КАФЕ ПАУЗА

Tag: успеси

  • Нови можности и успеси за овие 3 хороскопски знаци до 20 август!

    Нови можности и успеси за овие 3 хороскопски знаци до 20 август!

    Некои од вас не можат да ѝ стават крај на токсичната врска што не е во ваш најдобар интерес од перспектива на вашата благосостојба, здравје и самодоверба. Понекогаш може да ви биде тешко да ја признаете оваа вистина, особено ако се чувствувате сами и без поддршка или сте опкружени со луѓе кои не ви посакуваат добро.rnrnНови можности и успеси за овие 3 хороскопски знаци до 20 август!rnrnМладата Месечина во Лав на 16 август е главниот астролошки настан во неделата. Сега е време да погледнете во себе и да знаете кои сте и за што се залагате. Со ретроградна Венера, исто така, во Лав, фокусот би можел да биде на минатите романси и врски кои на почетокот изгледале ветувачки. Сепак, оваа недела ќе биде особено успешна за овие 3 хороскопски знаци:rn

    Бик

    rnОваа недела ќе биде полна со активности кои навистина ви се допаѓаат: бавното и мирно темпо ќе ви донесе радост и релаксација. Ќе имате доволно енергија која ќе ви помогне и да си го пронајдете одамна посакуваниот мир. Сепак, внимавајте и држете се настрана од каква било поделба, судење и озборувања. Оваа недела можете исто така да размислувате за луѓето кои одиграле важна улога во вашето минато. Оваа вежба ќе ви помогне да ги завршите сите недовршени приказни и да не ги повторувате старите грешки.rn

    Рак

    rnИако ви претстои предизвикувачка недела, лесно ќе ги надминете сите препреки на патот, особено ако верувате во себе и во своите способности (вклучувајќи ја и вашата интуиција), а ќе го почувствувате и силното влијание на младата Месечина на 16 август. Скриените чувства ќе излезат на површина, а маските ќе бидат отфрлени. Тоа ќе ви ги отвори очите за патот по кој треба да одите. Кога Месечината ќе го почне транзитот низ Девица, ќе знаете точно што да правите. Запишете 3 работи за кои сте благодарни за вашиот живот од пред шест месеци до една година. Правете ја оваа вежба во следните седум дена и универзумот ќе знае како да ве награди.rn

    Лав

    rnВашите ментори ќе играат голема улога во вашиот живот оваа недела. Ова се однесува само на оние авторитети кои дејствуваат со љубов, сочувство, мудрост и искреност. Ако во еден момент не можете да ги контролирате емоциите, вдишете длабоко неколку пати и обидете се да се фокусирате на предизвиците. Освен тоа, сините кристали би можеле да ви донесат многу среќа оваа недела и да ви ја олеснат комуникацијата со другите луѓе.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најуспешните хороскопски знаци оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври?

    Кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври?

    Сатурн го започнува своето ретроградно движење на 5 јуни и завршува дури на 23 октомври. Постои голема веројатност луѓето во овој период да имаат пречки во кариерата или финансиски проблеми. Иако Сатурн е планета која е симбол на работата, трудољубивоста, трпението и посветеноста, за време на нејзиното ретроградно движење може да се почувствува одреден пад на сите овие квалитети.rnrnКои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври? rnrnСпоред астролозите, периодот на ретрограден Сатурн не е поволен за големи или важни почетоци како започнување нов проект или инвестирање. Ова е период кога треба добро да се заврши целата работа која е започната. Освен тоа, ова ќе биде добро време и за усовршување на сопствените вештини како и учење од сопствените грешки.rnrnСепак, и покрај негативното влијание на ретроградниот Сатурн, овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат огромен успех.rn

    Девица

    rnСатурн ги дарува оние кои вредно и напорно работат, па затоа претставниците на овој знак ќе бидат наградени. Тие се посветени, вредни, перфекционисти, а сега ќе го добијат и она од кое биле лишени во минатото. Иако нема веднаш да забележат дека ситуацијата им оди во прилог, особено оние на кои им недостасува самодоверба. Сепак, во текот на летото ќе сфатат дека го добиле она што го посакувале.rn

