КАФЕ ПАУЗА

Tag: вина

  • 17 работи за кои не треба да чувствувате вина

    17 работи за кои не треба да чувствувате вина

    Најважната работа во животот е да научите да живеете по свои правила. Стравот од тоа што ќе каже некој или како ќе реагираат другите на вашите одлуки само ве спречува на патот кон среќата и успехот. Кога ќе сфатите дека вашиот живот е само ваша работа, околностите ќе станат многу поубави. Постојат работи во животот за кои не му должите извинување никому, ниту пак, треба да трошите време за да објаснувате зошто го направивте тој потег.rnrn17 работи за кои не треба да чувствувате винаrnrnВо животот никогаш не треба да се правдате за тоа што:rnrn1. Сакате некого.rnrn2. Ја напуштате работа што не ве прави среќни, дури и ако заработувате многу пари.rnrn3. Затоа што сте тажни. Солзите и моментите на незадоволство се сосема во ред.rnrn4. Напуштате луѓе или места што создаваат лоша енергија, дури и ако ги повредите на тој начин.rnrn5. Затоа што сте среќни.rnrn6. Затоа што го живеете животот како што ви одговара.rnrnБез разлика дали повторно се гледате со поранешниот партнер или живеете со родителите иако имате над 30 години, не мора никому да му објаснувате зошто е тоа така. Ако сте целосно свесни за вашата животна ситуација, тоа значи дека имате свои причини да бидете таму и тоа не е туѓа работа.rnrn7. Размислувате различно од повеќето луѓе.rnrn8. Имате приоритети кои се различни од приоритетите на луѓето околу вас.rnrnСекој човек е уникатен и сите имаат различни вредности, соништа и желби. Приоритетите се приватна работа.rnrn9. Имате големи животни цели.rnrnБез разлика дали станува збор за тоа што сакате да го постигнете во вашиот приватен или професионален живот, не должите никому објаснувања за вашите цели и соништа. Вашите цели ве тераат да се движите напред и не дозволувајте некој да застане на вашиот пат.rnrn10. Не треба да се правдате за вашиот изгледrnrnПроменете ја бојата на косата, тетовирајте се, нашминкајте се, создајте уникатен стил. Вашиот изглед е ваша работа, а најважно е да се чувствувате пријатно во сопствената кожа. Токму така ќе се цените себеси уште повеќе.rnrn11. Не се чувствувате лошо поради вашата одлукаrnrnАко не се каете за своите постапки, дури и ако некој друг смета дека се погрешни, немојте да се извинувате. Не извинувајте се ако мислите дека не треба.rnrn12. Имате лош ден, месец или годинаrnrn13. Желба за целосна промена на живототrnrn14. Целиот ден го поминавте во кревет, читајќи книга или гледајќи ја омилена серија и ништо друго.rnrn15. Грешките и неуспесите се составен дел од животот. Никому не должите извинување за лошите потези.rnrn16. Желбата да си угодите себеси и да бидете малку себични е сосема во ред.rnrn17. Не извинувајте се за вашето минато.rnrnПрочитајте кои 7 работи не треба да ги кажувате никому ако сакате да живеете среќен живот.

  • Зошто вината е бесцелна емоција и како да ја надминете?

    Зошто вината е бесцелна емоција и како да ја надминете?

