КАФЕ ПАУЗА

Tag: тутун

  • Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

    Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

    Ако не сте пушач и ви смета мирисот на тутун во вашиот дом имаме неколку корисни трикови како веднаш да се ослободите од непријатниот мирис на цигари.rnrnКако веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?rnrnНепријатниот мирис на чад од цигари кој го исполнува вашиот дом и ви предизвика лошо расположение може да го отстраните на целосно природен начин. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да дишете со полни гради. Но, најпрво отворете ги прозорците за добро да проветрите.rn

    Бел вински оцет

    rnБелиот вински оцет е секако еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигари. Подгответе мешавина од бел вински оцет и топла вода, а потоа со крпа избришете ги сите површини. Избришете ги столовите, орманите, полиците и другите делови од мебелот. Исто така може да ги избришете вратите и прозорците. Ако мирисот е премногу силен може да ставите чаша со оцет да стои во собата во текот на ноќта. Доколку не го сакате мирисот на оцет, тогаш помогнете си со следните трикови.rn

    Сода бикарбона

    rnДури и сестраната сода бикарбона може да ве спаси од непријатните мириси. Ставете ја содата во сад и однесете ја во собата каде се пуши. Исто така може да ставите сода по подот од просторијата во која се пушело и да ја оставите да дејствува 24 часа. Потоа едноставно соберете ја со правосмукалка. На овој начин може да се ослободите и од мирисот на цигари на гарнитурата, тепихот или фотелјите.rn

    Заводливиот мирис на цитрусните плодови

    rnБрзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун и со помош на лимон или портокал. Излупете ги, поделете ги на парчиња и распоредете ги во неколку чинии. Ставете ги во просторијата каде се пушело или низ целиот стан, додека не се исушат. Наскоро просторијата ќе се исполни со пријатен мирис.rnrnАко сакате да одите чекор понатаму, истражете ги и овие природни начини за откажување од пушењето цигари.

  • Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

    Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

    Британските експерти предупредуваат дека, наргилето може да биде многу поопасно отколку цигарите. Помеѓу младите луѓе наргилето е особено популарно, меѓутоа Светската здравствена организација предупредува дека една „сеанса“ пушење наргиле може да биде полоша и од 100 испушени цигари.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариСпоред нивното истражување, еден пушач од една цигара во просек вдишува 12 пати, додека во едночасовно пушење наргиле околу 200 пати. Само бидејќи чадот од наргилето мириса многу поубаво од оној на цигарите, не значи дека не ги содржи истите штетни материи. Всушност, наргилето ги содржи истите токсини кои предизвикуваат појава на рак или на некое срцево заболување.rn
    rn

    „Чадот од тутунот содржи голем број канцерогени супстанци кои ги оштетуваат клетките. Само една оштетена клетка може да се подели и размножи неконтролирано, па потоа брзо да доведе до појава на голем тумор. Ова обично се случува при појавата на рак на белите дробови“ – објаснува професорот Роберт Вест, кој ја предводи катедрата за истражување на влијанијата од тутунот на Универзитетот во Лондон.

    rnЕнтузијастите тврдат дека чадот кој проаѓа преку водата е ослободен од многу хемикалии, но сè уште не постојат докази за ваквите тврдења. Исто така, постојат други ризици при пушењето наргиле. Од едно наргиле најчесто пушат повеќе луѓе, при што може да се пренесат и многу други болести, како на пример туберкулоза или хепатитис.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариНаргилето пред многу векови почнало да се користи во Африка, Азија и на Блискиот Исток. Често се продава како сувенир на многу туристички локации, па токму затоа го има насекаде низ светот.rnrnВодата во наргилето го лади чадот и го прави помалку остар, поради што луѓето подлабоко вдишуваат, одошто кога пушат цигара. Исто така, чадот од наргилето е сладок, бидејќи е ароматизиран со некој вкус на овошје, па затоа не го прифаќаме како нешто лошо за здравјето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.