КАФЕ ПАУЗА

Tag: тим

  • Дали знаете да работите во тим?

    Дали знаете да работите во тим?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnАко земеме предвид дека ние луѓето првенствено не можеме меѓусебно да се разбереме (ако не се сложувате со ова само погледнете што се случува околу нас и пошироко), а за да функционираат повеќе индивидуи на едно место пред сѐ треба да се разберат, тогаш јасно е дека не е многу лесно да се вклопиме во еден тим. Функцијата на тимот е многу јасна – група луѓе собрани со определени комплементарни вештини за да остварат некоја иста цел, задача или проект. Имаме иста цел, сакаме исти работи, сами тешко може да ги исполниме задачите, а пак, е многу тешко да се здружиме и заеднички да работиме на секојдневните предизвици.rnrndali-znaete-da-rabotite-vo-tim-kafepauza.mkrnrnОд една страна, сите зборуваме дека заедно сме посилни, дека две глави мислат подобро од една, сите зборуваме за тим и тимско работење, одиме по обуки, се дружиме после работа, но од друга страна, често имаме проблем со колегата кој нема да си ја заврши работата, некој ќе го „намести“ другиот, ќе му стави сопка или ќе изневери во најважниот момент.rnrnПроблемот е во тоа што нашите индивидуални особености и карактеристики ги надвладуваат тимските цели и принципи на работење. Со цел подобро да функционираме како тим ние мора свесно и макотрпно да работиме на себе и на сите членови на тимот, како и да ги следиме некои од основните правила и принципи на функционирање во тим.rnrnВо прилог неколку правила и принципи кои мора да ги имате на ум кога формирате или работите во тимови:rnrn1. Цел – Која е вашата индивидуална цел и дали таа е комплементарна со целите на другите, како и целите на колективот (компанијата) во целост?!rnrn2. Улоги во тимот – Секој тим треба да е составен од индивидуалци кои имаат комплементарни вештини и точно определени улоги и задачи. Тоа по „странски“ се вика „Job Description“. Доколку ги немаме дефинирано улогите и задачите, тогаш многу лесно ќе се случи една личност да извршува нечии други задачи, или некоја задача да не се изврши воопшто. Незадоволството е неизбежно.rnrn3. Тим лидер – Секој тим мора да има една личност која ќе го води тимот и ќе ја преземе одговорноста за успехот или неуспехот на тимот. Лидерот мора да ги постави процедурите на работа, будно да го набљудува и следи својот тим, да биде заштитник и мотиватор.rnrn4. Одговорност – Секој индивидуално треба да преземе одговорност за своите постапки. Ако поради која било причина не сакаме да преземаме одговорност, тогаш веројатноста за да ги исполниме нашите индивидуални задачи како и тимските цели, ја сведуваме на минимум.rnrn5. Заедништво – Меѓусебно помагање на сите членови во тимот. Наполеон Хил вели дека најдобро и најбрзо ќе успееме ако им помогнеме на другите да успеат. Исто така се вели дека еден синџир е силен колку што е силна најслабата алка. Ако не ги поддржиме и помогнеме оние кои се послаби од нас, целиот тим губи (и ние самите).rnrn6. Конфликт – Конфликтот е неизбежен дел од функционирањето на еден тим. Но, доколку членовите промовираат отворена комуникација и искрено разговараат за своите проблеми, секогаш ќе може да се најде заедничко решение без притоа некој да прави огромни отстапки.rnrn7. Доверба – За еден тим да функционира беспрекорно, мора да постои доверба помеѓу членовите. Најдобар начин на градење доверба во тим е доколку првично ние сме луѓе од доверба. Отворената комуникација е исто така важен фактор во процесот на градење на доверба во тимот.rnrn8. Активно слушање – За да се разбереме, мора да се слушаме. Слушањето е ментален предизвик и природно тешко ни оди да го спроведеме. За да станеме подобар слушател, основно е да престанеме да зборуваме и да мислиме дека нашето е подобро, попаметно и поважно од она на другиот.rnrn9. Прашања, повратна информација и парафразирање – Употребувајте ги овие алатки со цел да ја подобрите комуникацијата во тимот. На овој начин ќе ги намалиме претпоставките, нејаснотиите и нецелосните информации.rnrn10. Обука – Мора постојано да ги надградуваме нашите знаења и вештини, и да ги имплементираме и тестираме истите во пракса. Само на тој начин може да очекуваме подобрување на нашите индивидуални вештини, но и перформансите на тимот во целина.rnrnГуските летаат во формација „V“ и на тој начин заеднички, подобро му се спротивставуваат на ветерот и достигнуваат далечини дури до 71% поголеми отколку што може една гуска сама. Ако лидерот се замори, веднаш го заменува некоја од гуските, а во случај на замор, поиздржливите ги бодрат послабите со квакање.rnrnДа учиме од природата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Автор: Калин БабушкуrnrnКолку пати досега сте си рекле: Е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: Ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?rnrndali-gi-pravite-rabotite-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnДа направите работи кои најдобро можете да ги направите, не значи дека сте направиле сè за да бидат како што треба. Значи, сте ги истражиле сите опции за да можете да кажете дека сте направиле некоја работа најдобро што може.rnrnСакам да споделам со вас некои мои практични работи кои јас и ние во нашата компанија ги практикуваме за да може да направиме некоја работа најдобро што може:rnrnПрашања – За да може да направите некоја работа најдобро што можете, тогаш треба да си поставите многу прашања (на себеси, пријателите, колегите, фамилијата, итн.) и да стигнете до вистинските одговори. rnrnКреативност – Разбудете ја креативноста во вас и пробајте повеќе начини да го направите тоа што сакате или е побарано од вас на најдобар начин. Си страдаме од рутина, па не дозволуваме креативноста да навлезе во нашите животи при извршување на работите.rnrnТим – Пробајте со тимска работа. Доколку сте во можност, работете во тим затоа што така ќе имате можност за повеќе идеи за извршување на зададената задача.rnrnПланирање – Пред да започнете со работа, имајте повеќе опции пред вас. Секоја опција разработете ја до перфекција и изберете ја најдобрата што вие мислите дека може да е соодветна за таа работа. Споделете ја со вашите колеги/пријатели/фамилија, можеби ќе добиете друга.rnrnФокусираност – Многу е важно за да направите некоја работа најдобро што можете. rnrnПодобрувања – Настојувајте да се подобрувате секој пат. Не се задоволувајте со тоа на што сте. Секогаш стремете се кон повеќе.rnrnИскреност – Бидете искрени кон себе и кон другите. Ако не знаете, признајте си дека не знаете. rnrnЕвалуација – После завршената работа направете евалуација на сработеното (без оглед дали сте дома или на работа) и прашајте се самите себеси: дали е ова најдоброто што можев да го направам?rnrnНо, што и да правите, секогаш имајте го пред вас прашањето: А, зошто да го направам тоа најдобро што можам? Многу е едноставно, затоа што со тоа секој пат сте сè подобри и подобри. Не знаете кои сè промени тоа предизвикува кај вас. Па, само погледнете ги горенаведените точки и ќе видите барем неколку од нив. rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од негативна работна атмосфера до креативност и иновативност во неколку чекори

