КАФЕ ПАУЗА

Tag: трпи

  • 5 нешта што Девицата не може да ги поднесе

    5 нешта што Девицата не може да ги поднесе

    Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да живеат среден живот. Постојано ги анализираат луѓето околу себе, а нивното мото е: Три пати мери, еднаш сечи. Големи перфекционисти се и критикувањето им е втора професија. Но, кои се нештата кои припадниците на овој знак толку не ги поднесуваат, што ги излудуваат до срж?rnrn5 нешта што Девицата не може да ги поднесеrn

    1. Граматички грешки

    rnДевиците не поднесуваат граматички, правописни и говорни грешки. Во состојба се да го поправаат и критикуваат соговорникот сѐ додека не го научат правилно да се изразува.rn

    2. Неред

    rnПрипадниците на овој знак се многу педантни и организирани, па поради тоа полудуваат од неред и неорганизираност. Не можат да функционираат во средина во која не е сѐ на свое место. Тие дури и чорапите си ги организираат по боја, а целиот дом им е среден како аптека.rn

    3. Неодговорност

    rnНеодговорните и несериозни луѓе се трн во око на Девиците. Тие сакаат точност и прецизност, а доколку им задоцните 5 минути, ви предлагаме да се наоружате со добри аргументи, инаку кога ќе се појавите, на критикувањето нема да му има крај.rn

    4. Расипништво

    rnЗа Девиците се смета дека се малку стиснати. Но, во суштина тие се само одлучни и знаат да ги распоредуваат парите за трошење. Сакаат да штедат и добри се во тоа. Пред да купат нешто, добро размислуваат дали навистина ќе им биде потребно. Токму поради нивната одговорност при трошењето пари, ги излудуваат луѓето кои купуваат непотребни нешта.rn

    5. Површност

    rnКако перфекционисти се трудат сите задачи да ги извршуваат најдобро што можат, притоа давајќи го максимумот од себе. Кога ќе почнат нешто, не застануваат додека не го завршат. Заради тоа, тешко соработуваат со луѓе кои работите ги завршуваат површно и неуредно.rnrnПрочитајте и за 9-те особини на жените родени во знакот Девица кои нема да ги пронајдете кај никоја друга жена.

  • Животот е прекраток за…

    Животот е прекраток за…

    Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.rnrnrnЖивотот е прекраток за...rnrnЛуѓе кои ви влијаат негативно – Односите со луѓето треба да ви помагаат во животот, а не да ве повредуваат. Поминувајте повеќе време со паметни и фини луѓе.rnrnРаботна средина или кариера која ја мразите – Не се задоволувајте со првата работа со која ќе ја започнете кариерата. Продолжете да трагате. По извесно време сигурно ќе најдете занимање кое ќе го обожавате. Доколку се вложите целосно и ја сакате секоја секунда помината работејќи, тогаш не прекинувајте. Дури тогаш правите нешто големо во животот. Тешката работа, не е напорна кога ја работите со љубов.rnrnВашата негативност – Пазете се од гласот во вас. Сите ние тивко си зборуваме самите на себе во нашите глави, но не секогаш сме свесни што си зборуваме и како тоа ни влијае. Почнете да си ги „слушате“ мислите. Исфрлете ги негативните мисли  и заменете ги со позитивни.rnrnНепотребни недоразбирања – Кажувајте го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно, поставувајте прашања и разјаснувајте си ги нештата додека не ги сфатите целосно.rnrnНеорганизиран живот и работен простор – Исчистете ја средината. Ослободете се од работите кои не ви се потребни.rnrnВашето доцнење – Станувајте 30 минути порано за да не мора да трчате како луди. Тие 30 минути ќе ви помогнат да избегнете многу проблеми.rnrnПритисокот за да се вклопите во толпата – Честопати за да се вклопите во некое друштво глумите нешто што не сте. Избегнувајте ги таквите ситуации. Бидете тоа што сте.rnrnНездраво тело – Вашето здравје е вашиот живот. Не играјте си со него. Јадете правилно, вежбајте и правете редовни докторски контроли.rnrnСтравот од промени – Животот е една голема промена. Секој ден е различен од претходниот. Секој ден е нов почеток и нов крај.rnrnСамо работа, ни момент уживање – Уживајте во животот и забавувајте се додека можете. Доколку сте насмеани, тогаш сигурно правите нешто вистински и како што треба.rnrnНедоволно спиење – Изморениот ум никогаш нема да биде целосно продуктивен.rnrnПравење на истото нешто повторно и повторно – Вие го живеете животот согласно вашите искуства. Колку повеќе искусувате, толку поинтересна станува вашата приказна.rnrnАлчноста – Не дозволувајте алчноста и измамата да бидат дел од вашиот карактер. Алчноста ќе ја изгори дури и најмалата трошка среќа која ја имате.rnrnДолгови – Секогаш живејте едно скалило пониско. Не купувајте работи кои не ви се потребни. Создадете буџет и план за штедење и држете се до него.rnrnНечесност – Чесното живеење создава мир во душата, а тоа е бесценето.rnrnНеверство – Интимните односи се нешто свето, врска која се базира доверба. Ако двата партнера не се чувствуваат исто околу тоа, тогаш не треба да вложуваат во врската.rnrnНебезбеден дом – Доколку не се чувствувате безбедно дома, никогаш нема да се чувствувате безбедно никаде. Изградете прекрасно домаќинство, на безбедно место, за кое ќе бидете горди да го наречете дом.rnrnНеспремност – Животот е непредвидлив. Има голема разлика помеѓу стравот и спремноста. Секогаш бидете подготвени за изненадувања.rnrnПасивност – Или ќе преземате акција и ќе ги користите можностите кои ќе ви се појават на патот или некој друг ќе го стори тоа наместо вас. Не можете нешто да смените или да направите прогрес во животот, доколку само седите и размислувате, а не преземате ништо околу тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.