    Јарец

    rnОвој знак е миленик на Сатурн, а до октомври 2022 година го очекуваат големи промени. Ако останат смирени и вредни, луѓето родени во овој знак можат да ги надминат сите пречки на патот до успехот. Меѓу другото, следува еден од најдобрите период во животот кој треба целосно да се искористи.rn

    Вага

    rnИ покрај негативната енергија на ретроградниот Сатурн, претставниците на овој знак ќе почнат да ја чувствуваат својата внатрешна сила при што ќе бидат инспирирани и да го покажат својот потенцијал на работа. Освен тоа, Сатурн ќе му овозможи на овој знак да ја најде и својата сродна душа. Оние кои се слободни ги очекува лето полно со романтични познанства, а оние кои се во врска ќе имаат можност да го подобрат својот однос.rnrnОткако прочитавте кои хороскопски знаци ќе бидат најуспешни сè до 23 октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Месечен хороскоп за јануари 2022 година: Нов почеток, нови можности!

    Месечен хороскоп за јануари 2022 година: Нов почеток, нови можности!

    Новата година е идеално време за нов почеток и нови можности. Проверете во продолжение како универзумот ќе им биде наклонет на хороскопските знаци во јануари.rnrnМесечен хороскоп за јануари 2022 година: Нов почеток, нови можности!rn

    Овен

    rnНа љубовен план, месецот ќе ви биде прилично исполнет. Благодарение на влијанието на Марс, ќе добиете енергија што ќе ви овозможи полесно да ги донесете новогодишните одлуки. Ќе добиете онолку љубов колку што ќе им подарите на другите. Огромните познавања од областа на технологијата ќе ви помогнат да го зацврстите вашиот бизнис. Ретроградниот Меркур ќе ве поттикне да се обидете да ја постигнете онаа висока позиција која отсекогаш сте ја посакувале, а тоа можете да го остварите само доколку добро ги испланирате потезите. Вклучете лесни вежби во вашата дневна рутина за да останете во форма.rn

    Бик

    rnВашата вистинска љубов секогаш ќе биде со вас, без разлика дали сте среќни или тажни. Продолжете да ја градите љубовта што ја имате со вашата сродна душа и не ги занемарувајте моментите на нежност. Во овој период ќе почнете посериозно да размислувате за сопствената финансиска состојба и големи се шансите да ви биде понудено унапредување на работа, или да добиете подобро работно место. Во јануари, Уран ќе влијае поволно врз вашата креативност, па можете да ја искористите за ваш личен развој или за развој на вашиот бизнис. Не заборавајте да внесувате повеќе вода во организмот.rn

    Близнаци

    rnОбратете внимание на начинот на кој се однесувате со другите луѓе. Доколку некој е посебен за вас, тогаш обидете се да ја задржите таа врска. Престанете да ги трошите финансиите на работи кои не ви се потребни. На професионален план, астролозите ви предвидуваат нови ангажмани овој месец. Во овој период исто така ќе запознаете нови луѓе кои ќе ве научат на нови вештини. Секогаш бидете подготвени да научите нови работи и побарајте помош доколку работите ви се нејасни. Само со јасен фокус и напорна работа ќе ги постигнете вашите цели. најдете хоби кое ќе го подобри вашето расположение.rn

    Рак

    rnПонудете му пријателство, поддршка и љубов на вашиот партнер. Само така ќе бидат подобрени вашите односи. Во периодот што доаѓа нема да сте доволно објективни за да ги решавате значајните проблеми, затоа подобро би било првин да почекате. Воздржете се од непотребни трошоци бидејќи ве очекува тешка финансиска состојба. Обидете се да соберете храброст и да ја споделите вашата идеја на работа. Јупитер ќе ги исполни вашите желби за промена и развој. Од друга страна, ќе морате да се справите со барањата на претпоставените или колегите. Внатрешниот мир ќе си го повратите благодарение на креативноста.rn

    Лав

    rnНа љубовен план, астролозите ви предвидуваат дека во јануари ќе ја сретнете вашата сродна душа. Доколку сте во брак, ова ќе биде идеално време за зацврстување на односите со сопружникот. Јануари ќе ви донесе и нови перспективи во заедничкиот живот: преселба, нови проекти, семејство, кои ќе ги сменат вашите досегашни приоритети. Можно е да започнете нов бизнис. Сепак, важно е да сфатите дека работите нема во брзо време да дојдат на свое место. Фокусирајте на развојот на сопствената кариера и не плашете се да преземате ризици. Само така ќе постигнете напредок на професионален план.rn