    Од негативна работна атмосфера до креативност и иновативност во неколку чекори

    Организацискиот дизајн на модерните компании бара од вработените да бидат брзи, ефикасни и ефективни во извршувањето на тековните обврски, а притоа постојано да произлегуваат со нови и креативни предлози. Модерните компании, свесни дека наметнувањето на потребата од креативно размислување и барањето да се биде прв во нешто, не е доволно, бараат нови методи за тоа како да ги инспирираат и мотивираат вработените на вистинскиот начин.rnrnGoogle имаат воспоставено програма со која на вработените им се овозможува 20% од работното време да го „потрошат“ на споредни проекти. Од оваа програма, поради времето и просторот кое што им е овозможено за иновативно размислување без притисоци, Google за возврат од вработените доби еден од своите најдобри производи – Google news.rnrnНекои велат дека креативното размислување е вродена особина и не може да се научи, што најверојатно и не е вистина, но и доколку се согласиме со ова сепак на креативните луѓе во компанијата им треба простор за изразување и иновативност. Советите кои што следат подолу ќе ве насочат како да ја измените атмосферата на работното место и да им овозможите на вработените да бараат иновативност во својата работа.rnrnOd-negativna-rabotna-atmosfera-do-kreativnost-i-inovativnost-vo-nekolku-chekori-www.kafepauza.mkrn