    Поголемиот дел од вината што ја чувствуваат луѓето воопшто не е резултат од ужасните нешта што ги направиле. Поголемиот дел од неа се појавува во форма на сомневање во себе, самокритика и самоказнување. Се разбира, многу луѓе направиле и лоши нешта. Убиството, крадењето, лажењето, неверството и слично се само неколку примери. Но секоја од овие постапки е „заглавена“ во уникатен контекст кој ги диктира субјективните поими за добро и лошо.rnrnЗошто вината е бесцелна емоција и како да ја надминете?rnrnПокрај тоа, каењето што го чувствуваме откако ќе повредиме некого не е исто со вината. Каењето е одлика на човечноста, но вината е воглавно бескорисна емоција. Поголемиот дел од вината што ја чувствувате е насочена кон вас, како на пример, кога не исполнувате нечии очекувања. Ова може да биде поврзано со работата, љубовта, семејството или што било друго.rnrnКога се релаксирате, дали се чувствувате виновно бидејќи не работите? Кога работите, дали се чувствувате виновно бидејќи не сте со семејството? Кога сте со семејството, дали се чувствувате виновно што не сте со пријателите? Повеќето луѓе се соочуваат со вина на суптилен начин за кој едвај се свесни. Без разлика кој е изворот, вината може да стане вистински товар и да влијае на секоја ваша постапка или одлука. Често изгледа како чувството на вина, кое често се меша со чувството на должност, да ве тера да преземете нешто и да станете подобра личност. Имено, истражувањата покажале дека луѓето склони кон вина работат понапорно и се подобри лидери. Исто така, тие се подобри пријатели, љубовници и вработени.rnrnПроблемот е што без разлика како изгледа однадвор, со текот на времето вината станува заморна и токсична. Иако можеби ви изгледа дека вината е важен потсетник за вашите должности, во реалноста го прави спротивното – таа е товар што не ви дозволува да го постигнете вашиот целосен потенцијал. Простувањето на себе ви помага да продолжите напред, додека вината не ви е од никаква помош. Иако не е лесно да се ослободите од вината, постојат неколку начин што ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Не вадете ги работите од контекст

    rnДоколку се гледате отстрана, дали чувството на вина и срам или другите парализирачки емоции навистина се погодни за вашето „злодело“? Најверојатно не.rn

    2. Не се идентификувајте според нештото коешто сте го направиле

    rnСе разбира, вие сте одговорни за вашите постапки, но дури и ако некогаш сте направиле нешто лошо, не значи дека сте лоша личност. Тоа само покажува дека сте човек.rn

    3. Простете си

    rnИако најверојатно верувате во спротивното, тоа што ќе си простите себеси всушност ве прави подобра личност. Кога мислите дека сте лоша личност, на некој начин станувате лоша личност.rn

    4. Извинете се доколку е потребно

    rnДоколку вашата вина е поврзана или насочена кон некој друг, извинете се за она што сте го направиле. Доволно е да се извинете еднаш доколку навистина го мислите тоа.rn

    5. Научете ја лекцијата

    rnЖивотот е полн со разни проблеми и конфликти кои ни помагаат да научиме нешто и да продолжиме по нашиот пат. Направете листа со нешта што ќе ви помогнат да ја подобрите ситуацијата и престанете да се оптоварувате со непродуктивниот емоционален товар познат како вина.rnrnДали знаете што е токсичен срам?

  • 5 најчести причини за каење и најдобрите начини за да се надминат

    5 најчести причини за каење и најдобрите начини за да се надминат

    Секој жив човек некогаш направил некоја грешка или постапил на начин кој се чинел соодветен, но подоцна се покајал и зажалил за истото. Некогаш каењето е толку големо, што може да го прекине сонот и да ја уништи ноќта со претерано размислување за можните исходи ако не се постапило правилно. Исто така, се обидуваме и да го надминеме тоа, но на некој начин, каењето останува залепено за нас.rnrn5 најчести причини за каење и како да ги надминеме?rnrnПогледнете кои се најчестите причини за каење, за да можете полесно да ги надминете лошите моменти.rn

    1. Премолчување

    rnСите кои биле цел на критика, невкусни шеги или озборување, понекогаш премолчеле затоа што во тој момент не се сетиле да кажат нешто со кое ќе се одбранат. Често, во вакви ситуации дури и мозокот изневерува, бидејќи се блокира и не може да смисли соодветна повратна реченица. Најлошото е што по само неколку минути може да ни текне совршен одговор, но веќе вистинскиот момент поминал.rn

