КАФЕ ПАУЗА

Tag: убави

  • Како реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!

    Како реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!

    Мехмет Генц е фотограф од Турција кој постојано патува и се потпишува како „Rotasiz Seyyah“ што во груб превод значи „номад без цел“. Неговите фотографии ја доловуваат моќта на една едноставна реченица која всушност е и името на целиот проект: „Многу сте убави“. Идејата е едноставна. Генц им кажува на луѓето што ги среќава за време на неговите патувања дека се убави и потоа ги слика нивните реакции. Како што можете да видите од фотографиите, реакциите на неговите модели се неодоливи. Генц работел 6 години како информатички техничар во Истанбул пред да даде отказ за да се посвети на неговата љубов кон фотографијата.rnrnКако реагираат луѓето кога ќе им се каже дека се убави? Овој фотограф ги доловува токму тие моменти!rn

    „Будалестата храброст понекогаш ќе ви помогне да ја донесете најважната животна одлука“, пишува тој.

    rnТој пораснал во Самсум, Турција, но денес целиот свет е негов дом. Моментално, тој се наоѓа во Манаус, Бразил а неговите незаборавни патувања можете да ги следите на неговиот Инстаграм профил каде што има над 91.000 следбеници. Погледнете ги овие прекрасни фотографии кои несомнено ќе измамат насмевка и на вашето лице.rnrn

  • Неверојатна убавина: Запознајте ги мачките близначки Ајрис и Абис

    Неверојатна убавина: Запознајте ги мачките близначки Ајрис и Абис

    Ајрис и Абис се две прекрасни мачки близначки. Овие две сосема бели мачки се неразделни и премногу личат една на друга. Она што ги прави посебни се нивните очи, кои се во различна боја. Кај овие две убавици едното око е кафено, а другото има прекрасна сина боја.rnrnrnrnЕдна легенда вели дека луѓето и животните кои имаат очи со различна боја, поседуваат посебна моќ – тие можат да гледаат во два света, оној на живите и оној на мртвите души. Дали е тоа навистина така не можеме да бидеме сигурни, но она што е сигурно е дека овие две мачки се неверојатно убави.rnrn

  • Клучните разлики помеѓу згодните и убавите девојки

    Клучните разлики помеѓу згодните и убавите девојки

    Жени. Тие доаѓаат во сите форми и облици. Но, кога последен пат сте чуле маж да објаснува како одредена девојка изгледа без притоа да користи сексуални премиси? Дали некогаш воопшто сте слушнале како мажите опишуваат жена така што даваат комплимент за нејзината душа и внатрешна елеганција? Или пак, едноставно да каже дека таа е убава?rnrnКлучните разлики помеѓу згодните и убавите девојкиrnrnЖените се исклучителни суштества со уникатни и магични способности и карактеристики кои ги издвојуваат од сите останати, па токму затоа и треба да се ценат според она кое навистина се, а не според сексуалните стандарди на мажите. Убавината не се наоѓа во тоа дали сакате да ја одведе во кревет или не, туку дали сакате да бидете покрај неа. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве клучни разлики помеѓу згодните и убавите девојки.rnrn1. Згодните девојки се набљудуваат од далеку, убавите девојки се чуваат во близина.rnrn2. Згодните девојки се перцепција, убавите девојки се ценење.rnrn3. Згодните девојки имаат зачадени очи, убавите девојки имаа природна и неутрална убавина.rnrn4. Згодните девојки се потпираат на изгледот, убавите девојки на својата внатрешност.rnrn5. Згодните девојки имаат силна физичка привлечност, убавите девојки имаат силен ум.rnrn6. Згодните девојки освојуваат со стенкање, убавите девојки со начинот на кој говорат.rnrn7. Згодните девојки се младолики, убавите девојки се безвремени.rnrn8. Згодните девојки се конвенционални, убавите девојки се уникатни.rnrn9. Згодните девојки бараат секс за една вечер, убавите девојки сакаат бессони ноќи.rnrn10. Згодните девојки изгледаат привлечно за сите, убавите девојки само во очите на набљудувачот.rnrn11. Згодните девојки манипулираат, убавите девојки се невини.rnrn12. Згодните девојки сакаат само секс, убавите девојки бараат да им подготвите појадок наредното утро.rnrn13. Згодните девојки имаат силни облини, убавите девојки имаат силни нерви.rnrn14. Згодните девојки пишуваат пораки, убавите девојки пишуваат љубовно писмо.rnrn15. Згодните девојки имаат надворешна маска, убавите девојки се вистински жени.

