КАФЕ ПАУЗА

Tag: тура

  • 24 часа во Њујорк

    24 часа во Њујорк

    Прошетајте го  прекрасниот Њујорк во нешто помалку од 6 минути. Интересно видео кое ни го доловува начинот на живот, енергијата и разновидноста во овој неверојатен град. rnrn24 часа во ЊујоркrnrnДоколку некогаш планирате да го посетите, ова видео ќе ви направи една кратка тура, за да се запознаете со едно негово деноноќие. Уживајте во прошетката.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подземната река Пуерто Принцеса

    Подземната река Пуерто Принцеса

    Подземната река Пуерто Принцеса е најживописниот дел од истоимениот национален парк на Филипините. Таа тече под планинскиот масив Сент Пол, кој се наоѓа на северниот брег на островот Палаван, пред да се влее во Западното Филипинско Море. Пуерто Принцеса е најдолгата подземна река во Азија, а втора најдолга во светот.rnrnПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаrnrnОваа река, всушност, има две имиња. Горниот тек го носи името Кабајуган, извира од планината Блумфилд и тече надолу по нејзините падини, при што нејзините води се користат главно за наводнување на оризовите ниви. Потоа, во долниот тек, реката исчезнува некаде под планината Сент Пол и повторно се појавува во пештерата на националниот парк Пуерто Принцеса како подземна река, по што и го добива името.rnrnПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаrnrnЕгзотичната убавина составена од карстни карпести формации, кристално чиста вода на која се огледуваат сталактитите и сталагмитите во пештерата, како и ендемичниот животински и растителен свет од Пуерто Принцеса создале туристичка атракција, која што веќе е прогласена за едно од седумте светски чуда на природата. Само осум километри од реката се пловни, но се доволни за на посетителите да им бидат достапни организирани тури со чамец преку коишто можат да уживаат во мистичната околина. Задоволството чини околу 30 евра.rnrnПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто ПринцесаПодземната река Пуерто Принцеса
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.