КАФЕ ПАУЗА

Tag: тортура

  • 19 маки на девојките кои мразат и се мрзливи да се шминкаат

    19 маки на девојките кои мразат и се мрзливи да се шминкаат

    Шминката нѐ прави поубави и ни дава самодоверба, но некои девојки едноставно не ја сакаат и/или се премногу мрзеливи да ја нанесуваат. Без разлика што е во прашање, тие секојдневно се соочуваат со овие тортури.rnrn2-19-maki-na-devojkite-koi-mrazat-i-se-mrzlivi-da-se-shminkaat-kafepauza.mkrnrn1. Смртно сте исплашени од туторијалите за шминка. „Еј?! Како им успеа тоа?! Каде им е лицето?! Како успеа да се нашминка за помалку од 5 минути?!“rnrn2. Последниот пат кога се обидовте да направите „зачадени очи“ изгледавте како некој да ве нокаутирал.rnrn3. Понекогаш луѓето ви даваат комплименти бидејќи мислат дека не носите шминка затоа што имате голема самодоверба, а вистината е дека сте премногу мрзеливи да се нашминкате.rnrn4. Кога веќе носите шминка, премногу сте уморни да ја тргнете навечер и утредента се будите како панда во очите.rnrn5. Следниот ден луѓето ќе ви речат „Носиш шминка два дена по ред? Браво!“ и едноставно сакате да уживате во моментот, па немате срце да им ја кажете вистината – дека тоа е шминката од вчера.rnrn6. Што е контурирање? Звучи како метод на мачење од Средновековието.rnrn7. Во вашата глава хидратантната крема се смета за шминка.rnrn8. Премногу сте ѝ љубоморни на Мулан кога ќе ја извади шминката во еден потег. НЕ Е ФЕР! НЕ Е ТОЛКУ ЛЕСНО! ДИЗНИ ВЕ ЛАЖЕШЕ!rnrn0-19-maki-na-devojkite-koi-mrazat-i-se-mrzlivi-da-se-shminkaat-kafepauza.mkrnrn9. Кога носите шминка некои луѓе знаат да ви речат нешто во стилот „Кога сакаш, изгледаш прекрасно“. Би испаднале некултурни ако возвратите со „замолчи“.rnrn10. Одвреме-навреме, во обична продавница ќе пронајдете производ кој ве наведува да помислите дека можеби шминкањето е лесно. Можеби точно таа маскара или туш за очи ќе промени сѐ и ќе ве натера да се шминкате секој ден.rnrn11. Го испробувате тој продукт следните два дена и потоа се откажувате. Не вреди да изгубите половина час сон поради шминкање.rnrn12. Не ви е јасна разликата помеѓу течна пудра, пудра за основа и коректор, а и никогаш нема да ви биде. Вашите пријателки стотина пати се обиделе да ви ја објаснат разликата, но вам вообичаено некаде на половина од објаснувањето ви здосадува и престанувате да слушате.rnrn13. „Многу ќе беше поубава ако редовно носеше шминка“ – кога ќе го слушнете ова ви доаѓа да возвратите „Леле ти благодарам! А ти ќе беше поубав/а да имаше подобар карактер.“rnrn14. Нема апсолутно ништо полошо од тоа кога додека ги триете очите ви текнува дека носите шминка. Кога ќе ви влезе нешто во око, стоите вкочанети и изгледате како да сте на раб од нервен слом зашто знаете дека НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ДОПРЕТЕ ОЧИТЕ.rnrn15. Некогаш луѓето си мислат дека затоа што не носите шминка, вие протестирате против општеството. Вистината е дека шминката си е супер и немате никакви проблеми со општеството. Проблемот се појавува кога луѓето прават да се чувствувате чудно само затоа што не ви се допаѓа да носите шминка.rnrn16. Најчесто кога сами се шминкате, крајниот резултат изгледа како Урсула од „Малечката сирена“.rnrn1-19-maki-na-devojkite-koi-mrazat-i-se-mrzlivi-da-se-shminkaat-kafepauza.mkrnrn17. Карминот, сјајот за усни и сите останати продукти за уста ви се фасцинантни. „Како успева да не избледи?“ „Што ако случајно го изедам?“ „Што да правам кога очајно сакам да јадам чизбургер, но не сакам лепчето да го ‘закачам’ со кармин?!“ Овие прашања премногу често се вртат во вашата глава.rnrn18. Ако некогаш ве шминка професионалец, ќе се обиде да ви објасни што прави и што користи во процесот. Вообичаено тие се љубезни и услужливи и затоа само ќе им се насмевнете и ќе им кимнувате после секој нивен збор. Сепак, во главата си знаете дека никогаш нема да запомните што кажале нити пак ќе успеете тоа да го спроведете на дело.rnrn19. Без разлика што зборуваат луѓето, вештачките трепки се најстрашното нешто кое постои на планетава.

  • 7 навистина чудни музеи во Амстердам

    7 навистина чудни музеи во Амстердам

    Амстердам е синоним за многу нешта, почнувајќи од фасцинантната архитектура и канали, велосипедите како дел од животниот стил на Холанѓаните до слободата и можностите за разуздано уживање коишто ги нуди за своите посетители. Градот во којшто секој може да се пронајде, нуди култура на едно посебно ниво, особено ако се земат в предвид сите 400 музеи распространети низ него.

    rn

    Но, оваа листа не го опфаќа музејот на Ван Гог, ниту домот на Ана Франк или пак Rijksmuseum, како еден од најпопуларните дестинации на туристите, но дефинитивно нуди интересен (по малку бизарен) избор на музеи какви што тешко дека можат да се пронајдат на кое било друго место во светот. На крајот на краиштата, Амстердам е градот на гревовите, а „Red light district“ и холандските „кофишопови“ очигледно не се единствените контроверзни места кои можат таму да се пронајдат.