    2. Лажење

    rnСекојдневно кажуваме дури и најситни лаги, што речиси не сме ни свесни дека го правиме тоа. Да се биде искрен цело време е навистина тешко, а вистината може и да повреди нечии чувства. Вината се појавува кога ќе станеме свесни за кажаната лага, а колку поголема била лагата, толку поболно гризе совеста.rnrn5 најчести причини за каење и како да ги надминеме?rn

    3. Мала грешка со голема последица

    rnЧовечки е да се згреши, но некогаш се случува ситна грешка да предизвика последици за кои треба да се вложи многу труд за да се поправат. Подоцна може да се случи да си го вртите филмот во глава и да сфатите дека можело и поинаку, но штетата е веќе направена и не треба да се заморувате со размислување за грешката.rn

    4. Изгубено и никогаш најдено

    rnСите сме изгубиле некој предмет, во некој момент во животот. Додека сме ученици губиме училиштен прибор, а понатаму може да се случи да изгубиме или уништиме предмети од голема важност. Обидете се да не мислите на тие неповратно исчезнати предмети, за да го избегнете чувството на каење што не сте биле повнимателни.rn

    5. Безбедно одиграна ситуација

    rnПонекогаш имаме можност да изгледаме помалку виновни во некоја ситуација, па ја користиме за да сносиме помали последици, било да се работи на професионален план или во односите со луѓето. Иако ова може да влијае на вас и на вашата психа, мора да си помогнете за да ги надминете вината и каењето.rnrnrn

    Како да го направите тоа?

    rnСекако, не постои точен процес со кој веќе нема да имате ниту чувство на вина, ниту каење, ниту грижа на совест и многу е веројатно дека овие грешки ќе ве прогонуваат доживотно. Сепак, возможно е да се намали интензитетот на епизодите на каење со тоа што ќе се соочите со грешките (или со луѓето на кои сте им згрешиле) и ќе се обидете да ги средите нештата. Не блокирајте ги чувствата, туку напротив, пуштете ги да ве обземат целосно еднаш или двапати, наместо да ги блокирате и тие потсвесно да ја уништуваат вашата психа. Простете и побарајте да ви биде простено. Ако односите се веќе сериозно нарушени, не очекувајте да се вратат во првобитната состојба, но самата прошка носи некаков мир и го олеснува емотивниот багаж на вашиот грб.rnrnЗа крај, наместо да се обидувате да ја смените ситуацијата, прилагодете се на неа каква што е во моментот. На овој начин ќе избегнете влегување во нови грешки, кои подоцна можат да ви предизвикаат уште поголеми каења. Соочете се со себе, со своето чувство на вина и не дозволувајте да тапкате во место поради тоа. Вреди да се обидете да продолжите понатаму!rnrnВо меѓувреме, прочитајте нешто повеќе и за самиот процес на каење.

  • Како да си простите кога мислите дека не заслужувате прошка?

    Како да си простите кога мислите дека не заслужувате прошка?

