Веројатноста да ве удри молња во секоја година е 1 во 300.000.rnrn
rnrnИако 90% од луѓето кои се жртви на молња преживуваат, електричното празнење ги остава со лузни кои изгледаат како тетоважи.rnrn
rnrnОвој „дезен“ е познат како фигурата Лихтенберг.rnrn
rnrnМолњата може да го загрее воздухот околу неа и до 27.760 степени Целзиусови.rnrn
rnrnОва е температура 5 пати повисока од онаа на сонцето.rnrn
rnrnУдарот од облакот до земјата може да има струја со јачина и до 1 милијарда волти.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Tag: удар
-

Луѓе што преживеале удар од молња покажуваат што тоа ѝ прави на вашата кожа
-

Како лесно да излупите лук за 10 секунди?
Сите знаеме дека лупењето лук е досадна и бавна работа. Но, ова видео ќе ви покаже како тоа да го сторите за само 10 секунди, без миризбата да навлезе во вашите прсти. Смачкајте го, удирајќи го силно со дланката врз даска за сечкање. Земете два сада со иста големина. Ставете го здробениот лук во едниот сад, кој ќе го поклопите со другиот сад. Силно протресете 10 секунди и чешнињата сосема ќе се издвојат од лушпата. Не верувате? Погледнете го видеото.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Робот-трансформер во вистинскиот живот
Овој пат, кога зборуваме за робот-трансформер не мислиме на филм, видеоигра или на играчка. Ова е вистински робот кој може лесно да се претвори во возило, а потоа пак да се врати во првобитната форма на робот и да изведе неколку удари, небаре е во сред битка со лошите момци.
Овој трансформер е изум на Кенџи Ишида од Џеј Ес Роботикс кој во изградбата на роботот успеал дури при осмиот обид. Тој употребил вкупно 22 сервомотори кои ги предизвикуваат воодушевувачките движења на трансформерот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Начини на самоодбрана за жени
Многумина мислат дека доколку стојат подалеку од темни улички и лошо друштво, нема да им се случи ништо страшно. Неточно! Злочин може да се случи секаде, во кое било време. Насилниците, своите жртви ги одбираат најчесто според надворешниот изглед, а неретко тоа се девојки кои изгледаат слабо, плашливо, неподготвено.rnrn
rnrnУличниот криминал е честа појава, а во најголем број случаи жртвите се девојки и жени. Затоа важно е секоја девојка да ги знае основните потези за самоодбрана. Ноел Џаиро, заедно со својот сопруг држи часови за самоодбрана и издава дивидија со вежби. Многу важно е тоа што напаѓачот најчесто не очекува жртвите да се бранат и затоа мора да биде изненаден.rnrnЛесни жртви се оние кои паничат и губат контрола врз ситуацијата. Клучно е да останете свесни и прибрани, да изгледате како да сте подготвени на сè, само да се одбраните. Комуницирајте со напаѓачот, пробајте да дознаете што сака од вас и без закани пробајте да го залажете и да му го одвлечете вниманието.rnrnЖените можеби се физички послаби, но клучот е во брзото и паметно размислување, а не во силата. Погодете ги неговите најслаби точки. Очите, вратот и препоните често се оние места каде што противникот е најосетлив. Напаѓањето на стомакот и колената можеби нема да нанесат тешка повреда, но со сигурност ќе ви помогне во напаѓањето на слабите точки. Во овие три видеа, ќе научите неколку основни потези за самоодбрана.rnКако да му зададете силни удари?
rnrn
Како да избегнете напад со нож?
rnrn
Како да се ослободите кога некој ве дави?
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.