КАФЕ ПАУЗА

Tag: висока мода

  • Како би изгледал нашиот секојдневен живот со облека од високата мода?

    Како би изгледал нашиот секојдневен живот со облека од високата мода?

    Ах, тие величествени креации на врвните модни дизајнери, тие раскошни, украсени фустани од најфини материјали што би ја претвориле секоја девојка во принцеза. Асоцијација за висока мода се скоро секогаш најпознатите модни центри како Њујорк, Милано, Лондон и Париз. Тие секогаш на црвениот тепих со избрани личности го претставуваат она што го создале, кое без сомневање остава без здив. Меѓутоа, дали сите тие креации се создадени исклучително за црвениот тепих и модните писти? Можете ли да се замислите себеси во голем, буен, блескав фустан како ги извршувате секојдневните активности?rnrn1-kako-bi-izgledalo-koga-visokata-moda-bi-bila-sosema-prisutna-vo-realniot-zhivot-www.kafepauza.mk_rnrnБудење, време е за „принцеза“ ден! Овој ден заборавете на задачата за избирање дневна модна комбинација, бидејќи денес знаете што ве чека (барем кога е облекувањето во прашање). Извршувањето на утринската рутина како што се основните навики и обврски и првото утринско кафе со појадокот остануваат непроменети, бидејќи сето тоа можете да го направите додека сте во пижами. Сѐ се менува кога ќе дојде време за подготвување. Вашиот блескав, балски фустан трпеливо ве чека да го облечете. Изгледа волшебно, а вие во него сте како принцеза од некоја бајка.rnrnОткако ќе го облечете, ви останува да додадете уште малку шминка, но притоа внимавате случајно да не го извалкате фустанот, бидејќи знаете дека нема да можете да ја поправите штетата доколку дојде до таа мала незгода. Веќе можете да ги забележите првите неудобности, уште додека се движите во домот. Секогаш вашите раце се полни со слоеви материјал и секогаш морате да внимавате на брзината со која се движите и начинот на кој чекорите, за да не направите дополнителна штета. Сепак, не живеете во огромен дворец и немате слуги за да ги извршуваат сите обврски наместо вас.rnrnДали во најава имаме доцнење на работното место? Доаѓате на паркингот и само што сакате да влезете во вашиот автомобил, сфаќате дека немате доволно простор за да можете слободно да возите. Ви преостанува да се одлучите помеѓу две опции: градски превоз или такси. Додека сте доаѓале до паркингот веќе сте забележале дека сте го привлекле вниманието на вашите сограѓани со многу љубопитни погледи, па веќе можете да замислите што би можело да ве чека во градскиот превоз. Сепак избирате такси, бидејќи го имате целото задно седиште за себе.rnrnkako-bi-izgledal-nashiot-sekojdneven-zhivot-so-obleka-od-visokata-moda1rnrnНо, иако сте ги избегнале луѓето од градскиот превоз, на работното место ве чекаат вашите колеги. Од нив покрај погледите можете да очекувате и прашања. Нема врска, фокусирајте се на вашите обврски и работете ја вашата работа. Доколку вашиот шеф нема забелешки за вашиот денешен изглед тогаш немате никаков проблем. Издржете до крајот на работното време.rnrnСте се договориле со вашите пријателки после работното време заедно да го посетите вашето омилено кафуле. Откако ќе стигнете во кафулето со поглед барате најпогодно место за седење во кое ќе имате доволно простор, а и нема да ризикувате другите гости да го газат или да се сопнуваат од вашиот фустан. Повторно, сите погледи, па дури и некој коментар се однесуваат на вас. Освен вообичаените теми за разговор, денес имате толку многу работи да им раскажете на вашите пријателки.rnrnРешивте да прошетате низ градот и да ги посетите вашите омилени бутици. Сфаќате дека денес тоа и не е баш најдобра идеја, бидејќи ќе ви биде прилично незгодно и преку глава да се провлекувате. Можеби е подобро да го оставите ова за некој нареден ден. Што ви преостанува да правите денес, а тоа да не го отежнува вашиот изглед? Прошетката не може да биде лоша идеја, а слободно можете да се замислите дека сте на некоја модна писта, бидејќи најверојатно сите луѓе ве доживуваат на тој начин и бараат камери кои ќе го следат вашето движење низ градот. Нека не ве чуди доколку сите се насоберат околу вас или доколку ви пријде некое дете и побара да се слика со вас.rnrnkako-bi-izgledal-nashiot-sekojdneven-zhivot-so-obleka-od-visokata-moda2rnrnВраќањето дома на истиот начин како што претходно сте стигнале звучи сјајно. Одвај чекајте да го соблечете фустанот и да облечете нешто обично и пријатно. Дали сте верувале дека со таа желба ќе ја дочекате вечерта? Секогаш бараме нешто поразлично и повпечатливо да облечеме, но на крајот од денот секогаш нè чека омилената, едноставна комбинација која честопати е нескладна, но удобна.rnrnШто научивме од сето ова? Сè што е премногу големо и несекојдневно, е неприлагодено за нормално дневно функционирање. Високата мода е тука за да ја гледаме и за да ѝ се восхитуваме, на ревиите, на фотографиите, на разните настани како што е црвениот тепих и гламурозните балови, таа е уметност која не е наменета за секојдневието, туку за некоја прилика која е ретка и која се памти во текот на целиот живот.