    Понекогаш на луѓето им е навистина тешко да си простат, дури и за нешта за кои не се виновни. Ова многу често им се случува на луѓе кои се жртви на некаков вид насилство. Кажано ни е дека треба да си простиме што сме жртви на туѓи злодела, но запрашајте се за што има да си простувате.rnrnКако да си простите кога мислите дека не заслужувате прошка?rnrnЛуѓето кои преживеале некаква злоупотреба често се обвинувани бидејќи биле жртви, па сосема нормално е да чувствуваат вина. Ако сте жртва може да ве прашуваат зошто сте го носеле тој фустан, или зошто сте се напиле алкохол кога сте излегле со погрешна личност. Другите бараат да бидете „совршена“ жртва.rnrnОпштеството ве срами, но траумите кои ги искусувате носат и свој токсичен срам. Самиот ефект на траумата е што прави да се чувствувате мало, невидливо и ве убедува дека не сте доволно добри. Срамот ве истрошува и ве тера да се оправдувате и да се извинувате. Треба да објаснувате зошто сте направиле нешто и зошто сте биле со личност која ве повредила.rnrnПочнувате да се обвинувате и да се испрашувате. Се сомневате дека сте биле жртва. Не ви е јасно како сте биле наивни. Наместо утеха, ви велат да бидете подобри наредниот пат. Потребно е целосно реформирање на овие прашања, и во општеството и кај самите себе. Простете си за нештата за кои мислите дека сте виновни, но имајте на ум дека не треба да преземате вина за злоделата на другите.rnrnСамо затоа што сте останале подолго отколку што требало во лоша врска, не значи дека сте го заслужиле злоупотребувањето. Не сте криви ако некој ја злоупотребил вашата доверба.rnrnНаместо да се прашувате дали навистина сте жртви, запрашајте се како да се излечите, како да се грижите за себе и каква поддршка ви е потребна. Бидете нежни кон себе, дајте си време. Важно е да знаете дека не е ваша вина што сте станале жртва.rnrnЛуѓето кои злоупотребуваат се оние кои треба да се каат, а не оние кои ја преживеале траумата. Иако после ваков настан нормално е да се обвинувате, не заборавајте дека нема за што да си просите – не треба да си простите што сте станале нечија жртва.rnrnПрочитајте и како да простите кога тоа ви изгледа невозможно.

  • Не треба да чувствувате вина ако сакате да имате секс на првиот состанок

    Не треба да чувствувате вина ако сакате да имате секс на првиот состанок

    Речиси сите девојки се прашуваат дали треба да имаат секс на првиот состанок. „Дали е во ред да го направам ова? Што ако веднаш потоа си замине? Што ако тоа ме прикаже во лошо светло?“ Овие и уште многу други прашања ги опседнуваат девојките кога станува збор за нивниот прв состанок со ново момче. Реално, нема ништо погрешно во тоа, доколку вие сметате дека е во ред. Погледнете ги овие причини кои ќе ви го потврдат тоа.rnrnНикогаш не треба да чувствувате вина ако сакате да имате секс на првиот состанокrn

    1. Не гледајте на сексот како да е натпревар

    rnСексот не е награда. Колку долго би чекале за да видите дали личноста ќе се задржи во вашиот живот за да го преземете овој чекор? Дури и откако ќе ја освоите, секогаш постои шанса таа личност да си замине од вас. Никој не сака да чека премногу долго, затоа што тоа ништо не ветува ниту гарантира. Секогаш ќе постојат лоши личности и луѓе кои ќе се обидат да ве искористат, но не треба да се чувствувате лошо поради тоа. Вие сте човечко суштество со сексуални потреби и сексот не треба секогаш да го поврзувате со емоциите. Понекогаш станува збор само за привлечност и тоа е сосема во ред.rn

    2. Не треба да чувствувате вина

    rnПовеќето девојки чувствуваат вина ако имаат секс на првиот состанок и мислат дека другите ќе ги доживеат на неубав начин. Но, повеќето мажи нема да ја навредат девојката која ќе го направи овој чекор. Вие треба да бидете сигурни во себе, да знаете дека го сакате тоа и да се доживувате себеси како божица која го има најголемиот дар на земјата.rn

    3. Важно е да има привлечност помеѓу вас

    rnЗамислете го ова сценарио: Се состанувате со некоја личност неколку месеци и мислите дека доволно се познавате. Уживате да бидете еден со друг, па мислите дека дошло време да имате секс. Откако ќе го направите тоа, сфаќате дека ви било најлошото искуство во животот. Не значи дека ова секогаш ќе се случува, секако секој има различни потреби и желби. Но, важно е да сфатите дека не треба прекумерно да размислувате, па доколку сметате дека е во ред, нема ништо лошо во тоа да се одлучите за секс на првиот состанок. Престанете да се грижите дали таа личност ќе ви се јави или дали ќе ве смета за „лесна девојка“.

  • Научете да си простите себеси за направените грешки!

    Научете да си простите себеси за направените грешки!