    Девица

    rnКога станува збор за љубовните врски, ќе имате некакви нејасни чувства што ќе влијаат врз вашиот однос со партнерот. Затоа, не одбегнувајте ја можноста за комуникација и зборувајте за работите што ве мачат, но и соочете се со вашите стравови. Можете да побарате совет од членовите на вашето семејство или пријателите. Големи се шансите за покачување на платата како и подобрување на вашата финансиска состојба, што од друга страна може да ви отвори нови врати. Обидете се да се приспособите на новите идеи и концепти и да ги гледате работите во позитивно светло.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Време е за успеси: Неделен хороскоп од 8 до 14 ноември

    Време е за успеси: Неделен хороскоп од 8 до 14 ноември

    Следниот период за многумина од вас ќе биде исполнет со придобивки и успеси, особено на финансиски план. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп од 8 до 14 ноември.rnrnВреме е за успеси: Неделен хороскоп од 8 до 14 ноемвриrn

    Овен

    rnОваа недела ќе се чувствувате среќно и самоуверено. Ќе ја одржувате хармонијата со вашиот животен партнер. Некаде околу средината на работната недела ќе се соочите со премногу обврски, но обидете се да останете смирени за да ги извршите работните задачи навреме. Крајот на неделата ќе ви донесе парична добивка, а учениците или студентите родени во овој знак ќе добијат добри резултати на тестовите и испитите.rn

    Бик

    rnВо првите денови од неделата ќе имате одредени здравствени проблеми, па затоа ова нека ви послужи како предупредување подобро да се грижите за вашето здравје. Ќе занемарите голем дел од работните задачи како резултат на вашата тромост и опуштеност. Сепак, крајот на неделата ќе ви донесе нови можности за успех во вашата кариера. Обидете се да ги искористите.rn

    Близнаци

    rnЌе уживате во вашиот брачен живот, а големи се шансите за напредок на професионален план. Можеби ќе најдете нови соработници за да започнете нови деловни активности. Средината на неделата ќе ви донесе некаква физичка и психичка непријатност. Чувајте се подалеку од непотребни разговори во текот на целата недела. Но, не грижете се, на крајот на неделата нештата ќе се сменат на подобро.rn

    Рак

    rnВаш приоритет оваа недела ќе биде да се грижите како за сопственото, така и за здравјето на најблиските. Во текот на неделата ќе мора да се справите со зголемен обем на работа, Постара инвестиција ќе им донесе голем профит на бизнисмените родени во овој знак. Продолжете да ја одржувате хармонијата со вашиот партнер, а тоа ќе се одрази поволно врз вашето ментално здравје.rn

    Лав

    rnОваа недела ќе остварите солидна парична добивка. Ќе се чувствувате среќно и исполнето со вашиот партнер, а доколку сте ученик или студент, сите ваши напори ќе вродат со успех. Вашиот семеен и брачен живот ќе бидат во хармонија. Сепак, не го занемарувајте сопственото здравје бидејќи средината на неделата може да ви донесе здравствени проблеми.rn

    Девица

    rnЌе се соочите со некакви пречки за да си ги добиете сопствените пари, но набрзо ќе ги решите. Оваа недела ќе биде напорна за учениците и студентите, но запомнете дека резултатите се постигнуваат само со работа. Овој период ќе решите и  некои здравствени проблеми, а за тоа имате бескрајна поддршка од партнерот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

    5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

    Живееме во свет каде што владеат социјалните мрежи и понекогаш чувствуваме притисок да се натпреваруваме со нашите пријатели и да објавуваме сѐ што е поврзано со нашите успеси. Потоа, кога нема да се случи она што сме го планирале или едноставно ќе се премислиме, чувствуваме должност на сите да им дадеме соодветно објаснување. Животот е доволно тежок сам по себе и не треба дополнително да си го комплицираме. Ова се 5-те причини зошто треба добро да размислите пред да ги објавите вашите успеси на социјалните мрежи…rnrn5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежиrn

    1. Понекогаш нештата не одат по планот

    rnСте биле на интервју за работа и сите прашања сте ги одговориле совршено, сте ги воодушевиле работодавците со вашите креативни идеи, па дури и сте преговарале за платата што ќе ја добивате. Нормално е тоа што одвај чекате да им кажете на вашите пријатели и семејство за успехот што сте го постигнале. Но, потоа сте го добиле оној озлогласен мејл што почнува со зборовите „За жал, во моментов мислиме дека не одговарате за оваа работна позиција.“rnrnДоволно тешко е тоа што ве одбиле, па уште треба и да им објаснувате на сите луѓе околу вас зошто не сте ја добиле работата за која сте се пофалиле дека со сигурност ќе ви припадне токму вам. Ако не можете да се справите со објаснувањата за вашите неуспеси, најдобро е да молчите додека успехот не ви биде загарантиран.rn

    2. Ќе мора да одговарате на милион прашања

    rnАко објавите некоја голема вест на социјалните мрежи, очекувајте прашања од типот „Кога ќе се преселиш?“, „Кога ќе започнеш со новата работа?“, „Кој е датумот на венчавката?“. Прашањата што почнуваат со „кога“ ќе ве излудат и ќе посакате целосно да исчезнете од социјалните мрежи, додека не решите кога овие ваши цели навистина ќе се реализираат. Иако луѓето мислат дека ви помагаат со тоа што ве форсираат да одредите точна дата, тие само дополнително ја зголемуваат вашата анксиозност. Најдобро е да си ја држите устата затворена, додека не ги добиете сите одговори на овие прашања што почнуваат со „кога“.rnrn5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежиrn

    3. Критиките само ќе ви пренесат негативна енергија

    rnЗависта е најлошата човечка особина. Не бидете изненадени доколку некои од вашите пријатели на Фејсбук не ви посакуваат сѐ најдобро. На некои луѓе ќе им падне многу тешко тоа што сте поуспешни од нив. Тие ќе се обидат да ве обесхрабрат, ќе ве натераат да се посомневате во вашите способности и ќе ви пренесат негативна енергија. Откривајте ги вашите цели само на луѓето кои ќе ви помогнат да ги достигнете.rn

    4. Конкуренцијата ќе ви ги украде идеите

    rnВо секоја професија постои конкуренција. Го знаете она чувство кога ќе кажете шега, но некој друг ќе ја каже истата шега погласно и сите присутни во просторијата ќе прснат од смеење? Или чувството кога некому ќе кажете некоја од вашите идеи и потоа истата личност ќе почне да прави нешто слично? Заштитувајте си ги идеите. Ќе бидете многу бесни ако видите како некој успева благодарение на вашата визија.rn

    5. Не мора сите да знаат сѐ за вас

    rnСамо затоа што не сте го објавиле успехот на социјалните мрежи не значи дека не е вистински. Некои достигнувања треба да си ги задржите за себе. Не мора да споделите со сите дека сте добиле унапредување на работа, дека сте имале успешна презентација или дека сте ослабеле 3 килограми за една недела. Вашите успеси не се помалку вредни доколку вие сте единствените што знаат за нив. Мора да го вреднувате вашиот напредок дури и тогаш кога нема кој да ве пофали со лајкови и коментари. Не мора ништо да докажувате никому. Радувајте се сами и тивко продолжете понатаму.rnrnВо продолжение прочитајте и како влијаат социјалните мрежи на човековата психа и колку сме всушност осамени.