  • Новата колекција на Зухаир Мурад изобилува со женствена нежност

    Новата колекција на Зухаир Мурад изобилува со женствена нежност

    И покрај тоа што многумина ја споредуваат оваа колекција со силуетите на Ели Сааб, сепак во неа може да се забележи доминантното и секси истакнување на женственоста со кои се одликуваат сите модели на познатиот Зухаир Мурад. Оваа година на париската недела на високата мода тој ни претстави дизајни кои маѓепсуваат со својата нежност и во кои со сигурност секоја девојка би се чувствувала прекрасно и секси. Погледнете…rnrnНовата колекција на Зухаир Мурад изобилува со женствена нежностrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ели Сааб со нова колекција за модерните дами

    Ели Сааб со нова колекција за модерните дами

    Ели Сааб нè води во природниот свет на модерните дами преку нежни бои и елегантни дизајни, повторно покажувајќи ни дека тој навистина разбира што точно сакаат жените. Оваа колекција, како и претходните, се одликува со гламур и женственост, но овој пат можеме да забележиме една клучна разлика. Модерните кратки фустанчиња во комбинација со ниските потпетици се нешто што не би го очекувале од Ели Сааб, но мора да признаеме дека токму таа комбинација е онаа која сите ние би ја пробале во пролетно-летната сезона.rnrnЕли Сааб со нова колекција за модерните дамиrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Новата колекција од Версаче ја покажува жената од иднината во сосема ново светло

    Новата колекција од Версаче ја покажува жената од иднината во сосема ново светло

    Донатела Версаче приредила брзо и бесно шоу за висока мода во Париз, Франција. Како и секогаш претходно, креациите се припиени за телото на девојките, притоа истакнувајќи ги нивните најдобри страни и покажувајќи ги во неверојатно секси издание. Нејзините дизајни покажуваат како треба да изгледа една модерна жена, а со тоа нè води и еден чекор поблизу до иднината на модата. Погледнете.rnrnНовата колекција од Версаче ја покажува жената од иднината во сосема ново светлоrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантна и префинета колекција од Зухаир Мурад

    Елегантна и префинета колекција од Зухаир Мурад

    Зухаир Мурад повторно запрепастува со својата нова елегантна и префинета колекција која секоја жена би посакала да ја има. Започнувајќи од долги вечерни фустани кои нежно паѓаат по вашето тело, па сѐ до кратки и секси модели кои ви ги истакнуваат долгите нозе, оваа колекција има по нешто за сите вкусови. Погледнете како неговите модели изгледаа на модните писти.rnrnЕлегантна и префинета колекција од Зухар Мурад rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колекција од бајките – Ели Сааб есен/зима 2014