    Многу луѓе се прашуваат како да го надминат разочарувањето, тешкотиите во животот и неочекуваните животни падови. Постојат многу одговори на ова прашање во зависност од конкретното искуство, но постои едно нешто што секогаш се заборава. Многу често се вели дека луѓето треба да знаат да им простуваат на другите, но се заборава моментот дека треба да знаат да си простат и самите себеси.rnrnНаучете да си простите себеси за направените грешки!rnrnПојавата на чувство на вина и болка доколку сте се скарале со некого, сте го навредиле или повредиле е нормална. Простувањето не се состои само од отстранувањето на тие чувства, туку треба да се соочите со нив на конструктивен начин. Треба да знаете како да преболите и да продолжите понатаму. Следниве неколку чекори ќе ви помогнат да си простите себеси за направените грешки, но и засекогаш да ги оставите зад себе…rn

    Признајте ги вашите чувства

    rnОва е прва фаза. Признајте си како се чувствувате и какви емоции сте разбудиле кај човекот што сте го повредиле. Размислете за причините што довеле до тоа, оправдувањата што си ги кажувате самите на себе и грижата на совест.rn

    Прифатете го она што се случило

    rnПреземете одговорност за она што сте го направиле. Во оваа фаза треба да ги надминете сите изговори и оправдувања. Не треба да ја префрлате вината на други луѓе. Без да преземете одговорност, нема да можете вистински да си простите самите себеси. Вашата прошка ќе биде наивна, незрела и површна.rnrnНаучете да си простите себеси за направените грешки!rn

    Погледнете ја вашата грешка од поинаков аспект

    rnВо оваа фаза наместо да се обвинувате себеси, обидете се да сочувствувате со самите себе. Негативните чувства нема да ве поттикнат и мотивираат да ги направите потребните промени што нема да ви дозволат да ги повторите истите грешки во иднина. Ако постојано ги носите старите цигли од вашите минати искуства, ќе можете да ја изградите истата куќа која претходно се срушила. Постои голема веројатност дека ќе ја повторите истата грешка доколку не си ја научите лекцијата, а за да научите треба да бидете сочувствителни. Кога детето ќе падне, родителите го креваат со многу љубов, емпатија и грижа и го охрабруваат да се обиде повторно. Истото треба да го направите и за себе.rn

    Искупете се за вашите грешки

    rnНе заборавајте дека за да си простите и да ја надминете болката, сомнежот и вината, најдобро е комплетно да го смените вашето однесување. Ќе можете да се искупите за сторените грешки само ако внесете промена во вашите намери и дела.rn

    Ценете го вашиот напредок

    rnБидете благодарни за тоа што сте успеале да ја надминете вината и болката. Бидете благодарни за тоа што сте способни да го промените животот и да учите од вашите грешки кои нема да ги повторувате во иднина. Бидете благодарни за тоа што можете да создадете нов начин на живот. Бидете среќни!rnrnВо продолжение прочитајте ги и овие прекрасни цитати за една од најголемите човечки доблести – простувањето.

  • 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви ја подобрат фигурата

    3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви ја подобрат фигурата

    Избегнувањето на физичките активности или нивното нередовно практикување може да предизвика чувство на вина. Но, за среќа на сите кои се малку помрзеливи, науката вели дека има неколку начини со кои може да се подобри физичката форма и здравјето. Според три одделни студии, можете да се збогувате со вината што ја чувствувате кога не вежбате и да се препуштите на овие три начини на подобрување на вашата форма и здравје.rn