    1. Наградете ја креативноста

    rnДоколку вработените треба да ги насочите да размислуваат „надвор од кутијата“, таквото размислување не треба да биде само поттикнато туку и наградено. Наградата може да биде едноставно и фактот дека сериозно размислувате за предлогот и дека ја земате предвид идејата на вработениот, односно посветувате дел од своето време за да ја разгледате, па дури и да дадете предлози за доразвивање. Вработените ќе мислат дека нивниот труд е бесполезен и дека само си го трошат времето доколку идеите кои ги предлагаат не се земени предвид.rn

    2. Анонимност и доверливост

    rnНекои луѓе немаат проблем да ги искажат своите идеи пред надредените или пак менаџмент-тимот на компанијата, но секако дека голем број вработени не се чувствуваат пријатно при јавно презентирање и токму поради тоа нивната креативност не излегува на површина, а идеите не се реализирани. Кутија за предлози би била одлично решение во овој случај, при што доколку сакаат вработените можат да останат анонимни, а сепак да придонесат со својата иновативност. Од друга страна пак, практиката покажува дека сепак најдобрите идеи произлегуваат од brainstorming-сесии и тимска работа, па токму поради тоа е потребно да се балансира помеѓу јавното и анонимното предлагање на идеи.rn

    3. Иновативни тимови

    rnЕден од најконструктивните начини да се поттикне креативното размислување во една компанија, при што најчесто на тимовите им се дава задача да разработат определен процес или пак да предложат сосема нов начин на извршување некоја активност. Тука треба да се внимава, бидејќи најчесто на иновативните тимови им се поставуваат рокови за исполнување на задачата па од таа причина вработените често ова го сфаќаат како дополнителна обврска, а притисокот предизвикува спротивен ефект, па наместо креативност се соочуваат со страв од неуспех. Најдобрите идеи сепак доаѓаат спонтано и самоиницијативно.rn

    4. Поддршка на креативноста

    rnСтравот од грешки и неуспех е најголемата сопирачка на креативниот процес, при што вработените најчесто се плашат од тоа како ќе биде примена идејата од останатите, особено оние на повисоко ниво. Негативните реакции на идеите кои не ви се допаѓаат или не се изводливи треба да бидат сведени на минимум, односно заменети со конструктивна критика и поттик за понатамошна работа.rn

    5. Позитивна работна атмосфера

    rnТензијата и стресот на работното место можат да доведат до непродуктивност и страв од изразување. Дополнително, се гаси мотивацијата за унапредување во работата и на крајот вработените само чекаат да заврши денот. Оттука произлегува трендот на понапредните компании за team building активности, забавни проекти или заеднички дружења надвор од работното место, кои во крајна линија овозможуваат позитивна и отворена комуникација меѓу вработените.rnrnOd-negativna-rabotna-atmosfera-do-kreativnost-i-inovativnost-vo-nekolku-chekori-www.kafepauza.mkrn

    Бонус идеи:

    rn

      rn011

    • При првото вклучување на компјутерите со почетокот на новиот работен ден, вработените нека ги пречека некој позитивен цитат, хумористична мисла или пак можеби честитка за роденден. На овој начин денот започнува со позитивен набој кој ќе поттикне интеракција и креативност меѓу вработените.
    • rn

    rn

      rn011

    • Барем еднаш годишно овозможете им на вработените да си ги донесат своите деца и внуци со цел да им покажат како го поминуваат работното место. Сликајте го настанот, поставете ги фотографиите на видно место како вашите потрошувачи би имале можност да видат дека купуваат од компанија која ги цени семејните вредности.
    • rn

    rn

      rn011

    • Собирајте ги достигнувањата на компанијата и поединечните успеси на вработените на едно место. Пишувајте за нив, снимајте, документирајте и направете го материјалот достапен за сите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Охрабрете ги директорите на одделните сектори еднаш месечно да направат некој гест којшто ќе ја поттикне позитивната атмосфера, нешто едноставно како купување кафе или на пример крофни за сите, што нема да ја прекине продуктивната работна атмосфера, а сепак ќе остави впечаток.
    • rn

    rn

      rn011

    • Додадете сликичка, честитка за некој претстоен празник или пак мотивирачки цитат на меморандумите кои што ги користи компанијата.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крикет воините од племето Масаи

