Кога зборуваме за факти за Чак Норис, тогаш мора да се напомене дали тие факти се вистински или се од оние кои ја слават неговата семоќност. Овие што ќе ги прочитате овде се сосема реални, без разлика дали изгледаат неверојатно или не.rnrn
rnrn1. Неговото име не е Чак, ниту е Чарлс. Неговото вистинско име е Карлос Реј Норис.rnrn2. Нема изгубено борба од 1968 година. Пред тоа загубил неверојатни десет пати, но тоа е од деновите кога немал доволно искуство во боречките вештини. На крај, неговите 168 победи се поважни од тоа.rnrn3. Измислил своја боречка вештина. По толку многу победување, морал да смисли нешто потешко што ќе му биде интересно. Таа се вика Чан Кук До и значи универзален пат.rnrn4. Ако Чак Норис молчи, тоа не е на арно. Неговото мото е „Ако немам што добро да кажам за некого, тогаш ќе си молчам“. Имајќи ги предвид неговите способности, не е на арно ако нема што убаво да каже за човек.rnrn5. Тој е првиот човек од западот кој освоил црн појас осми дан во теквондо. Покрај тоа, има црн појас и во џудо, бразилски џиу-џицу и танг су до.rnrn6. Бил полицаец во воздухопловните сили на САД. Тие го пратиле во Јужна Кореја каде што тој почнал да ги совладува боречките вештини. Подоцна станал и почесен тексашки ренџер, како последица на ТВ серијата за тексашкиот ренџер Вокер.rnrn7. Има сопствена линија на фармерки. Наречени се Action Jeans, доста се еластични и се наменети за борба.rnrn8. Чак Норис поседува солидни литературни способности заради што се нашол на листата на најпродавани автори на Њујорк Тајмс. Ако сте заинтересирани да ги прочитате неговите дела, тие се викаат „Патриотизам со црн појас: Како да се разбуди Америка“ (Black Belt Patriotism: How to Reawaken America), автобиографската „И покрај сите пречки“ (Against All Odds), како и новелите „Јавачи на правдата“ (The Justice Riders) и „Закана за правдата“ (A Treat to Justice).rnrn9. Неверојатно но вистинито, овој акционен херој не бил атлетски развиен во училиште, ниту бил заинтересиран за спорт.rnrnrnТолку за стариот добар Чак Норис. Ако сакате да читате и за новиот, проверете ги овие неколку интересни работи за Владимир Путин.
Tag: вицови
-

9 факти за Чак Норис кои не се вицови
-

Вицови за мажите измислени од страна на жените
Најчеста тематика во вицовите кои можеме да ги чуеме или прочитаме се жените. Без разлика дали станува збор за „плавушши“, бринети, сопруги, свекрви или нешто друго, жените се оние кои се ставени во незгодна ситуација.rnrnОва се неколку вицови на кои мажите седат на жешкото столче, а истите се измислени од жени.rnrn
rnrn1. Зошто мажите се женат? – За да не мора повеќе да го вовлекуваат стомакот.rnrn2. Кога мажите би имале менструација, би се фалеле со големината на тампонот кој го користат.rnrn3. Не надевајте се дека можете да промените нешто кај мажите, освен ако сè уште се во пелени.rnrn4. Секогаш одбирајте помлад маж. Иако тие никогаш не растат…rnrn5. Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи се водат според мотото „Направи сам“.rnrn6. Љубовта е слепа, ама бракот е искуство кое ги отвора очите.rnrn7. Запомнете дека да имате смисла за хумор, за него не значи дека треба да кажувате вицеви, туку да се смеете на неговите.rnrn8. Што е заедничко помеѓу веце шолја и годишнина од брак? Обете мажите никогаш не ги погодуваат.rnrn9. Што за мажите е романтично помината вечер? – Секс.rnrn10. Зошто мажите не перат алишта? Затоа што машината за перење не работи на далечински управувач.rnrn11. Кој е единствениот начин да го натераш мажот да го запомни датумот на годишнината од брак? – Ќе се земете на неговиот роденден.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.