. И дали знаат што сакаат. Зошто ние луѓето во главите си креираме нешто недостижно? За да имаме изговор кога нема да го најдеме, или кога нешто добро ќе пуштиме да ни се излизга од раце? Јас вистинската никогаш не ја замислував совршена. И фуфиците кои сум ги имал биле со рок на траење.rnrnТи си толку несовршена. Навидум збунета, неретко се бламираш а и да бидеме искрени не знаеш што сакаш во поголем дел од времето. И смешна си од што си толкава плашливка. Немаш веќе 5 години за да се плашиш од грмотевици. И дај престани да трошиш толку пари на козметика бидејќи никогаш нема да изгледаш како девојките од каталозите. И затоа проклето те обожавам.rnrn
rnrnКога те погледнав за прв пат, си реков подобро да има намера да ме прави среќна до крајот на животот. И кога за прв пат ме прегрна сакав да си стоиме така а светот околу нас што сака нека прави. Има еден филм со Кевин Костнер. Стар е. Излезе во годината кога сум се родила. Сепак тој е стар а јас не сум. Секогаш мојот совршен сум го замислувала како телохранителот. Да гази сè пред себе, да постои за да ме штити, а јас да бидам по малку размазена прцла.rnrnДека девојките во одреден период во животот се привлечени од страна на лошите момци е вистина. Ама девојката ќе мине низ многу фази во животот. Ако она што го гледате пред себе ви личи на онаа вистинската за вас, не глумете кретени. Само мит е тврдењето дека девојките сакаат да бидете кретени кон нив или кон другите. Ќе го одберат оној кој ги гледа како скапоцен камен со непроценлива вредност. И само ќе замислуваат како би му рекле „да“ кога еден ден ќе го постави големото прашање. И во главите имаат милион видови „да“ за таа намена.rnrnДа, секој човек минува низ многу фази во животот. Ама постои нешто што е вечно. Нели мора да постои? Инаку која е целта?rnrnЕли rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

12 цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство
Што е животот ако немате пријатели со кои би споделиле и радост и тага? Такви кои нема да се ситат на вашата несреќа и од неа да објавуваат свој триумф туку ќе ве извлечат од калта. Ова се 12 цитати кои ја истакнуваат смислата на пријателството и кои ќе ве поттикнат да бидете уште подобри пријатели.rnrn
rnrn rn„Најдобар пријател: оној на кого не можеш да му бидеш лут долго бидејќи имаш важни работи кои мора да му ги кажеш.“ – Непознат автор
rn
„Мојот најдобар пријател е оној кој го извлекува најдоброто од мене.“ – Хенри Форд
rn
„Најдобрите пријатели не мора да разговараат секој ден. Може да не разговарате и со недели, но кога ќе се видите, исто како да не сте прекинале со зборување.“ – Непознат автор
rn
„Работите никогаш не се толку страшни кога имаш најдобар пријател.“ – Бил Ватерсон
rn
„Најдобри пријатели се оние кои твоите проблеми ги сметаат за свои само за да не мора да минуваш сам низ нив.“ – Непознат автор
rn
„Мојот најдобар пријател е оној кој кога ми посакува сè најдобро го посакува тоа за мое добро.“ – Аристотел
rn
„Добриот пријател ги знае твоите приказни. Најдобриот пријател ги проживеал заедно со тебе.“ – Непознат автор
rn
„Секој е твој најдобар пријател кога си успешен. Но внимавај луѓето со кои си опкружен да бидат оние со кои не се плашиш да паднеш.“ – Пола Абдул
rn
„Најдобриот пријател може да ти ги каже работите кои не сакаш да си ги кажеш самиот.“ – Непознат автор
rn
„Најдобриот пријател е како детелина со четири лисја. Тешко е да се најде, но среќен си ако ја имаш.“ – Сара Џесика Паркер