    1. Када со топла вода

    rn(3) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnДоколку може да изберете меѓу топла бања и потење во сала за вежбање, што би избрале вие во „мрзеливата“ недела? Доколку тоа е првата опција, тогаш избравте вистинско уживање за вашето тело. Резултатите од едно истражување спроведено минатата година во Финска, покажуваат дека мажите кои одат два до три пати неделно во сауна, имаат за три пати помал ризик од срцев или мозочен удар, во споредба со оние кои одат само еднаш седмично.rnrnВо студијата, 10 учесници имале еден ден да поминат еден час во сауна на температура од 40 Целзиусови степени. Следниот ден, возеле велосипед за да ја постигнат температурата од сауната. Научниците им го мереле шеќерот во крвта по јадењето и согорувањето на калориите и по минатиот час во сауна и по возењето велосипед. Вежбите ја намалиле висината на шеќерот во крвта, но истражувањето докажало дека и топлите бањи се добри за одржување на неговото пониско ниво. Всушност, нивото на шеќер кај учесниците во истражувањето било за 10% пониско по топлата бања, во споредба со нивото кое тие го имале по вежбањето. Исто така, може да согорите 125 калории за време на топлата бања, што е еднакво на отприлика потрошени калории за време на 30-минутно пешачење.rn

    2. Добро е некој да ви ги истегне и масира екстремитетите

    rn(2) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnКога се враќате изморени по напорниот работен ден, единствено на што помислувате е да се истуширате и да се истегнете на каучот. Но, истражувањата покажуваат дека доколку по напорниот ден имате некој до вас кој може да ви ги истегне и измасира екстремитетите, тоа може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.rnrnВо студија посветена на дијабетесот, 10 волонтери, првото утро требале да испијат пијалак полн со шеќери и им било кажано да седат мирни 20 минути. Следното утро го направиле истото, но мускулите во горниот и долниот дел од телото им ги истегнал физиотерапевт. Тие масажи траеле околу 30 секунди, по што била направена пауза, па биле повторени. Потоа научниците го измериле нивото на шеќер во крвта на учесниците во истражувањето. Резултатите покажале дека тој бил за 23% понизок во споредба со претходниот ден, кога учесниците само одморале по слаткиот пијалак. Затоа, кога некогаш не можете да вежбате, само најдете некој добро да ги истегне вашите екстремитети и да ви направи добра масажа на целото тело.rn

    3. Само мислете на вежбање – буквално!

    rn(4) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnДали сте знаеле дека за да го затегнете телото некогаш сè што треба да направите е само да мислите на вежбање? Една неодамнешна студија вели дека само ако медитирате и мислите на вашите мускули ќе искористите дел од нивната сила. Немојте да си помислите дека вашето тело ќе изгледа како три години да не излегувате од сала за вежбање, но ќе им даде одредена цврстина на вашите мускули. Оваа техника е позната како ментална или моторна слика. Во истражувањето, седум од учесниците биле замолени да ги постават нозете на машина која требало да ја измери силата во нивните мускули. Потоа, еден месец требало да замислуваат како ги затегаат мускулите по 15 минути, пет пати во неделата, но притоа воопшто да не се движат.rnrnПогледнете го и следново видео за дополнителни идеи за „мрзливо“ вежбање…rnrn

  • 6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни поради малите задоволства што си ги дозволувате

    Сите ние си имаме некои мали задоволства кои нѐ прават среќни, но за кои знаеме дека не се баш најдобри за нас. Поради тоа, секогаш кога ќе си ги дозволиме чувствуваме грижа на совест иако не би требало. Нема ништо лошо во тоа да изедете по некое чоколадо одвреме-навреме. Ова се 6-те начини со чија помош веднаш ќе престанете да се чувствувате виновни поради ситниците кои ве исполнуваат, а сакате да престанете да ги правите…rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    1. Пиење многу кафе

    rnСите сакаме кафе и би го пиеле во текот на целиот ден кога би можеле. Но, со целиот тој кофеин, шеќер и млеко, кафето не е баш најздравиот избор. Наместо тоа, кога ќе се туширате наутро истријте го телото со смеса од зрна од кафе, бадемово масло, витамин Е и морска сол. Тоа ќе ви ја зголеми енергијата и ќе ја задоволи вашата потреба за кафе без да претерате со ладното макијато.rn

