КАФЕ ПАУЗА

Tag: турско

  • Македонците страствено уживаат во кафето

    Македонците страствено уживаат во кафето

    Повеќе од 50% од граѓаните на Македонија во просек уживаат во две шолји пладневно кафе на ден со пријатели и со тоа се шампиони во регионот, покажало истражувањето на „Нескафе долче густо” спроведено од реномираната агенција за истражување на пазарот – ГфК Македонија.Македонците страствено уживаат во кафетоФразата „Aјде на кафе“ означува повик за дружење и начин со некоја блиска личност да поминете дел од своето слободно време. Дека Македонците сакаат да се дружат, тоа е одамна познато, а истражувањето покажало и дека навистина уживаат да пијат кафе.rnrnВо анкетата спроведена на почетокот на годината на 1.000 испитаници, скоро повеќе од 50% од испитаниците изјавиле дека пијат турско или пак инстант кафе, и тоа неколку пати на ден. Истражувањето покажало дека ритуалот на пиење кафе, Македонците го поистоветуваат со дружењето, блискоста и уживањето. Топлите шолји се наоѓаат на масите во дневните соби, канцелариите или пак во кафулињата, и тоа не само поради уживање во вкусот на кафето, туку и за дружење и заради амбиентот.rn.rn

    „Кафето има навистина посебна улога во животот на луѓето. Тоа е пијалак кој споил милиони луѓе ширум светот на нивниот прв состанок… Пијалак кој склучил милиони бизниси во целиот свет, кој им помогнал на многу студенти да ги завршат големите испити, држејќи ги будни и концентрирани… Пијалак со кој е означен официјалниот премин од детството во зрелото доба. Кафе паузата е време за релаксиран муабет со колегите и пријателите со кое се стимулира социјалната интеграција“ – вели социологот Славе Младеновски.

    rnОстанатиот дел од Балканот го загрева лончето претпладне, како прв напиток, додека 2/3 од нашите граѓани се зафаќаат за шолјата и после пладне, а причината за тоа не е да останат будни, туку од задоволство. Овдешните навики на пиење на кафе се разликуваат, не само по времето кога тоа се пие, туку и по неговата температура и начинот на кој е направено. Македонците страствено уживаат во кафетоМакедонците дефинитивно пијат пожешко и појако кафе од српските и хрватските зависници од кафе кои пак повеќе преферираат ладно подготвено кафе. Во Босна и Црна Гора кафето воглавно се пие на работа и во кафуле, додека пак 74% од Македонците пијат кафе и во домашна атмосфера, со пријатели, како симбол на релаксираност и удобност.rnrnДека сме нација која обожава да пие кафе, покажуваат и преполните кафулиња, но и практиката да се „викаат гости на кафе“ и „лаф муабет“. Кога станува збор за купување кафе, за македонските конзументи најважна им е цената и квалитетот, разните вкусови и достапноста, а дури потоа препораката од некој пријател.rnrnВо светот скоро и да не постои возрасно лице кое не пие кафе, со или без млеко, во голема или мала шолја, појако или послабо. Луѓето ширум светот секоја година пијат 400 милијарди шолји, бројки кои покажуваат колку овој напиток станал составен дел од нашето секојдневие.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите оригинално турско кафе?

    Како да направите оригинално турско кафе?

    Tурското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и подготвува за предизвиците кој ги носи денот. Неизбежна е неговата подготовка и послужување кога ќе ви дојдат гости. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.

    rn

    Како да направите оригинално турско кафе

    rnАко одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:rn

      rn011

    • Türk kahvesi Sade – Горко турско кафе
    • rn011

    • Türk kahvesi Orta – Турско кафе со малку шеќер
    • rn011

    • Türk kahvesi Sekerli – Многу благо турско кафе
    • rn

    rnСите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.rnrnЗа да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафето.rn

    Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:

    rn

    Како да направите оригинално турско кафе

    rn1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).rnrn2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.rnrn3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини.rnrn4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.rnrn5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.rnrn6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.rnrnКако да направите оригинално турско кафеrnrnТурското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.rnrnВистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте. Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.