  • 15 најубави затвори ширум светот

    15 најубави затвори ширум светот

    Не се сите затвори стари и грди како оние во Македонија. Во светот постојат и некои убави затвори кои, како што знаете, се поубави од сите студентски домови во нашата земја. Овие 15 се доказ за тоа.rn

    1. Халден, Норвешка

    rnЌелиите се опремени со најнов мебел, а имаат и телевизори и фрижидери.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    2. Отаго во Милтон, Нов Зеланд

    rnМеѓу криминалците е познат како Милтон Хилтон, затоа што е луксузен во споредба со поголемиот дел од затворите во светот. Ќелиите имаат подно греење, а надвор има големо рагби игралиште.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    3. Суоменлина во Хелсинки, Финска

    rnСуоменлина е остров на кој е сместен еден од ретките затвори од отворен тип. Таму никој не е заклучен. Сите живеат во куќи и можат да се занимаваат со некаков тип градежништво додека отслужуваат.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    4. Кинченг, Кина

    rnЗатворите во Кина не се познати по својот луксуз, но кога се работи за затвореници кои порано работеле за кинеската влада, работите стојат поинаку. Тие служат во Кинченг, затвор сместен помеѓу живописни планини во кој има HD телевизори и свежо овошје.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    5. Аранхуез, Шпанија

    rnЗатворот во шпанскиот град Аранхуез е создаден за родителите. На нивните деца им е дозволено да останат со нив во „ќелиите со пет ѕвездички“, кои се исполнети со играчки и сето она што му е потребно на едно дете.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    6. Сан Педро во Ла Паз, Боливија

    rnЗатворот Сан Педро е уникатен. Тој функционира како мини-град во кој луѓето живеат во заедници кои имаат свои водачи. Градот-затвор е исполнет и со бизниси и кафулиња, а има и цели семејства кои живеат таму.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    7. Адивел, Шкотска

    rnАдивел става акцент на рехабилитацијата наместо на казнувањето, па затоа нуди одлични услови во кои затворениците живеат и работат додека стекнуваат нови навики пред да се вратат назад во општеството.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    8. Затворот во Сан Антонио, Венецуела

    rnОвој затвор е познат како место за одржување забави. Постојано се случува нешто, а дозволено е и да доаѓаат гости кои не отслужуваат казна. Покрај тоа има и место за правење скара и базени. Освен вооружените стражари на вратата, овде ништо друго не потсетува на затвор.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    9. Форест Банк во Манчестер, Англија

    rnОд затворот се фалат дека затворениците овде добиваат до пет луксузни оброци секој ден, при што може да избираат од обемното мени со специјалитети со месо, пијалаци, десерт и сл.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    10. Бастој, Норвешка

    rnНенасилните затвореници во Норвешка може да завршат на островот Бастој. Овој мал живописен остров-затвор им нуди убави оброци, јавање на коњи и крос-кантри скијање. Не се затворени во ќелии, туку преноќуваат во дрвени колиби.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    11. Солентуна, Швајцарија

    rnЗатворот Солентуна изгледа многу модерно. Ова на сликата е кујната вo која затворениците можат да поминат откако ќе се испотат во фитнес салата.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    12. Јанктон, Јужна Дакота

    rnНекогашниот прекрасен универзитетски кампус денеска служи како затвор. Затворениците можат да уживаат во пространите градини и да престојуваат во студентскиот сом.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    13. Пондок Бамбу во Џакарта, Индонезија