  • 20 знаци дека сте премногу самокритични

    20 знаци дека сте премногу самокритични

    Многу од нас сакаат да го постигнат најдобриот резултат за себе и да ја направат правилната работа, а самоанализата може да ни користи како алатка за мерење на нашите достигнувања и успеси. Но, додека анализата е здрав начин да го набљудуваме нашето однесување и да научиме како да ги надминеме нашите слабости и лоши навики, таа понекогаш може да се трансформира и во самокритичност. Тоа се поврзува со недоволната самодоверба и перфекционизмот, но некои психолошки модели покажуваат дека самокритичноста не е предизвикана од ниската самодоверба кај луѓето, туку дека таа е нејзин природен резултат. Во продолжение прочитајте ги 20-те знаци кои покажуваат дека сте премногу самокритични.rnrn20 знаци дека сте премногу самокритичниrnrn1. Се обвинувате себеси за секоја негативна ситуација. Се чувствувате одговорни за секоја лоша работа што ќе се случи без да ги земете предвид другите надворешни фактори.rnrn2. Имате негативни мисли за својот карактер како целина и ја занемарувате својата вредност.rnrn3. Одбивате да преземате ризици и се убедувате себеси дека најбезбедниот и најсигурниот начин да направите нешто е да не го направите воопшто.rnrn4. Избегнувате да го истакнете своето мислење. Паметно е да молчите кога не сте доволно информирани за некоја тема, но ако се однесувате така во секоја ситуација, тогаш станува збор за класична самокритичност.rnrn5. Се споредувате со другите и мислите дека не сте толку добри како нив.rnrn6. Никогаш не сте задоволни со своите достигнувања. Што и да направите, барате некоја маана и верувате дека ако нешто не можете да го направите како што треба, тогаш не треба да го правите воопшто.rnrn7. Имате многу високи стандарди. Резултатите кои ги произведувате ретко се совпаѓаат со сликата која ја имате во главата. Сметате дека не можете да бидете среќни ако не сте високо интелигентни, атрактивни, богати и супер креативни.rnrn8. Премногу се грижите. Секогаш ги земате најлошите сценарија предвид пред тие да се случат и се опседнувате со нив.rnrn9. Не сте задоволни од својот изглед и сметате дека не сте доволно привлечни. Но, запомнете: Другите ве гледаат онака како што вие се гледате себеси.rnrn10. Никогаш не барате помош бидејќи сметате дека така ќе изгледате како слаба и неспособна личност.rnrn11. Ги занемарувате своите потреби и посакувања, бидејќи се плашите од одбивање.rnrn12. Понекогаш размислувате да се повредите себеси. За некои луѓе, различните форми на самоповредување служат како физичко ослободување од емоционалната болка.rnrn13. Сте имале родители или старатели кои постојано ве критикувале и кои со своите постапки го разбудиле критичарот во вас.rnrn14. Премногу ги анализирате грешките, мислејќи дека ќе научите нешто вредно. На овој начин само непотребно се казнувате.rnrn15. Не опростувате лесно, ниту себеси ниту на другите.rnrn16. Не го наградувате својот труд и не си давате комплименти.rnrn17. Се чувствувате повредени и лути кога луѓето ќе ви дадат оправдана или конструктивна критика. Ги сметате сите коментари за лични навреди и го ризикувате своето добро расположение.rnrn18. Не ги прифаќате комплиментите од другите. Кога некој ќе каже нешто убаво за вас, се чувствувате како тоа да не го заслужувате.rnrn19. Размислувате во еден систем на црно-бели вредности. Ако не прифаќате дека има многу други вредности помеѓу екстремите, сѐ ќе биде или добро или лошо. Имањето апсолутни идеали ве тера да ги игнорирате малите успеси и ве спречува да се радувате за нив.rnrn20. Вашите животни достигнувања паѓаат под вашите способности. Сметате дека не го давате најдоброто од себе и сте разочарани од она што досега сте го постигнале.rnrnСамокритичноста е форма на самосаботажа, што може да се дефинира како нешто спротивно од она што нè прави среќни и здрави. Се саботираме себеси за да останеме на нашата позната психолошка територија. Негативноста станува емоционален стандард кој не можеме да го срушиме. За успешно да ја прекинеме оваа самосаботажа и да престанеме да се критикуваме себеси и сопствените избори и одлуки, треба да ја прошириме нашата свесност и менталниот вокабулар кој ни е потребен за правилно да дефинираме што всушност ни се случува. Само тогаш ќе можеме вистински да се фокусираме на сопствениот напредок и успех во животот.

  • Единствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата година

    Единствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата година

    Заборавете на депресивната листа со одлуки и започнете ја новата година на позитивен начин така што ќе ги направите овие 3 нешта во текот на овие 2 дена. Најчесто новогодишните одлуки остануваат само на хартијата каде што биле запишани, предизвикувајќи ни незадоволство и чувство на неуспех во текот на целата година. За да го спречите тоа, фокусирајте се само на овие 3 нешта и веднаш ќе го забележите нивниот моќен позитивен ефект.rnrnЕдинствените 3 нешта кои треба да ги направите деновиве за да бидете посреќни во новата годинаrn

    1. Составете листа од вашите најголеми достигнувања во 2015 година

    rnНовогодишната листа не секогаш мора да содржи нешта кои сте ги направиле погрешно или пак, цели кои не сте ги оствариле (а би требало). Баш напротив, листата која сите би требало да ја направиме и на која сигурно ќе бидеме горди е онаа која ги содржи сите наши неодамнешни успеси. Сетете се на сите препреки кои сте ги прескокнале со голема храброст, како и на солзите и насмевките на вашето лице (дури и тогаш кога не испаднало сè како што сте сакале). Потсетете се и на оние нешта кои сте ги направиле за вашите најблиски, како и на сите успешно завршени задачи, мали и големи животни проблеми и храбри продолжувања кон напред.rn

    2. Составете листа од сите оние нешта за кои сте биле благодарни оваа година

    rnНовата година е време кога размислуваме што треба да промениме во нашиот живот со цел да бидеме посреќни. Но, пред да почнете да ги барате критиките, направете нешто ќе го подобри вашето расположение и на што сте горди. Направете листа на сите оние позитивни нешта кои ви се случиле оваа година и на кои можете да бидете благодарни. Без разлика дали станува збор за родителство, здравје, нова врска, обновување старо пријателство или одлична работна година, вие имате многу нешта за кои можете да бидете благодарни.rn

    3. Составете листа од оние нешта кои едвај чекате да ви се случат во 2016 година

    rnИако никогаш не можеме со сигурност да знаеме што ни носи иднината, сепак можеме да издвоиме неколку нешта (мали или големи) кои едвај чекаме да ни се случат во текот на следната година. Се радувате на свадбата за вашата блиска пријателка (или организирањето на својата)? Едвај чекате да излезе следното продолжение од филмот или серијата која долго сте ги чекале? Треба да ја земете вашата диплома? Ова се само дел од нештата кои можеби не секогаш ќе се случуваат според планот, но и самата помисла на нив може да измами насмевка на вашето лице.

  • Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

    Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

    Најголемиот број добри работи, кои ја сочинуваат добрата врска, се однесуваат на тоа партнерите да бидат свесни и присутни, да обрнуваат внимание, да забележуваат, разбираат, сочувствуваат и да настојуваат да изразат благодарност, како и да се наградат меѓусебно за вниманието што го добиваат. Тоа значи дека навистина работат на тоа да не земаат сè здраво за готово, односно да сфатат кога се случува тоа и да ги обноват вниманието и присутноста.rnrn1-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnТоа се прости и секојдневни работи… Како она кога тој ќе подготви храна за викендот, а вие ќе го изненадите со тоа што ќе направите голем ручек со неговите омилени јадења преку недела, а на крај ќе ги измиете садовите, бидејќи тој има тешка работна недела. Или пак, кога тој ќе го направи истото за вас.rnrnИсто така, тоа е искажување благодарност за обичните работи кои партнерот ги презема за да ви го олесни секојдневието, а за кои немало потреба да го потсетувате, да го барате тоа од него, па ниту да го замолите. Едноставно, се сетил. Да ја исчисти бањата, да го среди гардероберот, да испланира јадење и да оди во маркет…rnrnОбичните работи, секојдневните услуги и возвраќањето на нив, прават заедничкиот живот да тече без оптоварување дека морате да правите сè сами или дека ако не направите нешто, тоа ќе остане ненаправено додека не пронајдете време и сила за тоа.rnrnПоради тие работи многу жени се преоптоварени со домашните работи и со организирање на нештата, и покрај останатото што го работат, а многу мажи не сфаќаат дека тоа не треба да биде така и дека можат на својата поубава половина да ѝ го олеснат животот и да добијат додатно внимание и благодарност.rnrnНа овој начин и двајцата се во добивка – жената не е жртва на патријархално воспитување, а мажот е вклучен, одговорен и повеќе ценет.rnrnПокрај секојдневните работи, добрите парови одлично ги прават и работите кои се однесуваат на логистиката и славењето на постигнатиот успех.rnrn2-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnУспешно завршен проект, унапредување на работното место, склучување договор на кој долго се работело, ново работно место – тие не пропуштаат заеднички да ги прослават постигнатите успеси. И тоа не мора да биде начин на кој вообичаено се прославува.rnrnМоже да го промовирате делото на вашиот партнер на интернет, да покажете колку сте горди на неговиот успех. Може да го однесете на вечера, да му закажете спа-третман или да му купите симболичен подарок.rnrnМногу парови паѓаат на испитот за преземање на вкупната одговорност, кога еден од нив е исфрлен од седлото – кога е болен, тажен или на долго службено патување. Во ред е да чувствувате страв од себична причина – како ќе правите сè сами – но единствено нешто што треба да направите е да бидете свесни како се чувствувате и зошто се чувствувате така и тоа да го надминете со несебичната грижа за партнерот и за сè останато.rnrnУспешното партнерство пред сè е несебично пријателство!