rn
„Непознатиот ти забива нож од напред, пријателот во грб, партнерот во срце, но најдобрите пријатели само се подбуцнуваат со сламка.“ – Непознат автор
rn
„Пријателите те честат ручек, најдобрите пријатели го јадат твојот.“ – Непознат автор
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Вистинските хероини
Планетарно популарна музичка ѕвезда изјавила дека сама им прави фризури на децата и сама им ја средува облеката. И тоа беше вест на денот на многу од оние трачарски портали задолжени за перење умови… Вау, сама им правела фризури на НЕЈЗИНИТЕ деца, леле, сакам да бидам како неа кога ќе пораснам!rnrn
rnrnНашите мајки ни правеле фризури, ни купувале облека, бдееле над нас за време на секоја болест и настинка, не пропуштиле речиси ниедна родителска средба, се грижеле и сè уште се грижат за нашата иднина, ќе ни се развикаат од љубов, нè гледаат со гордост, им навираат солзи во очите за секој наш успех макар и најмал и навидум небитен… и што уште не, нема шанси да успеам да набројам макар половина од она што го направиле за нас и она што уште го прават… а ние на кого му се восхитуваме? На музички ѕвезди, актерки, стралети (Бог да чува, другиве барем прават нешто, неа да ја прашаш нема да знае да ти одговори зошто е позната)… Тоа се нашите идоли? Жени со петстотини фризери и стилисти (па да, баш се природно убави). Не, драги мои, нашите мајки се хероини! Ако треба ќе одат со ланската облека и нема да си дозволат ни најмал луксуз за ние да го имаме она што ни треба. Па не ми е ни на крај памет да вреднувам некоја друга жена повеќе од онаа која си ја викам мама.rnrnНе дека не би требало да имаме омилени познати личности, еве лично јас сум огромен фан на многу позната пејачка. Но она што ми смета, она што ми е трн во око, е тоа што во нашето општество врие од девојки (на секаква возраст), кои секогаш на прво место на пиедесталот ставаат некакви си старлети, а не гледаат што сè некој друг направил за нив.rnrnЌе живееме поздрав начин на живот тогаш кога ќе сфатиме дека вистинските херои и идоли на кои би требало да се огледуваме се тука околу нас. Тоа се нашите мајки, тетки, стрини, баби, пријателки… Вистински херои сме ние, обичните луѓе, кои го живееме нашето секојдневие, но многу често се однесуваме како да имаме надприродни моќи. Во моите очи, мајка ми многу често се однесувала како да има надприродни моќи. Сетете се на жените со кои вие сте опкружени, нели се вистински хероини?rnrnДа се надеваме дека ќе бидеме способни да бидеме херои за нашите семејства во иднина.rnrnДо следното читање,rnrn Вашата Ели.rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Креативни цитати за вистинското пријателство
Љубовта, пријателството и семејството се основата на човечкото постоење. Затоа денес, одвојте дел од вашето време за да се потсетите на вредностите кои треба да ги крие секое вистинско пријателство, преку овие мудри мисли. Запомнете дека можеби познавате многу луѓе, но малкумина ви мислат секогаш добро.rnrn
rnrn rn„Ако твоето срце нема пријателска порта, ти си од погрешна сорта!“
rn
„Кучето за разлика од човекот има многу пријатели бидејќи мавта со опашот, а не со јазикот.“
rn
„Кога одбираш пријатели не брзај, а уште помалку кога ги менуваш.“
rn
„Вистинските пријатели се како дијаманти, ретки но скапоцени. Лажните пријатели се како есенско лисје – ги има во изобилие!“