    Крикет воините од племето Масаи

    Крикетот е еден од најпопуларните спортови во светот иако се игра само во Велика Британија и во најголем дел од земјите каде што ова кралство во минатото извршило влијание. За играчите на крикет е карактеристично тоа што секогаш се добро облечени и изгледаат малку поелегантно од колегите од другите спортови.rnrnКрикет воините од племето МасаиrnrnКрикет тимот на племето Масаи е поинаков. Воините од ова племе во Кенија решиле да ги остават своите копја и стрели и да ги заменат со палки и топчиња, но истовремено го задржале и својот уникатен стил на облекување согласно нивната традиција. Наместо уредната спортска облека, тие носат носии и накит исто како и нивните предци.rnrnКрикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето МасаиrnrnПокрај нивниот некарактеристичен изглед, тимот на воините од Масаи е уникатен и по тоа што нивната цел освен да се забавуваат е и да промовираат здрав животен стил и да ја зголемат свеста за опасноста од ХИВ вирусот и сидата. rnrnВиновник за тоа е Алаја Бауер, биолог-истражувач од Јужна Африка на која многу ѝ недостигала играта за време на работниот ангажман во Кенија. Таа успеала да обезбеди финансиски средства за формирање на тимот, купување опрема и одржување на повремени натпревари, иако Кенија нема организирано првенство во крикет. По нејзина иницијатива, денес членовите на овој тим патуваат по училиштата во сиромашните краеви на Кенија за да ги учат децата на основите на играта, а при тоа им ја објаснуваат и важноста за здравиот животен стил.rnrnКрикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи Крикет воините од племето Масаи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

    ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

    Специјална единица за криминал истражува сериски злосторства насекаде низ границите ширум ЕвропаrnrnТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Главни улоги: Вилијам Фичнер, Доналд Сатерленд, Марк Лавуан, Габриела Песион, Том Влашиха, Мун Дејли, Ричард ФладrnrnЖанр: акција, криминалистика, драмаrnrnКреатор: Едвард Ален БернероrnrnПремиера: 14 јуни 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnСекоја криминална серија опфаќа злосторства од градот или државата во која е сместено дејството на настаните. Но, овој пат станува збор за тим кој се состои од членови на полиција од неколку различни држави. rnrnВодачот на овој тим е мајорот Луи Даниел (Марк Лавуан) од француската полиција. Инспекторката Сиена Прајд (Џеневив О’Рајли) е специјалист за испитување од Скотланд Јард. Истражувачот Себастијан Бергер (Том Влашиха) е гениј за технологија од полицијата во Берлин, Германија. Наредникот Ева Виторија (Габриела Песион) работи во областа на антимафијата и е специјалист за тајни и скриени операции. Детективот Томи Мековел (Ричард Флад) е експерт за оружје и тактика од полицијата во Северна Ирска. Детективката-наредник Ан Мари Сан (Мун Дејли) е криминален аналитичар и специјалист за трговија со луѓе. И тука е и инспекторот Мајкл Дорн (Доналд Сатерленд) кој работи во Интернационалниот суд за криминал.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Како и секоја добра приказна, така и оваа започнува со прекрасна млада жена, полна со живот. Но, за несреќа, оваа приказна започнува и со крајот на животот на таа жена, со нејзиното убиство. Во тоа време Карл Хикмен (Вилијам Фичнер) бил западнат во очајна ситуација. Тој многу пати помислувал и да се откаже, но она што го одржувало во живот биле гневот и морфиумот. Хикмен никогаш не би поверувал дека токму тоа убиство на таа жена која била пронајдена во парк во Париз целосно ќе го промени неговиот живот.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Луи решава да побара помош за овој случај од Карл кој работел за полицијата во Њујорк, но бил отпуштен откако на еден случај добил куршум во десната дланка и ја изгубил способноста за нејзино користење. Со други зборови, по повредата тој веќе не можел да пишува извештаи, ниту пак да држи пиштол и големи се шансите дека ќе биде на тешки лекови до крајот на неговиот живот. Но, сепак тоа не ги загрозило неговите неверојатни способности за дедукција поради кои и Луи го бара за убиствата на девојки во неколку различни држави низ Европа.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Доколку сте љубител на криминални ТВ серии, оваа приказна дефинитивно ќе ве одушеви. Различните карактери од кои се состои тимот се одлично освежување од монотноста која може да се забележи во сериите од овој жанр во последниве неколку години. Ви ветуваме дека нема да се разочарате доколку ѝ дадете шанса на „Поминувајќи граници“.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Зошто е убаво да се има брат или сестра?

    Како да им простат на луѓето кои ги сакаат и како да се изборат за себе, децата учат од нивните постари браќа и сестри. Во разно разните ситуации кои животот им го носи, тие учат како да се справуваат со лутината, грижата на совеста, среќата и тагата – вели американскиот психолог д-р Џејмс Велборн. Во продолжение, прочитајте ги неговите експертски совети за тоа како треба да се воспитуваат децата и кои битни работи можат да ги научат децата од нивните помали или постари браќа и сестри.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат што значи љубовта

    rnБраќата и сестрите можат меѓусебно да се научат што значи да се сака, а што да се биде сакан. Меѓутоа, за децата да сфатат што точно значи љубовта, родителите треба да им покажат дека прегратките и нежноста се составен дел од нивното семејство. На тој начин ќе ги научите децата меѓусебно да се почитуваат и да ги заштитуваат луѓето кои ги сакаат.rn

    Ја учат битноста на тимската работа

    rnДецата не можат да ги одберат нивните браќа или сестри, но сеедно, тие мораат да научат да соработуваат. За да го научат поимот тимска работа, родителите треба да им доделат задачи, кои за да ги завршат успешно, ќе мораат да вложат заеднички труд. Доколку се бунат и протестираат, зададете им уште повеќе задачи. На крајот ќе сфатат дека со заедничка работа, ќе можат многу далеку да дотуркаат во животот, отколку ако се себични – објаснува д-р Велборн.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат како да бидат толерантни

    rnВо текот на детството, постарите браќа и сестри, во глобала имаат тенденција да ги избегнуваат помладите, бидејќи се срамат од нив. Но, иако нивниот помлад брат или сестра им се чини поинаков и неинтересен, родителите уште од мали треба да ги научат на толеранција и да им напоменат дека нема да го трпат тој игнорантски однос. Најлесен начин да го направите тоа, е да го пофалите постарото дете кога ќе го видите како разговара со своето помало братче или сестриче во школо. Дадете му до знаење дека многу ве радува фактот дека тој/таа одвоил време да го види помалото дете и гордо ставете му до знаење дека тоа е една од главните задачи на постарите деца – да се грижат за помладите.rn

    Учат како правилно да се караат

    rnКавгите се сосема вообичаени во текот на детството, но она што е битно за родителите, е да ги научат нивните деца цивилизирано да ги решаваат недоразбирањата. Не смеете да допуштите да се караат многу долго и насилно, бидејќи од една глупава кавга, може да настане вистинска анархија во домот. За да не се случи тоа, приберете ги покрај вас и објаснете им како треба да се носат со новонастанатата ситуација. Откако ќе им го објасните тоа, пуштете ги сами да пробаат да го решат проблемот. Ваквата пракса на советување за цивилизирано решавање на споровите, сигурно ќе им користи и за во иднина, кога ќе пораснат, бидејќи ситните кавги сигурно и тогаш нема да недостигаат.rnrnЗошто е убаво да се има брат или сестра?rn

    Учат да бидат и лидери и следбеници

    rnВо односот помеѓу постарите браќа и сестри, секогаш некој повеќе се наметнува како лидер, додека другиот е следбеник. Меѓутоа, без разлика кој е постар, а кој помлад, вие како родители треба да внимавате таквиот однос да не се претвори во тиранија на постарото дете врз помладото. Одвојте време и објаснете им на вашите деца дека улогите треба да се менуваат, односно дека во некои ситуации едниот од нив може да биде водач, а другиот следбеник, но во следната ситуација, улогите треба да си ги сменат. Ова многу ќе им помогне за во повозрасните години, кога ќе мораат да се соочат со фактот дека некогаш ќе бидат лидери, но некогаш ќе мораат да бидат и покорни следбеници на туѓите наредби.rn