    rnОвој женски затвор е одлично опремен. Таму се одржуваат караоке забави и курсеви за изработка на накит, а најдобрите затворенички добиваат и маникир.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    14. Затворот во Леобен, Австрија

    rnСекоја ќелија има свое купатило и кујна. Собите личат на хотелски, а не на затворски.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    15. Кордилјера во Сантјаго, Чиле

    rnЗатворот Кордилјера всушност е збир на куќи кои имаат базени и простор за правење скара. Секоја од собите има своја бања.rnrn15 најубави затвори ширум светотrn

    Порчитајте и за некогаш озлогласените затвори кои денес се претворени во туристички атракции.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Момци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!

    Момци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!

    Можеби ви треба добра причина за да одлучите која да биде вашата следна дестинација за патување или пак размислувате да се преселите во друга земја. Покрај останатите работи кои секако се поважни, не е лошо да знаете и каде се кријат најубавите жени во светот.rnrnМомци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!rn

    Шведска

    rnШвеѓаните генерално важат за најубава нација во светот. Жените се високи, витки, руси, паметни, пријателски настроени и образовани. Ова е веројатно најдоброто место да најдете убава и паметна девојка.rnrnМомци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!rn

    Аргентина

    rnОваа земја е позната по феноменалните плажи, но и по преубавите жени. Аргентинките се високи, модерни, отворени и неверојатно романтични. Покрај тоа, тие воглавно зборуваат англиски со специфичен груб акцент кој е воодушевувачки за момците.rn

    Украина

    rnЗашеметувачката убавина на Украинките ги привлекува мажите како што пчелите се привлечени од медот. Најдобро е да ги посетите Киев, Одеса или брегот на Црното море. Украинките не се претежно руси, па со тоа изборот е поголем за сечиј вкус.rn

    Русија

    rnСветол тен, сини очи, светла коса, виткост, интелигенција – ова се заштитни знаци на Русинките. Преубавите руски жени не мора да ги барате само во Москва. Тргнете се надвор од главниот град и ќе наидете на многу егзотични примероци.rnrnМомци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!rn

    Тајланд

    rnТие се истовремено срамежливи, но и пријателски настроени. Темната кожа, совршениот тен и сјајната коса се одлики со кои Тајланѓанките ги воодушевуваат мажите кои ја посетуваат оваа земја главно во зима.rn

    Холандија

    rnХоланѓанките се навистина високи. Просекот е над 172 см. Не мора да се грижите како ќе реагираат кога ќе им пријдете бидејќи важат за жени кои лесно склопуваат пријателства.rn

    Либан

    rnНајубавите жени во овој дел од светот се наоѓаат во Либан. Тие имаат облини, но не се дебели и изгледаат како да се сончаат во текот на целата година. Еден од адутите им е таинственоста која исклучително ги привлекува мажите.rnrnМомци, внимание! Во овие земји живеат најубавите жени во светот!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На убавите жени не им е толку лесно колку што мислиме