rn
„Пријател ти е оној што може да ја препознае мелодијата на твојата душа.“
rn
„Пријателите се како парите: полесно се спечалуваат одошто се задржуваат.“
rn
„Пријател ти е тој што верува во тебе, тогаш и кога сам не веруваш во себе.“
rn
„Создавај нови пријатели, но чувај ги и старите. Првите се сребро, а вторите се злато!“
rn
„Новите пријатели се како зелени плодови: не знаеш дали ќе испаднат слатки или кисели.“
rn
„Пријателот ти е најдоброто огледало.“
rn
„Кога тишината не ти е непријатна, знаеш дека си помеѓу пријатели.“
rn
„Секој го слуша она што го кажуваш, но само пријателот може да го чуе тоа што не го кажуваш.“
rn
„Парите те прават богат, но пријателите те прават вреден.“
rn
„Ако пријателството со некого треба да го купуваш, тогаш немој воопшто да се трошиш.“
rn
„Лажните пријатели се како сенките – присутни се кога е сончево, а ги снемува кога е облачно.“
rn
„Вистинскиот пријател ќе проба да те утеши, а ако не може, ќе седи до тебе и ќе ти прави друштво.“
rn
„Пријателите се како штедна книшка: од нив можеш да извлечеш толку колку што си вложил.“
rn
„Тој што им е пријател на сите, не му е пријател никому.“
rn
„Ако за секоја своја услуга бараш противуслуга, тогаш не си подарил, туку си продал!“
rn
„Прекинатото пријателство е како скинат конец: може да се состави, но јазолот ќе остане.“
rn
„Пријател е оној што твоите непријатели ги смета и за свои непријатели.“
rn
„Несреќните бракови не се такви поради отсуство на љубов, туку поради отсуство на пријателство.“
rn
„Ако најдобриот пријател на човекот му е кучето, тогаш човекот си има сериозен проблем.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?
Ако мажите беа од Марс, а жените од Венера, тоа би можело да објасни неколку општопознати стереотипни сфаќања за машко-женското пријателство. Повеќето луѓе на оваа тема би рекле:rn
- rn011
- Секогаш помеѓу нив се појавува сексуална тензија која придонесува тие да не можат да бидат вистински пријатели;
- Љубомората која се јавува кај нејзиниот/неговата партнер/ка ги надминува сите рационални размислувања и прави да биде невозможно тие да продолжат да бидат пријатели;
- Очигледните разлики помеѓу двата пола едноставно ги разделуваат кога станува збор за пријателство.
rn011
rn011
rn
rn
Кога ќе ги земете предвид овие неколку ситуации, си велите дека пријателството помеѓу машко и женско е невозможно, нели? Доколку мислите така, грешите. Експертите за врски имаат поразлично мислење.rnrn„Верувањето дека мажите и жените не можат да бидат пријатели доаѓа од друга ера во која жените припаѓале во домот, а мажите на работа и единствениот начин нивниот пат да се вкрсти, била романсата“, објаснува Линда Сападин – психолог од Вали Стрим, Њујорк. „Денес мажите и жените работат заедно, делат слични интереси за спорт и секојдневно се социјализираат.“
rnПромената во културата ги охрабри психолозите, социолозите и комуникациските експерти да состават нова порака:rnrn
„И покрај тоа што би можело да биде малку тешко, мажите и жените сепак успешно стануваат блиски пријатели. И секако, имаат добри причини за тоа.“
rnОвие предизвици најчесто се појавуваат кај новите пријателства. Доколку успеете да ги надминете во првите неколку години од вашето запознавање, понатаму тие нема да ви претставуваат проблем и ќе успеете да создадете цврст однос и стабилно пријателство помеѓу вас.rnrn
Предизвик бр. 1: Дефинирајте ја врската – пријатели или љубовници?
