Таканори Аиба создава тридимензионална уметност која е комбинација од неговото знаење и искуство како илустратор и архитект. Но, она што ги прави неговите дела толку многу уникатни се деталите кои едноставно ќе ве остават без зборови. Секоја негова скулптура е како минијатурен свет, преполн со живот и приказни. Погледнете ја неговата досегашна колекција и обидете се детално да ја анализирате. Многу брзо ќе забележите дека колку подолго ја набљудувате скулптурата, толку повеќе нови работи ќе ви го примавуваат погледот…rnrn










Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Креациите кај 3Д уличната уметност се всушност дводимензионални цртежи кои создаваат тродимензионална оптичка илузија кога се набљудуваат од одредена перспектива. Ако добро се изработат, тие можат да изгледаат многу реалистично и едноставно да ве остават без здив. Почетоците на оваа уметност датираат уште од Античко време, а за време на ренесансата била значително користена за декорирање на внатрешните ѕидови на луксузните палати.
Во последните десет години заинтересираноста за 3Д уметноста е значително зголемена, не само од страна на артистите, туку и од големите компании кои во оваа уметност гледаат добар начин за рекламирање.













rnrnrn
rnrnНеговите „просторни слики“ изгледаат како холограми. Тие се направени така што, доколку направите еден круг околу инсталацијата, сликата ќе ви се менува од секоја перспектива, зависно од аголот од кој ја гледате.rnrn
rnrnОвие дела во вистинска смисла на зборот ја замаглуваат границата помеѓу сликарството и скулпторството.rnrn





rn