    На убавите жени не им е толку лесно колку што мислиме

    Сите знаеме за некој пример во кој некоја убава девојка или жена ги добива работите на полесен начин поради тоа што нејзиниот изглед е таков што таа е привлечна според општо прифатените правила за убавина. И затоа сите мислиме дека ним сè им оди од рака само затоа што се убави. Сепак, има и случаи во кои ним им е потешко отколку на другите, главно поради перцепцијата која околината ја има за нивниот изглед.rnrnНа убавите жени не им е толку лесно колку што мислимеrnrnОстанатите сметаат дека тие не се секогаш спремни да им помогнат на другите. Иако тоа е стереотип кој не може да му се припише секому, постои едно истражување според кое атрактивните жени повеќе се грижат за сопствената појава, па откако ќе го решат тој проблем се впуштаат во помош на нечии туѓи проблеми.rnrnНивното присуство прави другите да се чувствуваат полошо за себе. Испитаничките од друга студија покажале дека жените преферираат да бидат во друштво на други жени кои според нивното видување се исто или помалку привлечни од нив. Тоа, едноставно, прави да се чувствуваат подобро во своето тело. Една друга студија дури покажала дека менаџерите за човечки ресурси кои ги прават интервјуата за работа имаат одредени предрасуди спрема оние кои ги гледаат како поубави од нив.rnrnОние кои се сметаат за просечно убави имаат одредени предрасуди кон убавите жени. Според едно истражување на група германски психолози, испитаниците-хетеросексуалци во најголем број случаи сметале дека успехот на убавите луѓе е резултат на нивниот изглед, а оној на неубавите на нивниот талент.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    Обидете се да ги погледнете овие 15 волшебни италијански гратчиња кои шармираат со својата посебност, а да не помислите дека тие се местата во кои живеат измислените ликови од бајките. Прочитајте и кратко инфо за секое од нив.:)rn

    1. Атрани

    rnЛоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. Погледнете ја за да ја почувствувате неговата магија.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    2. Кастелсардо

    rnЛоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    3. Вогоња

    rnСо население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    4. Алберобело