    2. Јадење цела кутија сладолед

    rnФакт е дека ако имате кутија сладолед, ќе изедете повеќе од што треба. Одбегнувајте да купувате цели кутии и ограничете ја количината на сладолед што ќе ви биде достапна во фрижидерот. Уште подобро е ако си направите самите домашен сладолед. Има многу рецепти на Интернет кои се вкусни, а не се толку калорични.rn

    3. Одење на фризер само за фенирање

    rnСредувањето на косата без особена причина е несомнено едно од најдобри задоволства кои предизвикуваат чувство на вина. Нема да се чувствувате виновни повеќе доколку овие екскурзии до фризерскиот салон ги сметате како инвестиција во вашата убавина. А ако баш не сакате да трошите пари, постојат многу туторијали на Јутјуб кои ќе ви покажат како на лесен и брз начин самите да ја фенирате косата.rnrn6 начини кои ќе ви помогнат да не се чувствувате виновни пораид малите задоволства што си ги дозволуватеrn

    4. Пиење коктели

    rnЌе се чувствувате подобро доколку порачате коктели со зеленчук, наместо вашето рутинско летно мохито. Префрлете се од мартини на коктел со џин и репка. Иако сепак алкохолот не е баш добар за вас, сепак овие коктели барем содржат помалку калории и шеќери.rn

    5. Откажување планови во последна минута

    rnДојдовте дома од работа по особено стресен и напорен ден и ништо на светот, дури ни плановите за вечера што сте ги направиле уште пред 3 недели, нема да можат да ве станат од каучот. Наместо да се чувствувате лошо поради тоа што сте ги откажале плановите, дозволете си да забушавате малку. Истражувањата покажале дека ова може да ве направи посреќни бидејќи си оставате простор да дишете и да ги обновите вашите пријателски односи кога нема да ви биде толку стресно. Само гледајте да не ви прејде во навика, бидејќи во спротивно ќе забележите како поканите полека се намалуваат.rn

    6. Купување многу облека

    rnКупувањето премногу чевли никогаш не се одразува добро на сметката во банка. Но, можете да го оправдате вашиот шопинг ако направите место во вашиот шкаф со тоа што прво ќе продадете некои од вашите стари работи кои не ги носите повеќе. Нема зошто да се чувствувате виновни доколку вашата стара облека всушност ви ја купува новата.