    Колекција од бајките – Ели Сааб есен/зима 2014

    Кога станува збор за бајковити фустани, Ели Сааб не знае да направи грешка. Неговите фустани од висока мода се остварување на соништата за многу жени и идни невести кои доволно е само еднаш да ги погледнат за да се заљубат во нив. Исклучителноста, сложеноста и прекрасноста на дизајните се само неколку нешта кои се карактеристични за овој добро познат моден дизајнер. Погледнете како овие неверојатни модели изгледаа на модната писта.rnrnКолекција од бајките - Ели Сааб есен/зима 2014rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дидит Хедипрастајо – колекција која би ја посакала секоја модерна жена

    Дидит Хедипрастајо – колекција која би ја посакала секоја модерна жена

    Оваа година Дидит Хедипрастајо ја претстави својата нова одлична пролетно-летна колекција која привлече многу внимание. Дизајнерот кој по потекло е од Индонезија, најмногу е познат по модернистичкиот пристап и спаѓа во групата на т.н. „дизајнери од следната генерација“. Почнувајќи од секси и смели дизајни, па сѐ до класични и секојдневни комбинации, во оваа колекција секоја жена може да се пронајде себеси. Погледнете како неговите модели изгледаа на модната писта.rnrnДидит Хедипрастајо - Колекција која би ја посакала секоја модерна женаrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ralph & Russo – Исклучителна колекција која ќе ве вивне во светот на високата мода

    Ralph & Russo – Исклучителна колекција која ќе ве вивне во светот на високата мода

    Ralph & Russo е модна куќа за висока мода. Таа е првата и единствената британска модна куќа која била избрана од страна на „Chambre Syndicale de la Haute Couture“ за да ги прикажува своите колекции на Париската недела на висока мода, покрај познатите брендови како Шанел, Диор и Валентино.rnrnRalph & Russo - Исклучителна колекција која ќе ве вивне во светот на високата модаrnrnОвој бренд бил основан во 2007-та година од страна на австралиското дуо, Тамара Ралф и Мајкл Русо и за многу брзо време тие станале едни од најпознатите и најексклузивни модни куќи. Погледнете ја нивната нова колекција за пролет/лето 2014 година.rnrnRalph & Russo - Исклучителна колекција која ќе ве вивне во светот на високата модаrnrnrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Префинетост и елеганција во пролетно-летната колекција на Армани

    Префинетост и елеганција во пролетно-летната колекција на Армани

    Префинета, елегантна и одлично дизајнирана, пролетно-летната колекција на Армани ја истакнува женственоста и зрелоста на секоја жена. Модната ревија ја нарекол „Номад“ и, како и секогаш до сега, во атмосферата преовладувала софистицираност и егзотичност. Погледнете ги наредниве дизајни за висока мода кои привлекоа огромно внимание на Париската модна недела.rnrnПрефинетост и елеганција во пролетно-летната колекција на Арманиrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Валентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014

    Валентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014

    Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли се оние кои беа одговорни за изработката на оваа прекрасна колекција за висока мода од Валентино. Тие изјавиле дека работењето на колекцијата им претставувало неверојатна авантура. Инспирацијата за моделите започнала од природата, а потоа и од покомплексната природа на женственоста, како и општо од светот. Може да се забележи огромна разновидност во дизајните, почнувајќи од нежни и едноставни фустани за потрадиционалните девојки, па сè до смели и бестрашни модели за оние кои не се плашат да ја покажат својата дива страна. Погледнете како оваа колекција изгледаше на модната писта во Париз.rnrnВалентино – Колекција „Haute Couture“ пролет/лето 2014rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.