    rnПознат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    5. Неиве

    rnГратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrnrn

  • Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

    Автор: Ели РадескаrnrnБонд девојка (анг. Bond Girl) е главната женска улога во филмовите за Џејмс Бонд, познатиот англиски агент 007. Бонд девојките се атрактивни и убави, познати по нивниот впечатлив изглед. Тие се менуваат скоро во секое продолжение на филмот, за разлика од актерите кои го толкуваат Бонд во неколку продолженија. Имињата на Бонд девојките се интригантни, двосмислени и провокативни. Ова се поголемиот дел од нив.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд1. Урсула Андрес е првата Бонд девојка која ја толкува главната женска улога во „Доктор Но“ (Dr. No), Хани Рајдер. Воедно ова е првиот филм за Џејмс Бонд прикажан во 1962 година, каде Шон Конери ја има улогата на агентот 007. Незаборавен момент од филмот е кога Хани Рајдер излегува од вода во бело бикини пеејќи „Под манго дрвото“ (Underneath the Mango Tree). Таа поставува стандард за идните Бонд девојки, а се појавува и во пародијата за Џејмс Бонд во 1967 насловена како „Казино Ројал“ (Casino Royale).Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд2. Блекмен во улога на Пуси Галор e една од најпознатите Бонд девојки која во „Голдфингер“ (Goldfinger) од 1964-та толкува улога на негативец, но подоцна му помага на Бонд да го спречи злобниот план на Голдфингер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд3. Мие Хама ја толкува улогата на Киси Сузуки од „Само двапати се живее“ (You only live twice) од 1967 година. Оваа Бонд девојка е прекрасна Јапонка која заработува нуркајќи и барајќи школки, но она што никој не го знае е дека таа работи за тајните служби. Таа дури и ќе се омажи со Бонд, но само поради потребите на нивната заедничка мисија.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд4. Дијана Риг во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ (On her Majesty’s secret service) од 1969 година ја одигра улогата на Трејси ди Виченцо. Таа е една од најсилните Бонд девојки и неговата единствена вистинска љубов со која стапува во брак.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд5. Џил Џонс ја игра улогата на Тифани Кејс во „Дијамантите се вечни“ (Diamonds are forever) од 1971 година. Во филмот, Тифани е шверцер на скапоцени камења, а самата тврди дека името ѝ е дадено според престижната продавница „Тифани“, каде нејзината мајка се породила купувајќи свршенички прстен.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд6. Барбара Бах ја толкуваше улогата на девојката Ања Амасова во „Шпиунот кој ме сакаше“ (The spy who loved me), продолжението од 1977. Таа е руски агент со кодирано име XXX и влегува во тимот на Бонд успешно толкувајќи двојна улога.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд7. Мелина Хевлок е името на оваа Бонд девојка одиграна од страна на Керол Буке во „Само за твоите очи“ (For your eyes only) од 1981-та. Таа му се придружува на Бонд во една од неговите мисии со цел да ја одмазди смртта на нејзините родители, а во една пригода ќе му го спаси животот на агентот 007.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд8. Октопуси играна од страна на Мод Адамс во истоименото продолжение „Октопуси“ (Octopussy) во 1983 година –  Мод Адамс претходно се појавува во „Човекот со златниот пиштол“ од 1974 каде ја толкува улогата на придружничка на негативецот Скараманга.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд9. Ким Бејсингер во улога на Домино Петачи во „Никогаш не вели никогаш“ (Never say never again) од 1983 година – Ова е всушност првата голема улога за Ким Бејсингер. Таа е љубовница на негативецот Ларго, но ќе го предаде откако ќе ја дознае вистината за смртта на нејзиниот брат.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд10. Тања Робертс е Стејси Сутон во продолжението од 1985 година насловено како „Поглед на убиство“ (A view to a kill). Стејси е геолог и му помага на Бонд да го разоткрие страшниот план на Зорин.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд11. Марјам Д’Або ја има улогата на Кара Милови во „Здивот на смртта“ (The living daylights) од 1987 година. Таа е позната виолончелистка која е спасена благодарение на инстинктите на Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд12. Кери Лоуел во улога на Пем Буливер во „Дозвола за убиство“ (Licence to kill) од 1989 година – Од оваа девојка Бонд ги добива потребните информации и разоткрива цела дилерска организација.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд13. Наталија Симонова – оваа улога ја има Изабела Скорупко. Таа е руски компјутерски програмер. Наталија му помага на Бонд да ја најде трагата на неговиот непријател во „Златно око“ (Golden eye) од 1995 година.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд14. Фемке Џенсен во улога на Ксенија Онатоп е уште една девојка во „Златно око“ (Golden eye), но не е одраз на женственост, таа ги убива нејзините жртви кршејќи ги со силните колкови.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд15. Веј Лин е улогата на Мишел Јео, одлична Бонд девојка од „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies). Таа е агент од Кина која многу добро знае карате. На почетокот, водејќи иста мисија со Бонд, тие се противници, но на крај се здружуваат за да го уништат Карвер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд16. Парис Карвер – оваа улога ја толкува Тери Хачер, уште една Бонд девојка во „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies) од 1997 година. Оваа Бонд девојка е убиена од страна на нејзиниот сопруг поради аферата со Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд17. Џинкс – Во ова продолжение насловено како „Умри друг ден“ (Die another day), Џинкс е жена-лидер во НАСА чија љубопитност ја доведува до многу неволји, но се разбира Бонд е секогаш тука да ја извлече.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд18. Улогата на Веспер Лунд ја толкува убавата актерка Ева Грин во „Казино Ројал“ (Casino Royale) од 2006 година. Таа крие многу тајни во текот на нејзината мисија со Бонд и преминува од позитивен лик во негативен. Откривајќи ја женската моќ за лаги и интриги, Бонд вели дека после неа нема да верува во ниедна друга жена.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд19. Стробери Филдс чија улога ја има Гемма Артертон, е агент во MI6 чија задача е да го врати Бонд во Ла Паз, Боливија. И покрај тоа што нејзиното име не е нагласено во текот на филмот „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace) од 2008 година, во листата на улоги е наведена како Стробери.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд20. Камил – улогата ја има Олга Куриленко, исто така во продолжението „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace). Таа е член на тајната служба во Боливија, а подоцна се приклучува кон мисијата на Бонд поради сопствени мотиви.Девојките на агентот 007 - Џејмс БондМислите дека Бонд ги заведува сите овие девојки? Или агентот 007 е тој кој паѓа на шармот на убавата жена? Останува да видиме што ќе ни донесат девојките од 23-то продолжение „Скајфал“(Skyfall).rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.