    7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Вролик Музеј (Museum Vrolik)

    rn

    Тешко дека овој музеј би претставувал пријатна посета за поголем дел од луѓето, освен ако не станува збор за студенти по медицина или едноставно за љубители на колекции од черепи, коски и други делови од човечкото и животинското тело. Музејот бил основан во 1755 година од страна на Жерардус Вролик – еден од најпознатите холандски научници во тоа време и пионер во областа на тератологијата што ја објаснува огромната колекција од абнормални ембриони, черепи и коски. Вролик ја започнал оваа колекција, а денес музејот е во склоп на Универзитетот во Амстердам каде што постојано се „збогатува“.

    7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Музеј на тортурата (Torture Museum)

    rn

    Место посветено на документирање на човечката суровост. Справите се распоредени во мали, темни соби како би се поттикнал морничавиот ефект, каде што дел од нив се заштитени со стакло, но посетителите смеат да ги допираат останатите. Од познатите справи како гилотината до помалку познати примероци, музејот нуди морничава колекција, иако доста од нив се всушност реконструирани од книги и записи, а помал дел се навистина автентични.

    7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Секс музеј (Sex Museum)

    rn

    Сместен блиску до Централната станица на градот, овој музеј привлекува преку 500.000 посетители секоја година. Станува збор за богата и интересна колекција на предмети поврзани со историјата на човечката сексуалност, од уметнички фотографии, фигури на Мата Хари и Мерлин Монро до статуа од Венера на влезот од музејот. Визуелните ефекти од изложените експонати се засилуваат со повремени извици на задоволство некаде во позадина.

    7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Музеј на хашиш, марихуана и коноп (Hash, Marihuana and Hemp Museum)

    rn

    Овој музеј е посветен на канабисот и на неговата историска и модерна употреба за религиозни, медицински и културни цели. Музејот нуди информации и за начините на кои конопот може да се употреби за земјоделски и индустриски цели, па дури постои и продавничка во која посетителите можат да си купат облека или козметички производи направени од конопни влакна.

    rn

    Музејот вклучува и канабис-градина, библија од 1836 година направена од коноп, како и познатото дело на Дејвид Тениерс „Hemp-Smoking Peasants in a Smoke House“.

    7 навистина чудни музеи во Амстердам7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Музеј на тетоважи (Amsterdam Tatoo Muzeum)

    rn

    Отворен во ноември, 2011 година, овој музеј е еден од најновите во Амстердам. Посветен на историјата на тетовирањето и пирсингот, поседува повеќе од 40.000 примероци од целиот свет почнувајќи од игли до фотографии, дизајни, постери и слично. Зад самата колекција стои основачот на музејот Хенк Шифмахер.

    rn

    Поради прегледност предметите се поделени географски, но музејот нуди и дополнителни колекции кои го прикажуваат тетовирањето како дел од разни супкултури (во затвор, војска, во морнарница и сл.) За жал, во моментот музејот се соочува со некои легални проблеми од аспект на сопственост на колекцијата и сè уште не се знае дали повторно ќе заврши во рацете на основачот.

    7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Плакарче за мачки (KattenKabinet)

    rn

    Музеј посветен целосно на прекрасните суштества – мачките! Основан во 1990 година од богатиот Вилијам Мејер во чест на неговата сакана мачка Том, денес музејот поседува завидна колекција во која свое место заземаат дури и дела на Пикасо, Ремрант, Теофил Стејнлен и многу други. Музејот воедно е и дом на 5 прекрасни мачки.

    7 навистина чудни музеи во Амстердамrnrn

    Холандски музеј на погребувањето (Nederlands Uitvaart Museum)

    rn

    Основан во 2007 година, музејот е посветен на холандската традиција на погребување, искажување на почит кон починатите низ историјата, но и во денешната мултикултурна средина. Колекцијата опфаќа некролози, облека за жалење па дури и погребална кочија од деветнаесеттиот век. Опфатени се историските обичаи, од кралски поворки до рурални традиции кои останале непроменети со векови.

    7 навистина чудни музеи во АмстердамrnОчигледно, не за џабе рекле:rn
    rn

    „Амстердам е град на гревовите, но вистината е дека е град на слободата. А во слободата, повеќето луѓе ги пронаоѓаат гревовите.“


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле

    Џиновската рака во пустината Атакама, Чиле

    Издигнувајќи се од песокот на чилеанската пустина Атакама, оваа џиновска рака изгледа како симбол на некоја одамна исчезната нација, но всушност е скулптура на артистот Марио Ираразабал. Таа е позната како „Mano del Desierto“ или „Раката од пустината“, а нејзината цел е таа да претставува тажен чувар покрај Пан-американскиот автопат, потсетувајќи ги патувачите за реалната трагична состојба во која се наоѓа човештвото.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеТаа се наоѓа на надморска височина од 1.100 метри, 75 километри јужно од градот Антрофагаста. Скулптурата била спонзорирана од локалната организација „Corporación Pro Antofagasta“, а била поставена на 28 март 1992 година. Таа сега е многу добро позната туристичка атракција, но исто така и мета на многу вандали и уметници на графити.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеЏиновската рака во пустината Атакама, ЧилеРаката е симбол на емоции на неправда, осаменост, тага и тортура. Висока е импресивни 11 метри, а составена од метална конструкција и бетон.Џиновската рака во пустината Атакама, ЧилеЧилеанскиот скулптор Марио Ираразабал студирал филозофија и уметност на универзитетот „Нотар Дам“ во Индијана и теологија во Рим. Подоцна вежбал со германскиот скулптор Ото Валдемар, а својата прва работа ја изложил во 1970 година.Џиновската рака во пустината Атакама, Чилеrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.