    Учат да се изборат за себе

    rnДецата, во меѓусебниот однос учат како да бидат решителни и да не попуштаат во одредени ситуации, а тоа ќе им помогне подоцна во животот, во оние ситуации кога ќе мораат сами да се борат за себе. Направете една вежба со нив, во која ќе ги терате меѓусебно да си се спротивставуваат еден на друг. Во повеќето односи помеѓу браќата и сестрите, едниот е секогаш пошефовски настроен од другиот, па поради тоа, ќе треба да му укажете на попопустливото дете да научи да рече „не“ и да си држи до своето.rn

    Ја учат вештината на преговарањето

    rnУште едно однесување специфично за децата, е тоа што секогаш го сакаат она што го има нивниот брат/сестра. Наместо да плачат, да го крадат од другото дете и да ви бараат да им го купите истото, научете ги како успешно да преговараат за да го добијат. Така на пример, натерајте ги да склучат договор, дека ако сакаат нешто да позајмат од братот/сестрата, за возврат ќе треба да му/ѝ го местат креветот цела недела. На тој начин, ќе ги научите на многу важната животна лекција, дека ништо во животот не е бесплатно и за сѐ треба чесно да се потрудат за да го добијат, напоменува д-р Велборн.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најслатката оставка на светот

    Најслатката оставка на светот

    Кога давате оставка и покрај тоа што уживате во работата и во работното опкружување, тоа отприлика изгледа вака:Најслатката оставка на светотДа, испишаното на тортата е оставката на Нил Берет од Сан Франциско, а вие имате чест да ја прочитате, но не и да ја вкусите. :)rnrnПочитуван г-дин Боверс,rnrnВо текот на изминатите три години, мојата служба во „Hunters Point Naval Shipyard“ не беше ништо помалку од чиста возбуда, радост и уживање.rnСепак, решив дека треба да поминувам повеќе време со семејството и да им обрнам внимание на здравствените проблеми, кои неодамна ми се појавија.rnГорд сум што бев дел од еден таков извонреден тим, а на компанијата ѝ ги посакувам само најдобрите потфати во иднина.rnВе молам прифатете ја оваа торта како известување дека ја напуштам мојата позиција, на 27-ми март.rnrnСо почит,rn В. Нил БеретrnrnПа, кажете кој не би прифатил ваква оставка?! :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Создадете успешен работен тим

    Создадете успешен работен тим

    Тимската работа е од клучно значење за повеќето работни места. Многу е важно секој поединец на тимот да ги разбира својата цел, функција и надлежности со цел сите заедно да ја завршат работата ефикасно. Според Кејт Вард, автор на книгата „Личен стил на работа“, потребни се четири видови поединци за да се создаде успешен работен тим. Создадете успешен работен тимrn

    Директен поединец

    rnДиректен член на тимот е обично оној кој ги собира сите членови заедно и ја дава структурата на задачата или целта. Оваа личност е одлучна, сака акција, успех и подготвена е да им помогне на другите. Директниот член на тимот може да учествува во конфликт, но тоа е за општо добро. Независноста за него е од клучно значење. Ќе ги слушне сите презентирани идеи и ќе одлучи што е најдобро за остварување на целта. Сепак, оваа личност, исто така, може да биде нетрпелива и нечувствителна кога дава повратни информации. Создадете успешен работен тимrn

    Духовен поединец

    rnДуховен член на тимот е личноста која постојано е полна со енергија и ентузијазам. Неговиот стил на работа се темели на духовните квалитети. Важи за најгласен поборник кој ги мотивира, ги воодушевува и ги инспирира останатите членови на тимот. На тој начин ја задржува позитивната енергија при остварувањето на целта. Од овој член потекнуваат многу необични, но практични идеи за работа. Духовниот поединец има решение за секој проблем. Сепак, овие личности често се расеани и не се водат според зацртаниот план. Создадете успешен работен тимrn

    Внимателен поединец

    rnВнимателниот поединец е оној кој ги држи членовите на тимот заедно и покрај сите подеми и падови. Тој ја одржува хармонијата на тимот и се смета за најдобар слушател. Оваа личност е одговорна за преговарање и договарање со другите личности кои не се дел од тимот. Внимателниот поединец е флексибилен кога се работи за остварување на целта. Но, овој член од тимот може да биде многу колеблив при искажувањето на своите чувства, што понатаму е причина за неговата пасивност. Создадете успешен работен тимrn

