Откако ретрото повторно е во мода, грамофонските плочи се новиот тренд кој повторно се враќа. Ако вие сте обожаватели на ваквите плочи или вашите родители имаат голема колекција од најголемите хитови на 80-тите, тогаш ова ќе ви се чини многу забавно. Луѓето на Интернет ја откриваат нивната креативност играјќи си со уметноста на кориците од грамофонските плочи преку оживување на еден сосема нов контекст. Следејќи го трендот луѓето ги потемнуваат или зголемуваат деловите од телото со корицата од плочите правејќи забавни илузии што се доловени на фотографиите.rnrnДа не должиме, погледнете ги во продолжение фотографиите што ги одбравме за да ви го претставиме овој „феномен“ што започнал уште од 2007 година.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПродолжува на втората страница...rn
Пепелта од процесот на кремирање сега може да биде претворена во грамофонска плоча благодарение на компанијата Vinyly. Услугата која подразбира претворање на пепелта од починатите во целосна грамофонска плоча чини околу 3.000 фунти, или околу 3.500 евра. За оваа сума на пари ќе добиете 12-минутен аудио материјал на секоја страна кој може да се состои од последните зборови и сеќавања, сопствена музика или од крцкањето и пукањето на пепелта.rnrnrnrnПотоа, потрошувачите, човекот кој е на смртна постела или неговите преживеани сакани, можат да одберат голем број различни конфигурации. Омотот на плочата може да содржи портрет создаден од Џејмс Хаг или Пол Инсект, надополнет со важни детали како што се датата на раѓање, датата на умирање и разни винил налепници.rnrnVinyly ја нуди оваа услуга на „луѓе, делови од луѓе и домашни миленици“ веќе неколку години. Периодов е одлично време за вакво нешто со оглед на фактот дека продажбата на грамофонски плочи е значително зголемена поради сериозната носталгија која ги има зафатено Европа и Америка.rnrnVinyly се наоѓа во Велика Британија и компанијата делува како да ја потценува сериозноста на еден толку несреќен и мрачен настан како што е смртта.rnrnrn
„Кога музичкиот албум на животот ќе го достигне крајот, зар не би било убаво плочата да се врти цела вечност? Ние ви ја нудиме шансата да ја отпечатите вашата кремирана пепел на грамофонска плоча, која вашите сакани ќе ја чуваат и пренесуваат од генерација на генерација. Надживејте го грувот!“, пишува на нивниот веб сајт.
rnПотрошувачите се обично луѓе кои знаат дека им се ближи крајот. Пријателите и членовите од семејството можат самите да присуствуваат на печатењето, кое вклучува попрскување на пепелта на плочата и нејзино печатење. Потоа, тие самите ги одредуваат останатите детали. Vinyly нудат и организација на погребот за дополнителни 10.000 фунти, односно околу 10.500 евра.rnrnМозокот зад овој чуден концепт е Џејсон Лич кој во 90-тите ја има основано дискографската куќа EDM. Изворот на идејата за Vinyly потекнува од неговото сопствено искуство со кремирање на неговите роднини, како и со фактот што неговото семејство се занимавало со погребални услуги.
Артистот Бартоломиус Тробек забележал дека линиите во стеблото на дрвото неверојатно многу наликуваат на оние на винилските плочи. Токму затоа, во неговото најново уметничко дело „Years“, тој создал прекрасна, но истовремено и морничава песна на музичка плоча направена од стебло од дрво.rnrnrnrnКако функционира овој грамофон? Артистот со помош на камера од плејстејшн ги пренесува податоците од прстените во стеблото до неговиот компјутер. Потоа компјутерот со помош на програмата наречена „Ableton Live“ ги претвора прстените во музика, со избор на инструмент – пијано. И покрај тоа што самото дрво не е музикално, процесот кој е вклучен во овој проект на некој начин функционира како превод, тој нешто физичко претвора во звук. Неверојатно, се согласувате?rnrn rnrn
Класичното селфи веќе не е во тренд. Сега луѓето се фотографираат со винилски плочи поставени пред нивните лица, така што музичката ѕвезда скоро идеално се поклопува со облеката, бојата на кожата и позата на оној кој ја држи.rnrnrnrnМожеби веќе немате на што да ги слушате старите плочи, но ако сѐ уште ги имате, можете да направите сливфејс и да го фатите новиот тренд на фотографирање.rn
Автор: Маја ВладимироваrnrnТалентираниот дизајнер и илустратор од Мадрид, Алехандро де Антонио Фернандез е креатор на неверојатната колекција на портрети илустрирани на винилни плочи. Неговата колекција е дел од проектот UNCO MA, чија главна идеја е да се дизајнираат продукти со помош на неконвенционални материјали. Инспириран од винилните плочи, тој на нив ги илустрирал ликовите на дел од најголемите музички имиња, и притоа направил фантастичен спој на музиката и дизајнот. Во следнава листа се прикажани дванаесет портрети на легендарни музичари, како што се Боб Марли, Џим Морисон, Мајкл Џексон…rnrnБоб МарлиrnrnПол Макартни, БитлсиrnrnЏим Морисон, ДорсrnrnМајкл Џексон rnrnЏон Ленон, БитлсиrnrnЏими ХендриксrnrnМик Џегер, Ролинг СтоунсrnrnСлеш, Ганс енд роузисrnrnБоно Вокс, Ју туrnrnРоберт Смит, КјурrnrnБоб ДиланrnrnНоториус Бигrnrn
Дизајнерот Павел Сидоренко е креатор на овие уникатни ѕидни часовници изработени од стари винилски плочи. Додека во средината на плочите сè уште може да се види оригиналната налепница, рабовите се исечени во облик на специфичните градби и обележја на големите градови во светот. На тој начин, се создадени прекрасни градски силуети, кои го покажуваат времето.rnrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.