Основачот на јапонскиот автомобилски гигант Тојота, Сакичи Тојода, во секојдневниот живот го користел правилото „петорка“. Ова правило му помогнало да најде одговори на сите прашања и решенија за многу проблеми.rnrn
rnrnСе работи за ефикасен метод кој ќе ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата, како и да дознаете што криете, што се плашите да си признаете себеси и што всушност сакате. Поставете си себеси 5 „зошто“ прашања и искрено одговорете.rnrnДа речеме дека, на пример, сакате да купите златен прстен… Еве како би се применила стратегијата на петте „зошто“ во овој случај.rnrnЗошто број 1: Зошто сакам да го имам овој прстен?rnОдговор: Затоа што сакам сите пријатели да ми завидуваат.rnrnЗошто број 2: Зошто сакам сите пријатели да ми завидуваат?rnОдговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.rnrnЗошто број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?rnОдговор: Затоа што сум несигурен во себе.rnrnЗошто број 4: Зошто сум несигурен во себе?rnОдговор: Затоа што не се развивам, не напредувам, јас сум обична личност.rnrnЗошто број 5: Зошто не се развивам?rnОдговор: Затоа што се плашам од потешкотии и се плашам да ја напуштам зоната на комфорот.rnrnКаква врска има сето ова со прстенот?rnrnСакичи Тојода нѐ учи дека одговорот на петтото „зошто“ ја крие главната причина, која е тешко да се открие на прв поглед. Тој одговор всушност ви ја отвора сегашноста.rnrnОва е многу ефикасна метода која го открива она што всушност се плашите да си го признаете себеси и она што вистински го сакате. Можете да ја применувате во секојдневниот живот за разни проблеми и дилеми со кои се соочувате, но подеднакво ефикасна примена има и во професионалната сфера за идентификување на пречките во работата, застој во процесите и лоцирање на грешките.rnrnВаквите методи се интересен начин за решавање на проблемите во животот. Погледнете и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321.
Tag: Тојота
-

Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните
-

Супер Тојота за страсните возачи
Тојота е позната по оние обични патнички автомобили кои се полни со одлична технологија, но не и по спортскиот дизајн на своите модели. Она чудовиште од автомобил на следните неколку фотографии сепак е Тојота, но засега само концепт кој не е пуштен во производство. Иако никој не може да го има овој модел, наречен Тојота ФТ-1, може барем да се ужива во сликите од неговиот возбудлив дизајн.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд
По повод 50-годишнината од појавувањето на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ова се најпопуларните автомобили на тајниот агент 007, препознатливи по својата брзина и неверојатните додатоци.
rnБентли Марк 4 во филмот „Од Русија со љубов“ (1963)
rnАвтомобилот Бентли Марк 4 е исто толку легендарен колку и Астон Мартин ДБ 5; тој се појавува во многу романи на Флеминг. Но, за жал, овој автомобил е фиктивен исто како и неговиот сопственик, Џејмс Бонд. Ваков модел на Бентли всушност никогаш не е произведен. Возилото во филмот „Од Русија со љубов“ е кабриолет со кој Шон Конери ќе ја заведе Силвија Тренч.
rnАстон Мартин ДБ 5 во филмот „Голдфингер“ (1964)
rnЕден од најпознатите автомобили на тајниот агент 007, без сомнение е Астон Мартин ДБ 5. Овој уникатен автомобил веднаш стана заштитен знак на серијалот филмови за Џејмс Бонд. Дизајнот на Астон Мартин ДБ 5 вклучува автоматски пушки, стакла отпорни на куршуми, ротирачки регистарски таблички и фамозното седиште за исфрлување.
rnТојота 2000 ГТ во филмот „Само двапати се живее“ (1967)
rnКон крајот на 60-тите години, многумина сметаа дека Тојота 2000 ГТ е само уште еден футуристички автомобил. Но, се покажа дека не е така. Тојота произведе 350 возила од овој модел и секој од овие автомобили поседуваше напредни инженерски техники, тркалезни сопирачки на секое тркало, 6-цилиндричен мотор, видео монитор, безжичен телефон и стерео систем со гласовна контрола – додатоци кои во тоа време не биле стандардни.
rnФорд Мустанг Мак 1 во филмот „Дијамантите се вечни“ (1971)
rnОткако веќе ги покори злобните организатори, Советскиот Сојуз и заводничките, беше само прашање на време кога Џејмс Бонд ќе го освои и американскиот Форд Мустанг. Во една од многуте спектакуларни акробатски сцени, Џејмс Бонд (Шон Конери) го вози Мустангот во една тесна уличка само на две тркала.
rnАМЦ Матадор Купе во филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974)
rnНајдобриот автомобилски трик во серијалот филмови за Џејмс Бонд е дефинитивно автомобилот кој се претвора во авион. Франциско Скарамана и Ник Нек го користат овој автомобил за да ја киднапираат Мери Гуднајт и за да го реализираат планираното бегство. Трансформацијата се случува кога крилјата, опашката и пропелерот биле прикачени на вистинскиот автомобил кој, пак, ја имал функцијата на трупот на авионот.
rnЛотус Есприт во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ (1977)
rnУште една сензационална трансформација на автомобилот на Џејмс Бонд беше претставена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Во моментот кога Бонд (Роџер Мур) излета во Средоземното Море, неговиот автомобил веднаш се претвори во вистинска подморница вооружена со проектили земја–воздух и торпеда. Лотус Есприт беше толку популарен што си обезбеди место и во следниот филм „Само за твоите очи“.
rnЦитроен 2 ЦВ во филмот „Само за твоите очи“ (1981)
rnНеверојатно е како автомобилот на Џејмс Бонд, Цитроен 2 ЦВ, за време на една потера помина низ два автомобила Пежо 504. Тоа што го прави овој автомобил посебен е фактот дека секој дел од оригиналниот Цитроен бил заменет со елементи со високи перформанси, инаку веројатно брзо би се распаднал.
rnРускиот тенк Т – 55 во филмот „Златно око“ (1995)
rnИако официјалниот автомобил на Џејмс Бонд во филмот „Златно око“ е БМВ, рускиот тенк Т-55 со својата тежина од 40 тони, вооружен со 100-милиметарски топ, две автоматски пушки и мотор со 580 коњски сили, го надминува БМВ-то. Со помош на овој тенк, Бонд (Пирс Броснан) поминува преку автомобили, низ згради и пука во воз на патот.
rnБМВ 750 ИЛ во филмот „Утрото никогаш не умира“ (1997)
rnИако во споредба со другите автомобили на Џејмс Бонд, БМВ 750 ИЛ е помалку спортски, но не и помалку спектакуларен автомобил. Тој е опремен со неколку предвидливи подобрувања, како ракетни лансери, засилени гуми и секачи на жици. Едно од позначајните подобрувања беше можноста агентот да управува со возилото користејќи го мобилниот телефон.
rnАстон Мартин В 12 во филмот „Умри друг ден“ (2002)
rnКон крајот на 1990-тите години БМВ беше заштитен знак на Џејмс Бонд сè до 2002 година, кога во филмот „Умри друг ден“ тајниот агент му се врати на британскиот производител Астон Мартин. Моделот Астон Мартин В 12 беше опремен со веќе познатата опрема (седиште за исфрлање, ракетни лансери, митралези, зашилени гуми за возење по мраз, како и со уред кој го прави автомобилот невидлив).
rnАстон Мартин ДБС во филмот „Казино Ројал“ (2006)
rnПочетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик. Во однос на опремата, Астон Мартин ДБС е скромен, поседувајќи само полуавтоматски пиштол со придушувач, медицински комплет и компјутерски линк до МИ6.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Фантастично дизајнирана Тојота која троши многу малку
Иновативните Јапонци смислија начин како да дизајнираат автомобил со атрактивен изглед додека бараат начин како да ја подобрат неговата економичност. Крајниот резултат од нивната потрага е овој преубав концепт Тојота ФТ-Бх.

Оваа Тојота е хибрид кој тежи помалку од 800 кг, а линиите во дизајнот даваат аеродинамички својства кои овозможуваат штедење гориво и електрична енергија. Троши само 2,1 литри на 100 километри, при тоа задржувајќи ја емисијата на штетни гасови на извонредно ниско ниво. Интересно е тоа што во исто време перформансите на автомобилот не се ништо послаби од оние на другите модели на Тојота.

Овој модел засега е само концепт, но кога еден ден ќе биде пуштен во продажба ќе му биде поставена цена која ќе биде достапна за поширока маса на потрошувачи.










rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Секси концепт за новата Тојота
Многупати досега од „Тојота“ нè имаат изненадено со некое од нивните примамливи возила, па така и овој пат тие одлично си ја имаат завршено својата работа. Концептот за новиот модел „Toyota FT-86 II“ е истовремено елегантен, агресивен и секси, а по малку посетува и на „бетмобилот“.
Сè уште во јавноста се немаат прочуено детали за перформансите кои ќе ги поседува ова возило, па сликите се само колку да се одржат љубителите возбудени. Се очекува возилото да биде претставено во текот на 2012 година. 



rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.