КАФЕ ПАУЗА

Tag: вампир

  • „Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

    „Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчег

    Дојде октомври и наскоро многумина од младите ќе ја слават Ноќта на вештерките. Но, овој маж не е морничав само еднаш годишно, бидејќи Андреас Батори тврди дека тој е вистински вампир кој пие крв, спие во ковчег и се поврзува со душите на мртвите.rnrn„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчегrnrnРоманецот Андреас вели дека без разлика што вие мислите, вампирите не ги има само во хорор филовите, тие се вистински и живеат меѓу нас.rnrnАндреас живее на земјиштето на „Замокот на Дракула“, односно во замокот Бран во Трансилванија и смета дека вистинското вампирство не треба да се меша со модерниот фетиш за пиење крв.rnrnАндреас, кој не сака да ја открие неговата возраст, тврди дека традициите што ги следи се стари повеќе од 600 години.rnrn„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчегrn

    „Се држам понастрана од модерната онлајн заедница на вампири. Ние ги негуваме традициите што се постари од 600 години. Модерната заедница на вампири е полна со сексуални ритуали кои се против природата вампировото постоење. Вампирот не се исполнува преку сексуална девијација, фетиш за крв или садо-мазо. Вампирот не живее на овој начин.“

    rnПа, како тогаш изгледа животот на вампирот? Андреас тврди дека се пие крвта на волонтери кои ги нарекува „црни лебеди“. Потоа минува време во медитативна состојба во ковчег каде што се поврзува со душите на мртвите. Звучи забавно!rnrn„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчегrn

    „Се храниме само од доброволни донатори. Ќе се изненадите колку луѓе бесплатно ја нудат нивната крв ако им кажете дека сте вампири. Верувале или не, никогаш не барам крв. Луѓето самите ја нудат бидејќи сакаат да ги разберат вампирите и нашата енергија. Постојат и здравствени ризици, но не повеќе од поминување улица. Преземаме мерки за размената да биде безбедна. Исто така, понекогаш спијам во ковчег кога сакам да бидам мртов за светот и да медитирам.“

    rnТој е и избраниот лидер на култот Ордо Дракул, група луѓе со слични размислувања кои тврдат дека култот датира од 1476-та година.rnrn„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчегrnrnАндреас вели дека неговиот живот се променил пред неколку години кога бил посетен од Влад Тепеш, инспирацијата за грофот Дракула.rn

    „Пред 4 години ми се појави во сон. Беше во темна соба и ме нарекуваше негов син. Не верувам дека сум негов потомок, туку тој ме има одбрано да ја пренесам оваа порака и традиција на новата генерација. Па, таа вечер однесов жртва на местото каде што е убиен и тој ми кажа дека животот ќе ми се промени засекогаш. Тоа и се случи.“

    rn„Вампир“ отворено разговара за пиење крв и спиење во ковчегrnrnНо, не сите се согласуваат со целата оваа работа околу вистинските вампири. Андреас го открил ова кога одлучил јавно да признае за неговото пиење крв.rn

    „Се разбира дека се справувам со премногу онлајн хејтери. Тие се љубоморни. Ако некој ми кажел за ова пред една деценија, ќе ми изгледало како фантазија. Но ако сте се соочиле со силите со коишто се имам соочено јас, ќе разберете.“

    rnПогледнете и кои застрашувачки чудовишта се инспирирани од вистински настани.

  • Г. Совршен vs. Г. Реален

    Г. Совршен vs. Г. Реален

    Сите имаме некаква замисла за тој некој совршен или пак, таа совршената. На листата на девојките најчесто оди: висок, развиен, богат… немам ништо против ако има кралско потекло. Пред некое време слушнав многу јака теорија (претпоставувам дека е „генијален изум“ на некој од писателите на книги за самопомош или солење памет од типот на „The Secret“): пробај на лист хартија да го нацрташ твојот совршен и ќе видиш дека ќе го запознаеш за брзо. Јас па мислев да нацртам некоја златна песочна плажа во Мексико и да ве поздравам, одам да се сончам!rnrnГ. Совршен vs. Г. РеаленrnrnИзраснавме во светот на Снежана и Пепелашка чекајќи го принцот со штиклата што совршено ни прилега и бранејќи се од женската конкуренција, што воедно отвара друга тема, но ви ветувам дека ќе ја зачнам некој нареден пат. Продолживме во светот на тинејџерството и филмовите адаптирани според новели на Николас Спаркс, за на крај како капак на сè да ни дојде „романтичниот“ серијал „Самрак“ со вампирот што светка на сончева светлина. Па во листата на многу девојки, совршениот ги доби токму карактеристиките на Едвард, (на кои патем, би им препорачала да ја прочитаат „Дракула“ на Брам Стокер, па да го запознаат „вистинскиот вампир“, а не американизираната верзија).rnrnИ така растеме и го чекаме совршениот дури не ни пукне филмот и не свикаме „Каде си бре непрокопсан еден, цел живот те чекам тебе!“ Едно интересно истражување покажало дека дури и жените кои се во брак не се откажуваат од идејата за совршениот, не престануваат да се надеваат дека ќе наиде некој подобар. Таа сонувала за лошо и бестрашно момче, за набилдан батка кој руши сè пред себе и откако видела колку е тежок за „скротување“ се одлучила за оној кој ѝ нуди смирен, семеен живот. Оној кој ќе биде добар татко но никогаш нема да ја возбуди толку, ниту пак ќе ја натера да копнее по него толку колку идеализираната илузија во нејзината глава. Мора ли така да биде? Какви се нашите очекувања? Кои ни се идеалите за совршен партнер? Дали некогаш просто бараме премногу?rnrnШто се случува кога сонуваме за некој од типот на Хју Џекмен и го добиваме но сепак не сме задоволни? Зошто? Можеби тој едноставно не бил оној кој вистински ни бил потребен.rnrnВрските се комплицирани и бараат работа, бараат компромиси и прифаќање на многу несовршености. Дали љубовните врски ги гледаме како обврска? Дали сонот и копнежот по совршениот или совршената е само изговор?rnrnМожеби некогаш вреди да се запрашаме дали ние ги исполнуваме сите критериуми кои би се нашле на нечија листа?rnrnНо ако ме прашувате мене, јас сакам луда љубов, слатко несовршена, сакам љубов исткаена во стихови, сокриена меѓу тревите под летната роса, толку жешка што ги топи сите снегови во душата. Сакам некој кој ќе му ја „изџвака“ душата на оној кој би пробал да ме повреди, кој ќе ме засркнува од смеење секој ден и ќе направи да се чувствувам безбедно и да спијам како бебе кога ќе падне ноќ. И нејќам да плачам на плитки романтични филмови, туку на раат да си се исплачам кога ја читам последната песна на Алан По за својата Анабела Ли. И не сакам мојот идеален да биде жаба, ни вампир, ни потомок на Елизабета II.rnrnМожеби вистинската грешка ни е што не знаеме да ја потцртаме таа линија, да ја видиме разликата меѓу совршениот кој го креираме како илузија во нашите глави, и реалниот, оној кој е тука, кој би сторил сè за нас, кој вистински постои и не е производ на нашата имагинација.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте го грофот Дракула

    Запознајте го грофот Дракула

    Што се крие зад моќното име на грофот Дракула?

    rnЗа едни тој е симбол на страв и ужас, за други народен херој, за некои голем христијанин, за некои антихрист… Безброј приказни и митови се врзани за животот на Дракула. Од досегашните записи, нема дилеми единствено околу неговото вистинско име и местото на раѓање. Се викал Влад Трети Цепеш и е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците. Три пати бил војвода на Валахија (1448; 1456–1462; 1476).rnrnСин е на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул (Дракул доаѓа од латинскиот збор „драк“ и значи змеј) и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа (Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос). Се претпоставува дека потекнува од кралско семејство од Валахија, а Дракула е неговиот прекар и значи „син на змејот“. Така бил наречен во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено (на романски) значи и ѓавол. Кога се потенцира темната страна на Цепеш, на површина испливува второто значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.Запознајте го грофот Дракула„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.Запознајте го грофот ДракулаЦепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rn
    rn

    Замокот на Дракула (Замокот Бран во Романија)

    rnЗапознајте го грофот ДракулаЗамокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…Запознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот Дракула
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.