КАФЕ ПАУЗА

Tag: вештина

  • Дознајте која е единствената „вештина“ што гарантира незаборавен секс

    Дознајте која е единствената „вештина“ што гарантира незаборавен секс

    Неверојатна хемија, извонредни вештини, физичка издржливост и оргазам. Според многумина, ова се четирите „состојки“ од кои зависи успешниот секс. Меѓутоа, изгледа дека ова мислење е сосема погрешно.rnrnДознајте која е единствената „вештина“ што гарантира незаборавен сексrnrnЕкспертите тврдат дека постои само една работа што гарантира вистинско сексуално задоволство, а тоа е целосната преданост. Главните елементи што ја сочинуваат целосната преданост е концентрацијата во текот на сексуалниот однос, чувството на длабока еротска блискост, добрата комуникација, искреност и желба за причинување задоволство.rnrnНеодамнешните истражувања откриле дека многу луѓе не обрнуваат големо внимание на самиот оргазам, бидејќи сексот може да е лош без разлика дали сте го достигнале врвот или не. Поголемо внимание се обрнува на таканаречената оптимална сексуалност и идејата дека сексот може да биде непресушен извор на задоволство и без оргазмот.rnrnПоголемиот дел од испитаните парови изјавиле дека најважниот елемент на сексуалното искуство е целосната преданост, бидејќи таа подразбира меѓусебна почит, прифаќање и нежност. Изгледот, телото и техниката се на дното од листата на приоритети, бидејќи добрите партнери доаѓаат во сите форми и големини, а вештините зависат од искуството.rnrnМора да признаеме дека сето ова звучи логично и покрај тоа што можеби целосно ќе ни го смени сфаќањето за сексот.rnrnДоколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, дознајте која е најголемата грешка за време на сексот што им се случува на сите.

  • Совладајте го утринскиот умор со помош на овој совет

    Совладајте го утринскиот умор со помош на овој совет

    Многумина имаат работа која бара станување во раните утрински часови. За да се навикнат на ова, на некои личности им е потребно повеќе време и напор, а тој период може да не биде лесен. Но, сепак постои начин да се справите со тој утрински умор, практикувајќи само еден совет.rnrnСовладајте го утринскиот умор со помош на овој советrnrnИмено, потребно е повторно да вратите некоја вештина која сте ја стекнале многу одамна, но истата ја немате практикувано веќе подолг период. Сите вие имате некоја вештина или хоби во кои сте биле добри во минатото, но сте ги заборавиле затоа што не сте престанале да уживате во нив. На пример, тоа може да биде учење странски јазик, свирење музички инструмент, шиење и слично. Како и да е, тоа веќе еднаш сте го научиле, а повторното учење нема да ви одземе многу напор, како што тоа било првиот пат.rnrnПа, дури и кога сте поспани ќе бидете во можност да практикувате некои од тие вештини. Така, во утринските часови можете да слушате некои објави на странскиот јазик кој сте го изучувале или пак да почнете со шиење нешто што одамна ве чека. Правете нешто продуктивно во почетокот на денот и ќе ја победите вашата поспаност, при што ќе имате енергија за остатокот од денот.

  • Како да си го смените животот за време на паузата за ручек?

    Како да си го смените животот за време на паузата за ручек?

    Голем дел од луѓето ги поминуваат работните денови во седмицата на еден рутински начин и ретко кога излегуваат од таа шема. Без оглед во кој дел од светот се наоѓаат, вообичаено наутро се соочуваат со утрински сообраќаен метеж или одложувања на возниот ред на јавниот превоз додека да стигнат до работното место, краток разговор со колегите, неколку часа продуктивна работа, кратка пауза за ручек надвор од канцеларијата (или сами пред компјутерите гледајќи видеа и проверувајќи ги социјалните мрежи), уште малку работа, и … Сè така до пензионирање или до крајот на животот.Доколку се пронајдовте во оваа рутина, зошто да не направите нешто ново? Зошто да не ги прекршите непишаните правила и да не излезете од удобната зона, којашто многу повеќе ви одзема, отколку што ви дава?rnrnКако да си го смените животот за време на паузата за ручек?rnrnМожеби, слободниот час за ручек, можете да го претворите во момент од кој ќе започне големата позитивна промена во вашиот живот. Луѓето вообичаено изнаоѓаат изговори дека по работните задачи се премногу зафатени со семејството, домот, роднините, пријателите, гледањето на омилената серија… Затоа, можеби токму паузата за ручек би можела да претставува светла точка во вашето секојдневие. Еве неколку предлози што сè можете да направите за себе за време на овие слободни минути.rn

    1. Усовршете одредена вештина

    rn(3) Сменете си го животот за време на паузата за ручек – да, можно е!rnrnМожеби отсекогаш сте сакале да научите да програмирате или да го научите шпанскиот јазик? Што би било, доколку секој ден по 45 минути, пет дена во седмицата, би се посветиле на изучување на тоа што досега не сте можеле да го вметнете во дневниот распоред? Замислете си го вашиот напредок во таа област. Можете и да испратите имејл со кој ќе ги поканите вашите колеги да го сторат истото. Заедно со заинтересираните соработници можете да составите група во којашто, покрај брзиот ручек, ќе можете да се посветите на заедничкиот интерес. Денес, со интернетот постојат многу можности, при што можете да се приклучите на бесплатни или на онлајн курсеви за кои се плаќа, а учењето во група е секогаш поинтересно. Исто така, доколку, на пример, сте заинтересирани за изучување на некоја вештина од областа на компјутерите и програмирањето, можете како гостин во групата, да го поканите вашиот колега од тој сектор, кој би ви ги објаснил работите што не ви се доволно јасни. Или, доколку се одлучите за изучување странски јазик, на пример шпански, поканете колега кој веќе има познавање од овој јазик. На тој начин, вие и вашата група практикувајќи го јазикот, ќе добиете соодветни корекции на изговорот, додека истовремено ќе се релаксирате, ќе развиете посебен однос со вашите соработници, а што е најважно и ќе научите нешто ново.rn

    2. Обновете ги старите пријателства

    rn(5) Сменете си го животот за време на паузата за ручек – да, можно е!rnrnЛуѓето, кога се зафатени со работни обврски или кога се под стрес, најчесто првото нешто што го отфрлаат од своите животи се врските со пријателите. Многу често ќе се сетиме на некој пријател, но, низ главата ни поминува мислата „ќе му се јавам следната недела“ или „Ќе му одговорам на имејлот подоцна“. Времето минува, а луѓето сè почесто се опкружени само со колегите од работа, а поретко се гледаат со пријателите од детството, од средношколските денови, од факултет… Затоа не бидете и вие едни од нив. Искористете го часот за ручек и јавете му се на својот цимер, на својата пријателка од прво одделение, на колегата со кој ги полагавте испитите и истовремено минувавте луди ноќи по дискотеките, на вашата мајка, татко, сестра, брат… Покрај тоа што ќе ги видите и ќе се присетите на убавите заеднички моменти, исто така тоа ќе ве потсети дека вие вредите многу и дека не сте само вработени во некоја компанија. Со таквата кратка средба ќе стекнете поголема самодоверба и ќе ја добиете поддршката која можат да ја дадат единствено блиските луѓе.rn

    3. Развијте 30-минутна рутина за вежбање

    rn(4) Сменете си го животот за време на паузата за ручек – да, можно е!rnrnБез оглед во каква физичка форма се наоѓате, 30-минутното вежбање околу пладне ќе ви дојде навистина добро. Доколку во близина на вашето работно место нема сала каде би можеле да вежбате, прашајте го вашиот претпоставен дали може да користите некоја од празните простории во рамки на компанијата во којашто работите. Како водич и мотивација може да користите некои од многуте видеа на интернет каналите. Тоа ќе ве наполни со енергија по неколкучасовното седење на канцелариското столче.rn

    4. Создавајте нешто. Не е важно што, важно е да сте креативни

    rn(8) Сменете си го животот за време на паузата за ручек – да, можно е!rnrnЖивееме во време кога постојат толку многу нешта за консумирање, што луѓето ја заборавија возбудата што се добива при процесот на создавање. Многу често можеме да слушнеме „Зошто да готвам, кога има готова храна? Зошто да пишувам? Зошто да шијам? Зошто да цртам?“ Но, чинот на изработка на одреден предмет или облека ни ги проширува видиците и внесува повеќе позитивна енергија и оригиналност во нашите животи. Доколку одлучите да се зафатите со некакво создавање, можностите се неограничени. Имајте на ум и дека тоа го правите за време на паузата, па не си вршете притисок. Никој од вас не очекува да ја создадете Систинската капела на вашата работна маса. Правете го тоа релаксирано, без брзање. Целта на процесот, во крајна линија, не е делото што го изработувате, туку можноста за себеисполнување.rn

    5. Дремнете

    rn(7) Сменете си го животот за време на паузата за ручек – да, можно е!rnrnНикогаш не ја потценувајте моќта на дремката, особено ако стресната работна седмица ви била исполнета со премалку сон и премногу работа. Краткиот сон за време на паузата за ручек е можеби најдоброто нешто што ќе може да си го овозможите. Исто така, голем број истражувања посочуваат дека спиењето од 45 минути до 60 минути во денот ја подобрува работата на мозокот, особено меморијата и моќта за учење. Тоа е особено делотворно доколку се применува меѓу 13 и 15 часот, токму за време на паузата за ручек. Затоа додека вашите колеги ја пијат третата или четвртата шолја со кафе, вие можете да со направите простор за кратка дремка. Доколку на вашите колеги и шеф им пречи тоа, не мора да преспиете на работната маса. Најдете некоја просторија која што тој период од денот никој не ја користи или секако во краен случај, можете да го искористите и вашиот автомобил.rn

    Заклучок

    rnЕдноставните промени во вашето секојдневие може да предизвикаат неверојатно позитивни нешта во вашиот мозок, тело и душа. Но, сепак, тие активности треба да ја подобрат вашата продуктивност на работното место, а не да ја намалат. Можеби ќе се откажете од ручекот во омилениот ресторан и за време на паузите ќе јадете спакувани јадења за да може да постигнете сè во вашите слободни минути, но придобивките без сомнение се големи.

  • Која вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?

    Која вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?

    Според неодамнешните извештаи на „Американската национална ссоцијација на факултети и работодавачи“, вештината за која станува збор е во пораст и еден од најважните фактори при разгледувањето на потенцијални кандидати за работа. Повеќе од 73% работодавачи, менаџери и вработени во човечките ресурси бараат кандидати за работа со одлични комуникациски вештини, и тоа не само говорни, туку и пишани. Освен тоа, добрата невербална комуникација е рангирана како трета најпосакувана вештина во вкупниот пласман.rnrnКоја вештина сакаат да ја видат сите работодавачи на вашето CV?rnrnПокрај тоа, 75% од работодавачите споменуваат дека поголемиот фокус е ставен на пишаните комуникациски вештини кое се на факултетско образовно ниво. Така, кандидатите со добро познавање на англискиот или друг странски јазик и занимавања кои се бават со комуникациите стануваат омилени меѓу работодавачите. Во минатото, овие знаења и занимања биле сметани за многу апстрактни за професионална кариера, но за среќа времињата се промениле.rnrnВо професионалните средини, каде горе-долу сѐ се одвива преку електронското кореспондирање, способноста на изразување идеи јасно и точно е без сомнеж пресудно. Познато е дека компаниите трошат по милијарди долари секоја година на дополнителна обука за да ги научат своите вработените на подобар правопис и граматика. Затоа, фокусирајте се на способноста за пишување. Доколку тоа е вашата силна страна, немојте да се воздржувате и обидете се тоа да го покажете или докажете на интервјуто за работа.

  • Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

    Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

    Унгарската пекарка и артистка Џудит Пор е современиот Леонардо да Винчи на колачињата. Работејќи од нејзиниот дуќан за декорирање торти и колачи „Mézesmanna“, кој се наоѓа во Ајка, таа подготвува најразлични дизајни: од класични унгарски шари до помодерни форми и облици. За неа не постојат граници кога станува збор за уметноста на украсувањето на колачите, а нејзината способност и вештина се забележуваат на сите нејзини креации во кои се вбројуваат и детални илустрации од луѓе и животни. Сепак, цветните шари инспирирани од везовите се нејзиниот препознатлив стил.rnrnОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиrnrnЗа да ги произведе овие деликатни композиции, Пор користи повеќе алатки за глазури и шлаг. Таа вели дека секојдневното вежбање е клучно во патот кон успехот и исполнувањето на целите.rnrnОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиrnrnСѐ е создадено со слободна рака и без помош на скици и цртежи, а во нејзината вешта работа постои еден неверојатен ритам кој ќе мора да го видите за да поверувате.rnrnrnrnПогледнете ги останатите нејзини дела…rnrn

  • 10 начини да бидете попродуктивни ова лето

    10 начини да бидете попродуктивни ова лето

    Автор: Софија СионоваrnrnЛетото конечно пристигна, температурите полека се зголемуваат. Време е за на плажа, за летни флертови и гледање филмови. Иако е многу важно да се одвои време за релаксација, да не забораваме дека летото исто така е одличен период за испробување и учење нови работи. Забавувајте се со следните 10 активности и бидете попродуктивни летово.rnrn10-nachini-da-bidete-poproduktivni-ova-leto-kafepauza.mkrn

    1. Научете нова вештина

    rnБез разлика дали се тоа часови по гитара или професионално усовршување, летото е најповолен период за тоа. За сите кои би сакале унапредување во кариерата, одлична идеја е учење на основите на HTML/CSS програмирањето. Оваа вештина е сѐ повеќе барана и ценета помеѓу работодавачите. На веб-сајтовите како SkillCrush програмирањето се учи брзо, лесно и бесплатно. Ова малку време посветено на учење ќе ви ги подобри квалитетите, ќе ви го збогати резимето при потрага по работа, и ќе ве направи повеќе ценети.rnrnСекако ова е само една од опциите. Размислете за целите и желбите, а потоа одвојте време за усовршување на некоја вештина која води поблиску до остварување на вашите соништа.rn

    2. Раширете го вашето присуство на социјалните мрежи

    rnНе станува збор за објавување на повеќе селфи-фотки на Инстаграм. Присуството на социјалните медиуми е сѐ повеќе од витална важност за обезбедување работа. При пребарување на сопственото име на Гугл ја гледате истата слика која ја гледаат и потенцијалните работодавачи кога ве истражуваат онлајн.rnrnОдвојте време за чистење на профилот, прилагодете ги вашите приватни поставки и ослободете се од сето она што не ве претставува во најдобро светло.rnrnИсто така, можете да ги користите социјалните медиуми за активно да се поврзете со колегите од вашата фирма. Пројавувајќи постојан интерес и споделувајќи важни содржини со вработените на социјалните мрежи, привлекувате внимание на многу позитивен начин.rn

    3. Направете нешто што сте го одложувале

    rnОтсекогаш сте сакале да започнете блог, да водите дневник, да започнете со јога, но секогаш сте биле премногу зафатени. Доволно одолговлекувавте, време е работите кои заглавиле во минатото да ги поставите за приоритети.rn

    4. Започнете активен и здрав живот

    rnПостојат многу забавни и креативни начини да останете фит за време на летните месеци. Фитнес-центрите не се сечие омилено место, но затоа тука се летните активности на отворено како возење велосипед, ролерки, пешачење со најдобрите пријатели и слично. Наеднаш вежбањето и не изгледа толку лошо, нели!? Искористете го убавото време и останете активни.rn

    5. Извлечете го максимумот од вашиот круг на пријатели

    rnОдвојте време за да размислите за луѓето во вашиот живот кои ви претставуваат важни (приватни и професионални) контакти и побарајте ги. Неформалните разговори, без разлика дали се на работното место или во омиленото кафуле, ви даваат пристап до вредни информации и ви овозможуваат градење на значајни врски кои можат да ви послужат во иднината.rnrnАко сте амбициозни, побарајте професионалци кои не ги познавате и обидете се да го проширите вашиот круг на пријатели. Можеби сметате дека некој нема да ве сфати сериозно, но ќе се изненадите што може да се постигне со малку труд во оваа насока. Без разлика на сѐ, немате што да изгубите, туку само да добиете.rn

    6. Стажирајте

    rnЛетото е можеби најдобриот период за стажирање. Тоа е многу корисно затоа што се учи одговорност и се полни резимето, што обезбедува поголемо искуство и многу поголеми шанси за вработување. Никогаш не е доцна.rn

    7. Заработете малку пари

    rnЗапочнете работа со половично работно време, бидете бебиситер или хонорарно пишувајте. Без факултетските/школските обврски со кои се соочувате во останатите месеци, овој период е одличен за заработување пари што го олеснува животот во другиот дел од годината.rn

    8. Волонтирајте

    rnНе само што го подобрувате туѓиот живот, туку тоа е и можност да запознаете важни луѓе кои во иднина би можеле да ви помогнат. И секако тука е фактот што помагајќи им на другите се чувствуваме многу позадоволни од себеси. Некогаш забораваме да бидеме благодарни за малите нешта. Потсетете се дека имате среќа што живеете таков убав живот и потрудете се да направите промена така што ќе волонтирате за цел која сметате дека е важна.rn