rn
rnrnМногупати се случува да започнеме пријателство со личност од спротивниот пол само од една причина – да го освоиме неговото/нејзиното срце. Но доколку тоа не е случајот со вас, треба да знаете неколку работи поврзани со чувствата. Постојат романтични, сексуални и пријателски чувства кои некогаш многу тешко се разликуваат. Многу луѓе се однесуваат со спротивниот пол на стереотипен начин и доколку се појави „пријателското привлекување“ тие погрешно го сфаќаат. Најдобро би било уште на почетокот да разговарате со вашиот пријател/ка за очекувањата поврзани со вашиот однос. Доколку и двајцата имате исто мислење, тргнати сте во добра насока.rnrnПредизвик бр. 2: Надминете ја привлечноста – разговарајте за секс
rn
rnrnМожноста да се појави сексуалната привлечност помеѓу вас секогаш „демне“ во позадина. Обична, платонска прегратка може наеднаш да премине во нешто сосема различно. „Вие пробувате да направите нешто пријателско, но машките/женските делови од телото ви го попречуваат патот“, вели д-р Дон Оумира. И покрај тоа што често е непосакувана, привлечноста е тешко да се игнорира.rnrnИстражувањата покажуваат дека најголем проблем на жените во овој вид пријателство им е сексуалната тензија, додека пак поголемиот број од мажите велеле дека сексуалната тензија е причината поради која го започнале пријателството и сметаат дека таа може дури и да го продлабочи пријателството. Надминете ги овие непријатни ситуации така што ќе бидете искрени помеѓу себе за нив.rnrnПредизвик бр. 3: Воспоставете еднаквост – игра на моќ
rn
rnrnПријателството би требало да е комбинација од еднакви. Но, д-р Дон Оумира вели:rnrn„Во културите каде што постои машка доминација, престижот и моќта претставуваат „багаж“ за двата пола – кога тогаш ќе настане растурање на врската“.
rnЗа да го избегнат ова, жените понекогаш несвесно присвојуваат покорна улога во пријателството. Пробајте да најдете некаков вид рамнотежа во вашиот однос. Тоа се постигнува на тој начин што нема да гледате на вашиот пријател/ка како на маж/жена, туку едноставно како на блиска личност со која моментално одлично се согласувате.rnrn
Предизвик бр. 4: Во очите на народот – справување со оние кои се сомневаат
rn
rnrnГолем број луѓе сѐ уште не се подготвени за пријателство помеѓу машко и женско кое нема никаква сексуална позадина. Оние кои имаат блиски пријатели од спротивниот пол, често ги гледаат со насмевки, намигнување и скептицизам прашувајќи постојано дали тие навистина се само пријатели и потоа го игнорираат дадениот одговор.rnrnПонекогаш притисокот од луѓето околу вас придонесува да се запрашате да не можеби не сте во право, да не се развиле други чувства и дека можеби би требало да го смените односот со својот пријател/ка за да ги исполните очекувањата на другите. Но, тоа не треба да биде причина за промена во вашиот однос. Бидете доследни на себе и со време и тие ќе го разберат вашето пријателство.rnrnПредизвик бр. 5: Што ако… – победете ја љубопитноста
rn
rnrnТој/таа најдобро ме познава, тој/таа секогаш знае да ми го каже тоа што ми е потребно да го слушнам, само тој/таа никогаш не ме излажал, мислам дека би било/а совршено/а момче/девојка за мене… Ова се само неколку од мислите кои почнуваат да се појавуваат кога пријателството меѓу вас станува посериозно и подлабоко. Да, точно е дека вие сте се запознале одлично и дека се согласувате за сѐ, но тоа не е доволна причина за започнување на нешто ново. Вие можеби сте компатибилни како пријатели, но тоа не значи дека би можело да ви успее и како љубовен пар. Размислете како тој/таа се однесува во врска. Бидејќи сте блиски пријатели ги имате сите информации на дофат. Анализирајте ги убаво и размислете дали навистина сакате нешто повеќе, притоа не заборавајќи дека можеби тоа што го чувствувате, може да се само моментални интензивни пријателски емоции.rnrnИ за крај, истражувањата покажуваат дека кога една личност подолг период ја гледате како пријател, тој однос ви преминува во навика која подоцна е скоро невозможно да се промени. Бидете трпеливи и во брзо време ќе почнете да ги чувствувате многуте придобивки од овој вид пријателство.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.