  • 5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    5 добри навики кои го загорчуваат нашиот живот

    Не се само несреќните моменти, лошите периоди и погрешните избори оние кои го загорчуваат нашиот живот и прават да се чувствуваме неуспешно, изгубено, уморно и депресивно. Понекогаш тоа се добрите, одлични, фантастични работи за кои имаме погрешни претстави и кои не се во склад со нашата природа и со она што нè исполнува и инспирира. Па затоа се случува да имаме добра работа, стабилна врска, богат општествен живот, пријатели кои нè подржуваат и грижливо семејство, а секое утро да се будиме нерасположени и исцрпени, прашувајќи се што воопшто ни фали, кога веќе имаме сè?rnrn1-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Редоследот на животните успеси

    rnСе знае како треба да живееме. Најпрво школувањето, потоа работата, па брак, деца. Некаде по пат низ школувањето и работата, треба да стекнеме љубовно искуство, но не преголемо, да го пронајдеме човекот на својот живот и да се омажиме. Потоа, логично доаѓаат деца, а животот ни тече како брз јапонски воз. Да, во ова резиме, клучниот збор е „застрашувачко“. Треба да играме на сигурно, бидејќи тоа е мудро и обезбедува добивка, иако таа добивка изнесува само 10%. Но, тоа е подобро отколку да сме вложиле 100% и на крајот да сме изгубиле сè. Подобро за кого?rnrnЗа нашите родители кои се грижат за нас. И за нашиот страв од животот. Но, ако сме неоткриени авантуристи, чија таканаречената сигурност нè заробува, спречува и нè убива, тогаш како некој мал и сигурен процент на среќа, задоволство, напредок, љубов, хармонија… да го сметаме за свој успех?rn

    2. Партнерство

    rnСекој треба да има некого, бидејќи не сакаме да бидеме сами, без љубов. Но, можеби ние сакаме да бидеме сами. И тоа воопшто не значи дека ќе живееме без љубов. Можеби не сакаме конвенционалност на врската и бракот, а можеби не сакаме некој покрај нас само за да не бидеме сами, туку сакаме љубов, страст, посветеност, сродна душа, раст и развој, вистинско партнерство, кое ретко го гледаме околу себе меѓу паровите кои ги познаваме. И не прифаќаме ништо помалку од тоа. Бидејќи сакаме партнерски однос ист како односот кој го имаме самите со себе.rn

    3. Стареење

    rnСовремениот стил на живот не допушта стареење. Границите на младоста се поместија дури до педесеттите. Жените кои треба да бидат баби стануваат млади мајки. Одлично. Делува како стилот на живот да е порелаксиран и како староста да не е повеќе толку застрашувачка. Меѓутоа, тоа сè е императив на младоста. Должен си да бидеш млад и да се противиш на сите начини. А стареењето се случува непрекинато и без можност за запирање. Можете ли во некој момент да сфатите дека тоа е најдобриот аранжман за животот? Можеби ќе сфатите, кога доволно ќе се оддалечите од младоста и кога ќе помислите дека сте застанале, на пример во триесеттите, и ќе се смрзнете од таа мисла. Стареењето е дар!rnrn2-5-dobri-naviki-koi-go-zagorchuvaat-nashiot-zhivot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Работата