    Систематски поединец

    rnСистематскиот член на тимот е оној кој практично ја завршува работата. Оваа личност сака јасно дефинирани задачи за кои веќе е определен рок. Систематскиот поединец е целосно спротивен на духовниот поединец. Овој член не поседува високо ниво на креативност и иновативност, но затоа може да се пофали со совршена усогласеност, прецизност, точност и објективност. Кога е потребно фер и искрено мислење, целиот тим може да смета на систематскиот член. Сепак, на оваа личност поважни ѝ се точните податоци отколку односот меѓу членовите на тимот и лесно може да стане жртва на сопствениот перфекционизам. Создадете успешен работен тимrnrnСледниот пат кога ќе бидете дел од тимска работа, идентификувајте го вашиот личен стил на работење. Така ќе знаете како можете најмногу да придонесете за тимот и за работата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прометеј (Prometheus)

    Прометеј (Prometheus)

    Филм за еден научен тим кој ќе отиде до најтемните делови на универзумот за да проба да го открие почетокот на човештвотоrnrnПрометеј (Prometheus)Режија: Ридли СкотrnrnУлоги: Нуми Рапеис, Мајкл Фесбендер, Шарлиз Терон, Логан Маршал-ГринrnrnВреметраење: 124 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 8 јуни 2012rnrnЖанр: авантура, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    rnНаучен тим во блиска иднина открива необични цртежи во пештера кои укажуваат на посета од вонземјани. Научниците, сметајќи дека се работи за покана, решаваат да тргнат накај планетарниот систем од цртежот со надеж дека ќе дознаат нешто повеќе за човековото настанување. Но, тоа што ќе го најдат таму ќе биде пострашно од сè што си замислувале…



    rn

    rnПриказна: Сè започнува со откривање на несекојдневни цртежи во пештера на кои еден човек покажува накај ѕвезден систем. По кратко истражување, научниците кои работеа на овој проект, откриваат дека тој систем навистина постои, но дека е толку многу далеку од Земјата што не може да се забележи со голо око на ноќното небо. Поради тоа тие претпоставиле дека вонземјани кои нè посетиле пред многу години, ни оставиле покана за посета.Прометеј (Prometheus)Теоријата на Елизабет Шо (Нуми Рапеис) и Чарли Холовеј (Логан Маршал-Грин) е дека овие вонземјани ги создале луѓето. Поради тоа ги нарекле „градители“ и предложиле да се организира мисија до нивната планета. Целта е да ги прашаат зашто нè создале и дали нашиот живот има некаква смисла. Мисијата била одобрена и за неколку години по нивното откритие тие тргнуваат со вселенскиот брод „Прометеј“ накај непознатата планета.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Бидејќи патувањето трае околу 2 години, целиот екипаж меѓу кои се и Шо и Холовеј се во некој вид на хибернација. Со бродот управува робот наречен Дејвид (Мајкл Фесбендер) кој меѓу другото постојано пробува да воспостави комуникација со планетата. Но, тој никогаш не добива одговор. Набрзо тие стигнуваат на својата дестинација и полека се будат од долгиот сон.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Барајќи место за слетување, Холовеј забележува патека за која верува дека не е настаната од природата. Тие се упатуваат натаму и слетуваат пред една голема градба која на прв поглед изгледа сосема природно. Но, многу брзо ќе дознаат дека всушност таа била изградена со страшна намера и под себе крие уште поголема мистерија која може да значи крај за целото човештво.Прометеј (Prometheus)Прометеј (Prometheus)Кога и како да го гледате: Овој филм дефинитивно не е за сечии очи. И покрај тоа што во поголемиот дел има само истражувања на објектите и формите на живот на кои тие ќе налетаат, има и делови кои се проследени со многу насилство, крв и непријатни сцени. Но, доколку сте фанови на филмовите од видот „8-ми патник“ (Alien), тогаш на крајот на овој филм ве очекува големо изненадување кое не смеете да го пропуштите.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животните и фудбалот

    Животните и фудбалот

    Сите ќе се сложите со фактот дека фудбалот е движечката сила кога ќе се спомне спортот. За време на натпреварите од светски рамки, сите се пред телевизорот и бурно ги пратат своите тимови. Стадионите преполни, милион срца бијат само за тие 11 играчи кои целосно се предаваат на играта. Едноставно се живее за овој спорт. Имајќи го предвид сето ова, погледнете како животните би се вклопиле во глобалната слика:)Животните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалотЖивотните и фудбалот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn