КАФЕ ПАУЗА

Tag: Толстој

  • 18 цитати од големиот писател Лав Толстој

    18 цитати од големиот писател Лав Толстој

    Толстој важи за еден од најголемите романсиери во историјата на светската литература. Неговите идеи биле толку екстремни, а погледот кон светот толку отворен, што во времето на неговата смрт се формирал круг на следбеници кои создавале колонии и го практикувале неговиот начин на живот. Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој голем писател:rnrn18 цитати од големиот писател Лав Толстојrn

    „Нема Бог за оној што не знае како да го носи во себе.“

    rn

    „Ако е: колку глави – толку многу умови, тогаш: колку срца – толку многу љубов.“

    rn

    „Се плашиме само од она што го сакаме.“

    rn

    „Тешко е да се познава Бог, но тоа не значи дека тој не постои, туку тоа е знак на неговото величество и на нашата слабост.“

    rn

    „Честопати слушаме како младите велат: Не сакам да живеам со разумот на другите, сакам да размислувам сам. А, зошто да размислуваме за она што е познато. Земете го тоа што е готово и продолжете понатаму. Тоа е силата на човештвото.“

    rn

    „Дајте му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете.“

    rn

    „Добрината може да одолее на сè, а самата е неодолива.“

    rn

    „Зборувајте само за она што ви е јасно, инаку молчете.“

    rn

    „Личната среќа не е можна надвор од општеството, исто како што животот на растението не е возможен ако се искорени од земја и се фрли на неплоден песок.“

    rn

    „Луѓето се поделени во два вида: едните прво мислат, а потоа зборуваат и дејствуваат, другите прво зборуваат и дејствуваат, па дури потоа мислат.“

    rn

    „Мозокот на невработениот човек е омиленото живеалиште на ѓаволот.“

    rn

    „Не треба да се срамите од каква било работа, дури и од најодвратната; треба да се срамите само од празен живот.“

    rn

    „Никогаш не вознемирувајте друг со тоа што можете да го направите сами.“

    rn

    „Разумот не ме научи ништо; сè што знам ми даде и ми откри моето срце.“

    rn

    „Задоволствата на богатите се создаваат со солзите на сиромашните.“

    rn

    „Човечката злоба секогаш започнува од немоќ.“

    rn

    „Повеќето мажи бараат од своите жени доблести на кои ни тие самите не се придржуваат.“

    rn

    „Сите мисли што имаат големи последици се едноставни.“

    rnПрочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.

  • Најголемите животни лекции од Лав Толстој

    Најголемите животни лекции од Лав Толстој

    Поминаа 150 години откако Лав Толстој го зел перото и хартијата и започнал да го пишува својот епски роман „Војна и мир“. Додека многу луѓе го сметаат за еден од најголемите писатели на 19-тиот век, малку е познато дека Толстој бил и еден од најрадикалните општествени и политички мислители. Во текот на својот долг живот, Толстој постепено ги одбивал уверувањата на својата аристократска околина и го прифатил неконвенционалниот светоглед кој ги шокирал неговите познаници.rnrnНајголемите животни лекции од Лав ТолстојrnrnБарајќи ја сопствената трансформација, тој нуди мудри и изненадувачки лекции за тоа како треба да ја изразуваме уметноста на животот денес. Во продолжение прочитајте како патот на Толстој може да ни помогне повторно да ги разгледаме своите погледи и ставови.rn

    Живејте со отворен ум

    rnЕдно од подрачјата во кое Толстој бил непобедлив, била неговата способност и подготвеност да ги промени своите мислења врз основа на новите искуства. Таа негова вештина започнал да ја негува во 1850-тата година, кога бил војник и се борел во Кримската војна. Тоа страшно искуство го претворило од обичен војник во миротворец. Одлучувачкиот настан се случил во 1857-та година, кога присуствувал на јавната егзекуција со гилотина во Париз. Тоа го уверило дека државата и нејзините закони во суштина, не се само брутални туку и постојат за да ги заштитат интересите на богатите и моќните. На својот пријател му напишал:rn

    „Вистина е дека државата направила завера не само да искористува, туку и да ги расипува своите граѓани… Во иднина никогаш повеќе нема да служам на никаква влада, никаде.“

    rnТолстој прв нѐ поттикнува да се запрашаме за темелните верувања и догми со кои сме одгледани.rn

    Практикувајте сочувствување

    rnТолстој бил еден од најголемите истражувачи на сочувството во 19-тиот век, покажувајќи една необична желба да се поистоветува со луѓето чии животи биле многу поразлични од неговиот. Иако бил помалку привлечен од патернализмот, Толстој уживал во друштвото на селаните и луѓето без моќна репутација и свесно започнал да ја избегнува аристократската елита во градовите. Исто така, основал една експериментална школа за селски деца која се базирала на либетаријанските и егалитаријанските идеи на Русо, каде и самиот подучувал. За разлика од своите многубројни колеги аристократи, кои со своите зборови ја поддржувале солидарноста со селаните, Толстој сметал дека никогаш нема да можете да го разберете селскиот живот ако и самите не го искусите.rn

