КАФЕ ПАУЗА

Tag: велнес

  • Најважните велнес-трендови што треба да се практикуваат оваа година

    Најважните велнес-трендови што треба да се практикуваат оваа година

    Годината што дефинитивно нè прикова дома донесе со себе промена во начинот на живот, но и во начинот на кој пристапуваме да се грижиме за себе. Здравјето на кожата стана приоритет, популарноста на чистите производи за убавина е зголемена, а решивме да посветиме уште поголемо внимание на исхраната. Кога ќе ги земеме предвид сите горенаведени, ќе добиеме голем број трендови за кои сме сигурни дека ќе се практикуваат и во оваа година.rnrnНајважните велнес трендови што треба да се практикуваат оваа годинаrn

    1. Создавање здрави дневни ритуали

    rnРаботејќи од дома, моравме да смислиме некои нови навики кои ќе ни го „скратат“ денот. Или можеби сте решиле да го започнете денот со здрав појадок, а можеби вклучивте и ново смуди. Минатата година роди нови дневни ритуали за повеќето луѓе на кои веројатно ќе продолжат да се придржуваат.rn

    2. Хормонална врска и менструален циклус

    rnПриватните консултации, како и конференциите преку Интернет, подкастите и предавањата за тоа како да ги подобрите вашите циклуси, плодноста или едноставно да решите низа репродуктивни проблеми, ќе станат центар на интерес на секоја жена.rn

    3. Едноставни решенија

    rnМинатата година секако нè научи дека не треба многу за да бидеме активни и да вежбаме. Опремата за вежбање е веројатно најчесто нарачуваниот предмет преку онлајн-купувањето. Враќањето на вежбањето дома или, на пример, трчањето во соседството, нè освести дека не ни требаат скапи спортски сали или приватни тренинзи. Потребна е само добра волја.rn

    4. Зајакнување на имунитетот

    rnПојавата на вирусот ковид-19 го доведе во прашање имунолошкиот статус на многумина. Одеднаш сфативме колку е важна отпорноста на организмот кон болести и вируси и како таа се добива не само со диета, туку и со начинот на живот, намалувањето на стресот, доволното спиење. Зајакнувањето на имунитетот сигурно ќе биде приоритет за многумина и оваа година, така што употребата на лимон, ѓумбир или куркума ќе продолжи да се зголемува.rnrnНајважните велнес трендови што треба да се практикуваат оваа годинаrn

    5. Холистички пристап кон здравјето

    rnХолистичкиот пристап кон здравјето има голема популарност во последниве години. Дури и некои од најголемите научници изјавија дека ако ја скршите раката, одите во болница, но ако се борите со автоимуна болест, потребно е да барате решение во природата, медитацијата, психотерапијата и исхраната. Сè повеќе луѓе ќе се свртат кон себе и кон оние кои можат да им помогнат да го пронајдат својот личен пат кон заздравување.rn

    6. Ментално здравје

    rnНеодамнешните трагедии и стресови нанесени не само на погодените области, туку и на сите кои се во контакт со неодамнешните настани, нè научија колку е важно прво да се смириме за да можеме воопшто да му помогнеме на некој друг. Минатата година дефинитивно остави свој белег врз менталното здравје на сите во светот, особено на оние кои поминаа низ разорните земјотреси заедно со пандемијата. Советувањето преку Интернет и одењето кај психолози, како и вклучувањето на медиумите во истите прашања сигурно ќе продолжат.rnrnПрочитајте кои 8 вежби согоруваат повеќе калории од трчањето.

  • Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

    Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

    Со денешниот брз начин на живот, заедничкото време поминато со партнерот станува сè подрагоцено. Поради тоа, германската компанија Trauywein дошла до многу креативна идеја да изработи када за љубовни парови, во облик на симболот на јинг и јанг. Капењето во оваа када не само што овозможува пријатен, релаксирачки разговор со вашиот партнер, туку и прави да се чувствувате како да сте на заеднички третман во велнес-центар.Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаЛуксузно капење во романтично џакузи за двајцаЈинг-јанг кадата за парови им овозможува на партнерите луксузно капење, бидејќи прави и релаксирачка масажа со помош на звучни бранови и го ревитализира вашиот дух со помош на нежната светлина која ја „бои“ водата. Нежните вибрации се испраќаат директно во водата на џакузито, што значи дека луѓето се капат директно до звучникот. На овој начин, звучните бранови можат да се чујат и почувствуваат во секој дел од телото на капачот, а тоа е неверојатно искуство.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаВо текот на капењето, двајцата капачи искусуваат две интензивни витализирачки енергии, кои ја подобруваат нивната добросостојба и релаксација. Капењето во оваа када не е воопшто слично на капењето во обичната домашна када и истава дефинитивно, ќе ги намами и мажите да уживаат во велнес-придобивките. Самиот јинг-јанг облик, пак потсетува дека спротивностите се привлекуваат.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајца
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Прекрасна вила на швајцарските Алпи

    Прекрасна вила на швајцарските Алпи

    За оние кои се љубители на планините и снегот, оваа прекрасна вила сместена на швајцарските Алпи ќе претставува вистински рај за очи. Оваа фантастична зимска резиденција се наоѓа во пејзажното село Цермат, Швајцарија и нуди неодолив поглед кон врвот Матерхорн.rnrnПрекрасна вила на швајцарските АлпиrnrnВилата е наречена „Zermatt Peak“ или „Врвот на Цермат“, а се наоѓа во близина на центарот од селото. До неа се пристигнува преку приватен влез или преку тунел со лифт. Во неа има 5 луксузно опремени спални соби со купатила, голема кујна, дневна соба, библиотека, винарска визба, соба за скијачка опрема и велнес-центар кој го зафаќа целото приземје.rnrnПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиrnrnВкупната површина на просториите изнесува 778 квадратни метри, на кои се придодаваат уште дополнителни 120 од балконите.rnrnПрекрасна вила на швајцарските АлпиrnrnВелнес-центарот вклучува соба со пареа, сауна, џакузи и фитнес-сала. Вилата функционира како хотел, па така таа може да биде изнајмена, но има можност и да биде купена за цена од 22 милиони американски долари.rnrnПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиrnrnДосега во оваа вила имаат гостувано многу познати личности помеѓу кои Мадона, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, дел од членовите на познатото италијанско семејство Ањели и многу други.rnrnПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските АлпиПрекрасна вила на швајцарските Алпи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.