Спиењето може да влијае позитивно врз креативноста и продуктивноста, но може и да им наштети. Дали премногу или премалку спиеме може да се види од резултатите во работата. Томас Едисон и Салвадор Дали користеле техники за релаксација за кои верувале дека ја поттикнуваат креативноста.rnrn
rnrnТехниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме звуците што допираат до нас. Притоа, важно е да не навлеземе во состојба на длабок сон. Дали и Едисон кога се обидувале да се одморат, земале лажица в рака и ја држеле на работ од креветот. Во моментот пред да заспијат, приборот би паднал на подот, па така тие би се разбудиле.rnrnГрупа истражувачи одлучиле да проверат дали техниката е навистина ефикасна. Повеќе од 100 учесници биле поделени во два тима, од кои едниот тим имал време да се одмори, а другиот не. Целта било да се открие дали луѓето биле покреативни и попродуктивни после одмор.rnrnСепак, тешко е да се измери креативноста, па така истражувачите им дале математичка задача на луѓето за која била потребна снаодливост и размислување „надвор од кутијата“ бидејќи решението се криело во прашањето. Од сите испитаници кои немале време за одмор, само 30% ја решиле задачата, додека од оние кои биле на краток одмор дури 83% успешно ја решиле задачата. Според тоа, може да се заклучи дека техниката функционира. Важно е само да не навлеземе во состојба на длабок сон затоа што во тој случај ефектот е послаб.rnrnОткако прочитавте за техниката за одмор што ја користеле Салвадор Дали и Томас Едисон, ви предлагаме да прочитате и за 5-те видови на одмор за обновување на вашата енергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Tag: Томас Едисон
-

Техника за одмор која ја користеле Томас Едисон и Салвадор Дали
-

Луди факти и занимливости
1. Најмладите родители во светот имале 8 и 9 години и живееле во Кина.rnrn2. Најмладиот свештеник имал 11 години.rnrn3. Антарктикот е единствениот континент на кој нема рептили и змии.rnrn4. Орелот може да убие млад елен и да одлета заедно со него.rnrn5. Пропорционално, во однос на тежината, мажите се појаки од коњите.rnrn
rnrn6. Во Исланд се пие најмногу Кока-кола во светот.rnrn7. Првите автомобили „Ford“ имале мотори изработени од „Dodge“rnrn8. Крт може да ископа тунел долг 90 метри во само една ноќ.rnrn9. Кикириките се една од состојките кои ги има во динамитот.rnrn10. Колибрите тежат колку едно пени.rnrn
rnrn11. Со секое лижнување маркица за писмо, внесувате 1/10 калорија.rnrn12. Во просек, секој човек има околу 1.460 соништа годишно.rnrn13. Повеќе од 1.000 птици годишно умираат поради судир во прозорец.rnrn14. Во Исланд е противзаконски да имате куче како миленик.rnrn15. Томас Едисон, пронаоѓачот на сијалицата, се плашел од темнина.rnrn
rnrn16. Делфините спијат со отворени очи.rnrn17. Најстарата гума за џвакање е стара 9.000 години.rnrn18. Ребрата на човекот се движат околу 5 милиони пати годишно, како резултат на дишењето.rnrn19. Во Белата куќа има точно 13.092 ножеви, виљушки и лажици.rnrn20. На Земјата паѓаат вкупно 6.000 громови во една минута.rnrn
rnrn21. Бувовите се единствените птици кои можат да ја препознаат сината боја.rnrn22. Во Бангладеж, децата кои наполниле 15 години можат да завршат во затвор поради препишување на тест.rnrn23. Пингвините се единствените птици кои можат да пливаат, а не можат да летаат.rnrn24. Лилјаците секогаш вртат лево, кога излегуваат од пештера.rnrn25. Во САД има повеќе од 52,6 милиони кучиња.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn