КАФЕ ПАУЗА

Tag: трки

  • Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

    Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

    Многумина се чудат зошто Формула 1 и останатите категории на авто-мото трки важат за спорт кога возачите само си седат на седиштето и го вртат воланот. Одговорот е дека една Формула 1 трка бара голем физички напор од возачот за да може да ја издржи цела, па затоа тие мораат да бидат физички извонредно спремни и да поседуваат сила и издржливост како да се војници.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1rn

    Многу потење

    rnУправувањето на Формула 1 болид при огромни брзини бара од возачот успешно да контролира повеќе различни физички сили и притисоци кои влијаат на тоа како се движи самиот болид. Покрај тоа, моторот создава голема жештина, која заедно со овие сили предизвикува многу потење кај пилотот. Во некои трки може да се случи тој да изгуби и до 3 килограми од својата тежина само поради исфрлањето течност преку потењето.rn
    rn

    Кардио-васкуларен тренинг

    rnЗа да може да го издржи овој напор, секој возач мора да го користи сиот свој физички потенцијал. Нивниот тренинг се состои од активности како трчање, пливање, возење велосипед или ролање. И одењето во теретана е задолжително за секој од нив. Потребни им се силни раце за да не им побегне воланот додека возат, а нивниот врат и градите треба да ги издржат разните притисоци, кои се особено силни при возењето во свијоците. За нив нема соодветна фитнес опрема која ќе им овозможи соодветно да ги развијат тие делови од телото и затоа користат додатна опрема дизајнирана специјално за нив.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1rn

    Режим на исхрана

    rnКако и сите други спортисти, така и возачите во Ф1 почитуваат строг режим на исхрана кој им овозможува да извадат максимум од своите тела. Постојано внимаваат на тоа колку внесуваат јаглени хидрати, а колку протеини. За време на тркачките викенди во нивната исхрана доминираат јаглехидрати, но и огромни количини вода затоа што потењето може да доведе до дехидрација. Поради тоа во болидот имаат шише со вода од кое пијат преку цевка која се пробива преку нивната кацига во делот кај устата. И секако, и шампањското после трка добро им доаѓа за гасење на жедта.rn
    rn

    На денот на трката

    rnЕден тркачки ден за возачот изгледа отприлика вака:rn

      rn011

    • во 07.30: појадок составен од житарки, млеко и овошје;
    • rn011

    • во 08.00: масажа за будење и загревање на мускулите;
    • rn011

    • во 09.00: возење на сесија за загревање на тркачката патека;
    • rn011

    • во 10.00: ПР активности пред трката;
    • rn011

    • во 11.30: лесен оброк, најчесто тестенини и супа од зеленчук;
    • rn011

    • во 12.00: време за одмор, некои успеваат и да заспијат;
    • rn011

    • во 12.40: масажа за повторно будење на мускулите;
    • rn011

    • во 13.15 : влегување во болидот и подготовки за трката;
    • rn011

    • во 14.00: почеток на трката;
    • rn011

    • по крајот на трката: богат оброк во кој доминираат протеини и витамини, а потоа масажа за обновување на мускулите.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

    Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

    Додека повеќето од нас едвај чекаат да заврши студената зима и да започне пролетта, голем дел од луѓето кои живеат во Холандија се надеваат на уште пониски температури. Веројатно и ние би го посакувале истото, доколку имавме прилика да уживаме во вакви забавни зимски спортови. Бен Физбик е фотограф од Амстердам, кој неодамна ги направил овие прекрасни фотографии, на кои гледаме како Холанѓаните се лизгаат и едрат по мраз, на Gouwzee, залив во северна Холандија.Неверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразrn
    rn

    Фотографот вели: „Холандија е мала земја во која живеат 16 милиони луѓе, но може да се пофали со околу 250.000 натпреварувачи во брзо лизгање по мраз и милиони кои лизгаат само за забава. Интересно е тоа што природниот мраз во Холандија е ретка појава, а некои зими го нема воопшто. Можеби тоа е објаснувањето зошто Холанѓаните толку многу сакаат да лизгаат на природен мраз – ретко кога ја имаат таквата прилика. Но, кога ќе удри студен бран и лавиринтот од канали, реки и езера ќе замрзне, Холанѓаните со задоволство одат на спонтаната зимска прослава на мраз. Бесконечното море од мраз е совршено за лизгање со лизгалки, но покрај ова, Холанѓаните сакаат и едрење по мраз. Ова е спорт кој се состои од трка со пловење на бротчиња и е многу популарен во Холандија. Бродовите на мраз се тркаат со брзина од 100км/ч по мразот на Gouwsea.“

    rnНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мраз
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбогатите животни-спортисти

    Најбогатите животни-спортисти

    Луѓето не се единствените кои преку спортот можат да заработат илјадници, па дури и милиони долари. Постојат и животни кои знаат извонредно да се снајдат на спортските борилишта и да заработат суми на кои можат да им позавидат многу луѓе. Кои се најбогатите животни во одредени спортови наменети за нив и богатството кое им го носат на нивните сопственици?rn
    rn