    9. Читајте

    rnНе е битно дали е дневен весник, чик литература или Шекспирова драма. Важно е да го стимулирате вашиот мозок и да го предизвикувате. Така транзицијата од летото до работното место/училиштето е многу полесна.rn

    10. Бидете спонтани

    rnПоследниот предизвик е да направите нешто спонтано. Без двоумење сложете се за патување, зборувајте со згодното/та момче/девојка кое долго време ви се допаѓа или пробајте нешто ново. Летото носи чувство на слобода и авантура што го нема во текот на целата година, затоа не го трошете залудно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnВо претходниот мој неделен совет пишував за умешноста на живеењето, т.е. што значи да умееш да донесуваш правилни одлуки, во право време. Сите истражувања и вистини водеа кон тоа дека мудроста е таа што ги донесува тие одлуки. Колку сме помудри, толку поубави одлуки ќе донесуваме.rnrnshto-e-mudrosta-i-kako-da-ja-razvieme-vo-sebe-kafepauza.mkrn

    Но што претставува мудроста?

    rnМудроста е способност да се донесуваат правилни одлуки и да се оди во вистинската насока, по вистинскиот пат, и сето тоа засновано на знаење и разбирање. Мудрост е способноста да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност. Тоа е карактеристика која ни овозможува да ги направиме работите со најголемо ниво на прецизност, и тоа во секои услови. Или како што вели еден мој мудар пријател, мудрост значи да си среќен и исполнет и да го правиш со ист елан она што го сакаш, но и она што не го сакаш.rnrnСпоред медицинскиот центар на Харвард, мудроста е способност да се разберат природата и однесувањето на работите, луѓето и настаните. Способност да ги погледнеме работите од други перспективи и да избегнуваме црно-бело размислување. Карактеристика која секој од нас ја поседува (повеќе или помалку) и која е во директна корелација со нашиот внатрешен капацитет (когнитивен, емоционален и физички), надворешниот свет и динамичната релација на внатрешниот со надворешниот свет.rnrnАристотел ја дефинирал мудроста како разбирање зошто работите се такви какви што се, што е огромна разлика отколку само знаење дека работите се такви. Сето ова звучи фолозофски, но и самиот збор „филозофија“ означува „љубов кон мудроста“.rnrnВо секој случај, од горните дефиниции може да се воочи дека, мудроста се поврзува со разбирањето. Прво мора да ја дефинираме разликата помеѓу знаење и разбирање. Основата на знаењето е во разбирање на знаењето, и апликативноста на тоа знаење. Во спротивно ќе имаме само одвишок знаење околу некоја работа. Но тоа не значи дека сме ја разбрале таа работа.rnrnЗнаењето користи еден центар во мозокот, додека пак разбирањето активира неколку центри.rn

      rn011

    • За да се сфати мудроста, понекогаш добро е да се сфати што не е мудрост.
    • rn011

    • Да се зборува или делува на глупав начин, а потоа да се обвинуваат другите за тоа што се случило
    • rn011

    • Да се зборува или делува на начин што ќе предизвика тешкотии за блиските луѓе
    • rn011

    • Да не учиме од нашите грешки, и да ги повторуваме истите грешки
    • rn011

    • Да сме горчливи за минатото и цинични за иднината
    • rn011

    • Да критикуваме постојано
    • rn011

    • Да се водиме обратно од нашите вистински вредности
    • rn

    rnЕдно од најдобрите работи за мудроста е тоа што ни прави баланс на срцето и умот. Овој баланс – мир се постигнува поради тоа што ние дејствуваме во релација со нашите вистински цели, а го избегнуваме губењето на енергија додека трагаме по вистинскиот пат. А генерално ни се случува да се вртиме во круг и секогаш се наоѓаме во иста ситуација, само со различно сценарио.rnrnНајинтересно е тоа што мудроста не е поврзана генерално со годините. Не важи само она старото правило, некој е мудар бидејќи е стар. Сите ние може да ја развиваме нашата мудрост. Како и сѐ друго, и тоа е вештина која може да се развива.rnrn

    „Нам мудроста не ни е дадена, ние мора самите да ја пронајдеме одејќи по дивиот пат кој никој не може да го изоди за нас, и е мака од која никој не може да не поштеди.“ – Марсел Пруст

    rnЕве неколку насоки за размислување (бидејќи глупаво би било да шаблонизираме некоја толку апстрактна тема, и да мислиме дека може да ја ставиме во 6 чекори или 11 основни правила):rnrn Патот до мудроста: За да може да работиме на својата мудрост како вештина, мора прво да сфатиме добро што е мудрост (незнам дали е доволно да го прочитате само овој текст), и најважно да сфатиме дека нема лесен пат до мудроста. Се вели дека, како што потребата е мајка на иновацијата, макотрпноста е на мудроста.rnrnКарактеристики на мудар човек: Сочувство, одговорност, интегритет, прифаќање, желба за знаење, поглед од повеќе перспективи, емпатија, внимателен и добродушен, дарежлив, човек од доверба, скромен, отворен, трпелив итн. Треба да ги развиваме овие убави вредности и напорно да работиме на тоа.rnrnБидете набљудувач: Набљудувајте се себе и другите. За подобро да ги разбереме сите односи и сѐ она што се случува околу нас, мора прво да се познаваме самите себе и другите. И најважно да не судиме. Ниту другите, ниту себе. Тоа значи да се прифатиме какви што сме (и ако не си се допаѓаме, да се промениме) и да ги прифатиме другите какви што се (а нив, да не пробуваме да ги промениме).rnrnМедитација: Едуцирајте се повеќе за медитацијата и почнете да ја практикувате. Многу познати, успешни и мудри луѓе ја користеле и ја користат (Џон Ленон, Стив Џобс, Ајнштајн, Опра, Стинг, Тесла и др.)rnrnВежбање телесни вештини: Источните практики се најдобри за развој на телесната интелигенција. Преку нивно практикување и омекнување на телото, омекнуваме и ги менуваме наши ставови, принципи и заклучоци.rnrnРазговарајте со мудри луѓе: Ако имате некој што го сметате за мудар, поминувајте повеќе време со него. Набљудувајте го и видете што е она што таа личност го има и што може да украдете од неа.rnrnСамоменаџирање: Еден од основните концепти за развој на мудроста како вештина, е да работиме на себе, т.е. да го ставиме фокусот на внатрешниот, а не на надворешниот свет. Ако не ни се допаѓа надвор, треба решението да го бараме внатре. Дознајте повеќе и работете на техники за смирување на умот, развој на мотивација за самознаење, техники за надминување на егото и други техники за самореализација.rnrnПравени се медицински истражувања каде што било евидентирано дека пациентите кои се справувале со тешки и хронични болки, почнувале да зборуваат за нивната состојба со јазикот на мудроста (покажувале сочувство, разбирање на другите и за лимитацијата на знаењето, простувале итн.). Да не чекаме да ни се случи нешто такво за да го научиме јазикот на мудроста. Да бидеме мудри и да почнеме со негово изучување уште сега.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Вистината за мултитаскингот