    Направете разлика

    rnЗа литерат од високата класа, Толстој направил значителен напор да преземе практични мерки за ублажување на туѓите страдања. Неговата преданост на селските луѓе никогаш не била поочигледна отколку во периодот на големата глад. Толстој одлучил да запре да ја пишува „Ана Каренина“ на година дена за да организира помош за гладните. На своите роднини им напишал:rn

    „Не можам да се оттргнам од живите суштества и да губам време замислувајќи ликови.“

    rnНеговото семејство и пријатели мислеле дека полудел кога еден од најдобрите писатели на светот го оставил своето генијално дело на страна. Но, Толстој бил упорен. Тој, заедно со членовите на своето семејство ги поминал следните две години од својот живот собирајќи пари од целиот свет и работејќи во јавна кујна, посветувајќи се на хуманитарната работа, наместо на литературата.rn

    Усовршете ја уметноста на едноставниот живот

    rnНајголемата дарба а, истовремено и најголемото проклетство на Толстој, била неговата зависност од пишувањето за смислата на животот. Тој никогаш не престанал да се прашува зошто и како треба да живееме и која е смислата на целото негово богатство и слава. Во доцните 1870-ти, не можејќи да најде одговор на овие прашања, психички се скршил и бил на работ на самоубиство. Но, откако го проучил германскиот филозоф Шопенхауер, будистичките текстови и Библијата, тој го прифатил револуционерниот состав на христијанството со кој ги отфрлил сите организирани религии, вклучувајќи ја и православната црква со која израснал и се свртил кон духовната и материјалната строгост. Тој го инспирирал создавањето на утописките заедници со едноставен живот каде постоела заедничка сопственост. Овие Толстоеви заедници се прошириле низ целиот свет и го воделе Ганди кога го основал ашрамот во 1910-тата година, нарекувајќи го Толстоева фарма.rn

    Пазете се од противречноста

    rnНовиот, едноставен живот на Толстој не бил без свои проблеми. Освен фактот дека проповедал универзална љубов, тој постојано се карал со својата сопруга, бидејќи апостолот на еднаквоста никогаш не можел во целост да го напушти своето богатство и привилегираниот начин на живот и до својата старост живеел во голема куќа со слуги. Кога размислувал да го дарува својот имот на селаните, неговата сопруга и деца биле многу лути и тој на крајот попуштил. Но, во раните 1890-ти, успеал против нивната волја да ги наговори да се одречат од авторските права на голем дел од неговите книжени дела, и тоа било вистинското богатство за него.rn

    Проширете го својот општествен круг

    rnНајважната поука на Толстој е да го следиме неговиот пример и да признаеме дека најдобриот начин да се преиспита нашата вообразеност и предрасуди и да развиеме нов начин на гледање на светот, е да се опкружиме со луѓе чии ставови и животни стилови се разликуваат од нашите. Во „Воскресение“, Толстој истакнува дека повеќето луѓе, независно дали се богати бизнисмени, моќни политичари или обични крадци, ги прифаќаат своите верувања и начинот на живот и сметаат дека се морални и исправни.rn

    „За да се одржи нивниот поглед на животот, тие луѓе инстинктивно се дружат со личности кои делат слични размислувања и видувања на животот и го пронаоѓаат своето место во него.“

    rnАко сакаме да ги преиспитаме сопствените уверувања и идеали, мораме да го следиме примерот на Толстој, поминувајќи време со луѓето чии вредности и секојдневни искуства се во контраст со нашите. Нашата задача мора да биде да патуваме надвор од познатиот круг.

  • Импресивни цитати на големиот Толстој

    Импресивни цитати на големиот Толстој

    Лав Николаевич Толстој е еден од најпознатите руски писатели. Неговото импозантно творештво изобилува со богата психолошка анализа на ликовите, притоа ставајќи акцент на моралните како и на семејните вредности.rnrnЕден од најголемите умови во историјата на човештвото, брилијантен уметник чии мисли живеат и важат и ден-денес. Ова се дел од најимпресивните цитати на Толстој како и неговите гледишта за животот, уметноста, моралните вредности и вистинските квалитети на човекот.rnrnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrnrn

    „Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

    rn

    „Музиката е стенографија на емоциите.“

    rn

    „Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

    rn

    „Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам.“

    rn

    „Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

    rn

    „Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“

    rn

    „Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

    rn

    „Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“

    rnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrn

    „Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“

    rn

    „Здодевност: желба за желби.“

    rn

    „Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“

    rn

    „Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“

    rn

    „Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“

    rn

    „Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

    rn

    „Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“

    rn

    „Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“

    rnИмпресивни цитати на големиот Толстојrnrn

    „Луѓето живеат не заради грижата за себе туку за љубовта што другите ја чувствуваат за нив.“

    rn

    „Историчарите се како глуви луѓе кои продолжуваат да даваат одговори на прашања кои никој не им ги поставил.“

    rn

    „Да се каже дека некое уметничко дело е добро, но неразбирливо за повеќемина, е исто како да се каже дека одредена храна е многу добра, но повеќето луѓе не можат да ја јадат.“

    rn

    „Изгубивме бидејќи си рековме себеси дека сме изгубиле.“