    rnАко имаме работа која ни обезбедува егзистенција, треба да бидеме задоволни. Времињата се несигурни, толку многу луѓе ги немаат основните средства и услови за живот. Но, ако ја мразиме својата работа, иако ни овозможува да патуваме – со сопствен автомобил, ако сакаме, или уште подобро со авион, материјалната сатисфакција нема да биде доволна за да бидеме задоволни. Сите ние имаме своја цена, а кога плаќаме со нервите и здравјето, тоа е најголемата цена. Мора да пронајдеме нешто за да работиме и нешто што сакаме – поради рамнотежа, па макар и бесплатно.rn

    5. Толеранција

    rnСе случува да ги измешаме поимите толеранција и трпение. Толеранцијата е одлична работа, ако не го загрозува нашиот интегритет и здравје. Но, некои работи не треба да ги толерираме и треба да научиме како да го правиме тоа. Некои прекини се поздрави и почесни од многу толеранции.

  • 30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

    30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

    Многу често, потиснати од лошите и негативни мисли, забораваме да се цениме самите себе. Но еве една интересна вистина, доколку не се сакаш и цениш самиот, не очекувај да те сака или цени некој друг. На пример, во целата бркотница која излегла во последен момент пред да тргнете на одмор, за себе изреволтирано ќе помислите дека сте неорганизирани, за ништо не ве бива и не можете ни еден одмор да испланирате како што треба. Во тој момент ќе заборавите колку вашето тело изгледа супер бидејќи напорно сте вежбале изминатиот месец, или како до совршенство сте го организирале претходниот одмор.rnrn30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себеrnrnКога сте задоволни со самите себе и со вашите успеси, ќе живеете подобар и посреќен живот. Како да ги отстраните негативните мисли? Како да почнете повеќе да се цените себеси? Еве еден предлог. Ве предизвикуваме во наредните 30 дена да го исполните ова и да почнете повеќе да се цените себеси поради квалитетите кои ги поседувате!rn

    Утринска рутина

    rnЗемете голем хамер, нотес, лист, стикери за белешки, сеедно, и закачете го/ги над вашиот кревет или до огледалото. Колку и да звучат излитени советите за закачување ливчиња до вашето огледало, навистина помагаат. Секој од нас почувствувал недостаток на самодоверба и сите заслужуваме можност да ја покачиме вербата во себеси.rnrnВо наредниов еден месец, првата работа што ќе ја правите наутро е запишувањето на една ваша добра карактеристика или постигнување. На пример, минатата година имав проблем со исхраната, но зазедов цврст став и започнав да се хранам здраво – успеав! Или, навистина сум комуникативен/на, во секоја ситуација и со секаков човек можам да имам содржаен и продуктивен разговор! Може да биде и пократко, како на пример, изгледам убаво кога ќе станам од спиење. Секое утро ќе се соочувате со овие ваши карактеристики, овие ваши позитивни страни и доживеани успеси, и секогаш ќе бидете свесни дека се вистина, и дека навистина тоа сте вие, а вие сте и тоа како одлични!rnrn30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себеrn

    Три цветови

    rnНацртајте три големи цветови. Едниот нека биде за семејството, другиот за пријателите и третиот за вас. Во секој лист од цветовите запишете име на некој од членовите на вашето семејство или пријателите и некоја негова/нејзина добра карактеристика. На пример, татко ми е многу амбициозен и успешен човек. Или, мојата пријателка е вистински оптимист, сè гледа низ призмата на розовото; мајка ми има цврсти ставови и погледи кон животот итн. Многу често се поистоветуваме со личностите кои ни се блиски, се огледуваме на нив или попримаме нивни особини.rnrnВо третиот цвет, на секое ливче запишете некоја од претходно наведените карактеристики која и вие сте ја попримиле. Како на пример, токму татко ми влијаеше на тоа и јас да станам амбициозна и успешна личност. За многу брзо целата таа ситуација во која недоволно сте се ценеле себеси ќе ви изгледа глупава и нелогична.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.