    Вистината за мултитаскингот

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали ви се случило да пишувате е-пошта и во исто време да зборувате на телефон/со колега, или да отворите 3 различни е-пораки и да започнете да одговарате на сите паралелно?rnrn1-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМултитаскинг или работење на повеќе работи одеднаш е концепт кој ние многу често го користиме/кажуваме во секојдневното работење (а и живеење). Многу често со моите пријатели и колеги разговараме за ефектот на мултитаскингот, т.е дали можеме да работиме повеќе работи одеднаш, а тоа да нема негативно влијание врз крајниот резултат на некоја од нив. Често знаеме да кажеме, и сме многу уверени во тоа, дека ние сме многу добри во работење на неколку работи одеднаш, а дека тоа не смета на резултатот. Дури јас познавам ѝ неколку горди експерти во мултитаскинг.rnrnНо дали е вистински така или тоа е една голема заблуда со која живееме?!rnrn2-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМногу истражувања и анализи се правени во последно време за ефектот на мултитаскингот во работењето. И сите резултати велат дека ние не сме толку добри, како што мислиме, во извршување на повеќе работи одеднаш. Првиот проблем е во делот од реченицата што вели „како што мислиме“. Сите ние мислиме и цврсто веруваме дека може да правиме повеќе работи одеднаш. А знаеме дека мозокот е експерт за само-залажување.rnrnСпоред истражувањата мултитаскингот ја намалува нашата продуктивност за дури 40%, го забавува нашиот прогрес, влијае на нашиот фокус и ја намалува можноста за учење на нови информации. Тоа се случува бидејќи мултитаскингот бара голема когнитивна способност. Нашиот мозок, работејќи повеќе работи одеднаш, поминува низ многу тежок ментален предизвик. Првиот предизвик е т.н „менување на целите“ – решаваме да правиме друга работа наместо тековната. Во оваа ситуација 2 задачи се борат да користат ист дел од мозокот. Вториот предизвик е т.н „менување на улоги“ – менување на правилата од тековната активност, во други правила за новата задача. Ова претставува огромен напор за нашите мозоци и поради тоа, несвесно, нам ни се намалува продуктивноста, концентрацијата и фокусот.rnrnЗборот мултитаскинг оригинално доаѓа од компјутерскиот речник и претставува способност микропроцесорот да процесира повеќе задачи (процеси) симултано. И бидејќи компјутерите може да вршат повеќе работи одеднаш, тоа влијае ние да мислиме дека тоа е и наша вештина. Но, она што треба да го имаме на ум е дека компјутерите постојано се надградуваат и менуваат. Тоа значи дека, ако сакаме и ние да ја развиваме нашата вештина за мултитаскинг, треба и ние да ги надградуваме нашите процесори (мозокот). Според истражувањата, мултитаскингот е вештина која се учи/тренира. Но, за тоа треба да се едуцираме, да ги спознаеме техниките на работа и да вежбаме напорно.rnrnИма една приказна што вели дека Моцарт можел да прави 2 работи одеднаш и тоа без никакви последици на финалниот резултат од тие активности. Често знам да им кажам на колегите и другите што мислат дека не им смета мултитаскингот во работата – ако сте како Моцарт во тој случај јас не ви коментирам ништо. Но, ако не сте, тогаш единствено ќе може да прифатам дека сте добри во мултитаскингот само ако работите на техниките за развој на таа вештина. За мало појаснување на ликот и делот на Моцарт – тој ја напишал својата прва симфонија на 8-годишна возраст.rnrnНАПОМЕНА: кога зборуваме за мултитаскингот и неговото негативно влијание повеќе се мисли за извршување на повеќе важни/сериозни активности. Некои ситни и не толку важни задачи, нашиот мозок има капацитет да ги обработи без некои посебни проблеми. Пр. гледање телевизија и јадење, вежбање, пеглање итн.rnrnЗначи може да заклучиме дека „MythBusted“ (митот е разбиен). И следниот пат кога ќе кажете „можам да правам повеќе работи одеднаш“, размислете убаво!rnrnСо успех во имплементацијата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДоколку, поради лични или професионални потреби сте имале можност да го изучувате говорот на телото, сигурно ви е позната важноста и значењето на контактот со очи. Очите претставуваат еден од најважните фактори во ефективната комуникација и имаат огромно влијание врз социјалните однесувања. Со очите ние разменуваме емоции, покажуваме одредени ставови, a и флертуваме. Преку нашите очи ние комуницираме со светот. Ги апсорбираме информациите од околината, сите убави и сите неубави нешта. Преку очите се поврзуваме со другите. Гледаме длабоко во другите и дозволуваме другите да погледнат кај нас.rnrnrn

    Очите се прозорец на душата – Народна поговорка

    rnkontakt-so-ochi-sovladuvanje-na-veshtinata-za-gledanje-na-lugjeto-vo-ochi-kafepauza.mkrnrnСигурен сум дека старите не навлегувале толку психолошки во концептот на контакт со очи или говорот на тело, како наука, не им бил познат за да ги сфатат очите и нивната важност. Тие низ годините, низ искуството и прераскажувањата, ја препознале важноста на очите и на погледот.rnrnКога гледаме некого или некој не гледа нас, како се чувствуваме?! Дали се чувствуваме пријатно или не? Дали на состаноци секогаш ни е лесно да воспоставиме контакт со соговорникот? Дали сакаме некому да дозволиме лесно да влезе во нашата душа или мисли? Во зависност од ситуацијата и од околностите, понекогаш ни е пријатно да ги гледаме или да нѐ гледаат другите, но понекогаш и не.rn