    Коњски трки

    rnНајбогатиот коњ на светот се вика Паметниот Џонс. Во неколкуте месеци тркачка кариера успеал да заработи неверојатни 7.613.155 американски долари, победувајќи со огромна разлика на најјаките коњски трки во САД, меѓу кои и најпрестижната Кентаки Дерби. Неговата кариера траела кратко поради проблемите со колената, по што неговите сопственици ги продале правата за неговото размножување за цели 20 милиони долари. Дотогаш едно парење со Паметниот Џонс чинело „само“ 150.000 долари.Најбогатите животни-спортистиrn

    Трки со кучиња

    rnИако славата ја стекнал во далечните седумдесетти години на минатиот век, загарот Даунинг сè уште води на листата на кучиња-тркачи со најголема заработка. Еден холивудски промотер успеал да ги убеди медиумите дека со ова куче можат да создадат кучешка верзија на американскиот Супер Боул, при што Даунинг донел заработка од 124.471 американски долари. Кариерата ја завршил поради бројни повреди, по што бил користен за размножување и создавање нови генерации тркачи со неговите гени.Најбогатите животни-спортистиrn

    Изложби на кучиња

    rnКучињата не мора да се убиваат од трчање за да заработат илјадници долари, туку доволно е и само некако да ја одржуваат формата и да продефилираат пред жирито на изложбите за кучиња. Најбогат меѓу нив е Алјаскиот маламут Костело со богатство од преку 80 илјади американски долари, заработени во Флорида во 2006 година откако ги собрал сите можни награди на натпреварувањето.Најбогатите животни-спортистиrn

    Бикови за родео

    rnБодешус е најопасниот, најславниот и најпредизвикувачкиот бик кој некогаш се појавил на родео натпреварите. Максимумот кој еден јавач го истрајал на неговиот грб изнесува само осум секунди, а најголем дел од нив завршиле во болница. Не е позната вкупната сума која ја заработил во текот на кариерата, но неговиот замрзнат семенски материјал е најскапиот во историјата. По неговата смрт од него биле оплодени дури 120 крави за 2.000 долари, а дотогаш едно парење чинело 600 долари.Најбогатите животни-спортистиrn

    Трки со гулаби

    rnДури и гулабите можат да им донесат големи заработки на нивните сопственици. Една трка со гулаби се одвива така што птиците се носат далеку од нивните кафези, а победник е оној кој најбрзо ќе се врати во својот дом. Занимавајќи се со ова, гулабот Фул Хаус заработил 60 илјади долари победувајќи на сите десет трки на кои се натпреварувал.Најбогатите животни-спортисти
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сурфање на бикови во Индија

    Сурфање на бикови во Индија

    На годишниот фестивал „Maramadi“, кој се одржува во селата на Керала во јужна Индија, во време после жетвата, се одвиваат едни чудни трки со бикови. Два бика прицврстени еден со друг со помошна дрвена основа, се затрчуваат по оризово поле во големина на фудбалско игралиште, а „возачите“ се држат за нивните опашки и се лизгаат низ калта.Сурфање на бикови во Индија Полињата се свежо изорани, па водата прска на сите страни, додека низ нив јурат бесните бикови. Набљудувачите на овој настан стојат на безбедна далечина, бидејќи работите можат и да излезат од контрола.Сурфање на бикови во ИндијаЗа овие трки очевидците тврдат дека се многу возбудливи и напнати до самиот крај. Најчесто еден тим го сочинуваат два бика и тројца натпреварувачи. Секоја година учествуваат околу 30 тима, а натпреварот трае од пладне до самрак. За ова натпреварување, учесниците се добро обучени и се сметаат за професионалци, додека биковите се под посебен режим на исхрана. Сурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во ИндијаСурфање на бикови во Индија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Игра на неделата: Бесни трки

    Игра на неделата: Бесни трки

    Оваа луда игра навистина ќе ви го подигне адреналинот и ќе ве возбуди. Брзите трки и интересните патеки по кои се вози, ќе ви претставуваат одлична забава овој викенд.rnИгра на неделата: Бесни тркиСе возат 10 нивоа, составени од главна трка и два предизвика, кои морате да ги поминете за да одите понатаму. На некои нивоа имате избор помеѓу тркачки автомобил и мотор, кои постојано можете да ги надградувате со парите кои ги собирате од трките. Внимателно надградувајте ги двете возила, за да можете да бидете конкурентни во натпреварувањата. Возилата се управуваат на стрелките, а на копчето „Х“ се пушта нитро, кое ќе ви даде дополнителна брзина. Откако ќе го потрошите нитрото треба да почекате да се наполни за да го употребите повторно. За побрзо да се наполни, возете без раце држејќи го копчето „Z“. Уживајте…rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.