  • 11 нешта за кои треба да си простите уште денес

    11 нешта за кои треба да си простите уште денес

    Да простиме некому може да биде голем предизвик, особено ако таа личност навистина нѐ повредила, но тоа што може да биде уште поголем предизвик е да најдеме храброст да си простиме себеси. Простувањето е еден редок дар кој треба внимателно да се чува и негува, бидејќи преку него стекнуваме и учиме нови начини, но и нови причини кои нѐ мотивираат да продолжиме да растеме и да се развиваме.rnrn11 нешта за кои треба да си простите уште денесrnrnКога не можеме да простиме, се соочуваме со немирна совест и со неможноста да пронајдеме мир во нашите срца, души и ум, бидејќи се губиме во нашите грешки, минатото и моментите кои повеќе не можеме да ги промениме. Но, кога ќе научиме да простиме и да се ослободиме од лутината, тогаш ќе научиме да живееме подобро и побогато, без товарот на омразата потпрен на нашите грбови.rnrn1. Си простувам себеси што не тежнеам секогаш кон ѕвездите. Благодарен/благодарна сум за сите предмети, луѓе и појави кои се околу мене и знам да ги ценам дури и најмалите работи.rnrn2. Си простувам себеси што сум кревок/кревка. Мојата храброст не лежи во физичката сила, туку во разумот.rnrn3. Си простувам себеси за непотребното чувство на вина. Знам дека животот е суров и не е секогаш фер и затоа ги оправдувам сите мои постапки кои сум ги направил/а во границите на разумното.rnrn4. Си простувам себеси што се стремам кон недостижното совршенство. Знам дека никој не може да го достигне совршенството, но исто така знам и дека може да се дојде чекор поблиску до него. Мојата амбиција не мора да има изговор.rnrn5. Си простувам себеси што се вртам против себе. Знам кога не сум во право и умеам да го прифатам тоа.rnrn6. Си простувам себеси што го затворам своето срце кон себе и кон другите. Не е секогаш убаво кога сите ваши чувства и емоции се видливи и луѓето можат да ве прочитаат како отворена книга.rnrn7. Си простувам себеси што ме погодуваат туѓите осуди. Луѓето секогаш ќе осудуваат и во ред е ако понекогаш покажам малку слабост и ранливост. Тоа е само доказ дека сум човек.rnrn8. Си простувам себеси што се обидувам сѐ да предвидам. Друго е кога човек влегува во непознатото неподготвен и друго е кога сака да има малку увид за тоа како се одвиваат работите. Нема ништо лошо во планирањето и анализирањето различни сценарија.rnrn9. Си простувам себеси што понекогаш се мразам. Свесен/свесна сум дека исто како и сите, така и јас доаѓам со ред маани и недостатоци. Самокритичноста е дозволена сѐ додека не стане трајна.rnrn10. Си простувам себеси што сум човечко битие и не сум совршен/а. Само боговите можат да се натпреваруваат кој е подобар. Ние луѓето сме исти и се судиме само по делата кои ги правиме.rnrn11. Си простувам себеси што учам од своите грешки. Човечки е да се греши и уште почовечки е да се учи од грешките. Искуството нѐ прави посилни.rnrnСо тоа што си простувам себеси, учам како да се сакам себеси. Впрочем, како ќе научам да ја делам својата љубов со другите, ако пред тоа не научам како да ја споделам со себе?

  • 4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува

    4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува

    Секоја љубовна врска има убави моменти во кои уживате, но и лоши моменти со кои мора да научите да се соочите со цел да ги пребродите непријатностите. Стабилниот однос и добрата комуникација се едни од најважните компоненти кои ја обезбедуваат функционалноста на врската, а тука се вбројува и довербата. Ако нема доверба тогаш нема ниту љубов, а во оној момент кога ќе заигра сомнежот, забележете ги овие 4 промени во однесувањето на вашите партнери и откријте дали тие ве изневеруваат.rnrn4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневеруваrn

    1. Изговори

    rn4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневеруваrnrnСекогаш имаат добро оправдување зошто ја пропуштиле средбата која сте ја договориле. Морале подолго да се задржат на работа, требало да се видат со пријателите, итно им закажале бизнис состанок надвор од градот… Листата може да биде бесконечна. Запомнете: Само лагите имаат детали.rn

    2. Префрлање на вината

    rn4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневеруваrnrnПосле изговорите следи префрлување на вината. Тие ќе инсистираат дека вие сте оние кои обрнуваат помалку внимание на нив и нивните потреби, иако вистината е сосема спротивна. На почетокот ќе ви ги исполнуваат сите желби, бидејќи ќе се чувствуваат виновно, но откако ќе го прифатат фактот дека можат да си поиграат со вашите чувства и да се извлечат со тоа, ќе почнат постепено да го губат интересот и да ве занемаруваат.rn

    3. Одвлекување на вниманието

    rn4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневеруваrnrnНаместо да го насочат нивното внимание кон пронаоѓање на соодветно решение, тие се фокусираат на нешто друго. Поминуваат повеќе време на интернет, прават подолги телефонски разговори во другата соба, почесто и ненадејно излегуваат… Кога ќе се обидете да се соочите со нив, се однесуваат агресивно и навредено. Но, внимавајте, ова е само нивниот одбранбен механизам.rn

    4. Негирање

    rn4 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневеруваrnrnОва е нивниот прв потег кога ќе избувне некоја расправија: Го негираат сè она за коешто ќе ги обвините. Решението е едноставно. Обидете се да соберете доволно докази дека станува збор за неверство и потоа претставете го вашиот случај. Дури и боговите молчат пред фактите.