    Ова се најважните моменти кога не може да ги гледаме луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Криење/лага – Доколку сакате да скриете нешто од другите или да ги излажете, може да имате проблем со гледање во очи. Ние си мислиме дека преку очите ќе им ја кажеме вистината на другите. Е сега, голем број на оние што лажат веќе го знаат ова (свесно или не) и научиле дека кога лажат треба да ги гледаат луѓето во очи. Ова, генерално потекнува уште од нашата најмала возраст кога родителите нѐ учат да ги гледаме во очи и да им ја кажеме вистината. Децата брзо сфаќаат дека кога сакаат да излажат, само треба да ги гледаат родителите во очи.
    • rn

    rn

      rn011

    • Маскирање на емоции – Понекогаш не сакаме да излажеме некого, но сакаме да сокриеме некоја емоција или состојба во која се наоѓаме. Не гледајќи ги во очи, мислиме дека ќе ги намалиме шансите да нѐ фатат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Несигурност – Ова е една од најголемите причини за одбивање на гледање во очи. Доколку се најдете во ситуација со подоминантна личност, менаџер од повисока позиција и моќ, доколку сте несигурни во себе, ќе ви биде многу тешко да ги гледате во очи. Кога ќе влезам на состанок, во зависност од тоа дали другата личност ме гледа во очи или го избегнува погледот, мене ми е јасно каде е оската на моќ и како понатаму ќе се развива муабетот. Ако се најдеме некогаш на состанок, гледајте ме во очи :).
    • rn

    rnВо нашето општествено опкружување, фокусот на погледот (гледање во очи) е многу важен во професионалната комуникација и делување. Многу истражувања покажале дека, луѓето што воспоставуваат повисоко ниво при контактот со очи, се перципирани како: подоминантни и моќни, потопли и приемчиви, атрактивни и сакани, со повеќе вештини и знаење, луѓе од доверба, искрени, сигурни и емоционално стабилни.rnrnЗатоа, ако сакате да оставите впечаток некому или во деловната комуникација (преговори) да презентирате сигурен став, мора да научите да ги гледате луѓето во очи.rnrnСепак, кога зборуваме за значењето на очите и погледот, од оваа перспектива, повеќе се мисли на денешната западна култура на живеење и работење.rnrnВо другите култури можно е да добиеме погрешен впечаток, ако го следиме ова правило. На пример, во муслиманскиот свет, фокус и поглед директно во очи на некој од спротивниот пол е навредливо. Јапонците не воспоставуваат контакт со очите, со луѓе со повисоки титули (хиерархија) од нивната. Затоа, многу е важно да ја знаеме точно ситуацијата во која сме и заднината на оној со кого разговараме.rn

    Совети како да ја развиете вашата вештина за гледање на луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Релаксирајте се во разговорот – Не му придавајте големо значење на разговорот и на соговорникот, дали ќе бидете добри или не. Како и со сè друго, што повеќе размислувате на тоа, толку подлабоко навлегувате во проблемот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Концентрирајте се на едното око – Не гледајте ги луѓето наизменично во двете очи. Фокусирајте се на едно око и на тој начин ќе воспоставите поголема контрола.
    • rn

    rn

      rn011

    • Избегнувајте зјапање во очи – Погледот нека ја следи релаксираната атмосфера на разговорот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Активно слушање – Доколку сте активен слушател и внимателно го слушате соговорникот, тогаш нема потреба да се грижите за тоа каков ви е погледот со очите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Смејте се со очи – 2 мускула на лицето се најважни во процесот на смеењето. Мускулите на јаболчниците и на надворешната страна на очите. Оние на очите ни покажуваат дали некој вистински се смее или само од култура.
    • rn

    rnГледајте го контактот со очите како ментален предизвик – Најважно е да сфатиме дека гледањето во очи е тешка ментална активност и побарува големо когнитивно напрегање. Доколку сакаме да скриеме нешто или да излажеме или сме несигурни, мозокот секогаш ќе иницира тргање на очите од погледот кон соговорникот. Наше е да не потклекнеме.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршени боди арт илузии

    Совршени боди арт илузии

    Човечкото тело најверојатно е најкомплицираното место за сликање, платно кое дише, чувствува и се движи. Но, за 25-годишната германска уметница Gesine Marwedel не претставува никаков проблем да ја оживее својата уметност користејќи го секој дел од телото на моделите. Само со својата вештина и магијата на боите, оваа девојка толку умешно слика животни и пејзажи што тешко е да се поверува дека се насликани на нечие тело.rnrnСамата нагласува дека боди артот е една од првите и најоригиналните форми на уметност којашто првично била користена во традиционалните обичаи и церемонии. Денес е сè повеќе признаена како уникатен начин да се трансформира телото во жива уметност во движење.rnrnСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.